Има ли херој со добитен тикет денеска?

За викенд секогаш има најголема понуда од мечеви за играње во обложувалница. Кога се ближат натпреварите од Лигата на шампиони, тогаш саботата е посебно динамична, затоа што најчесто тоа е ден кога играат оние фаворити кои треба да имаат ден повеќе одмор пред мечевите од елитната лига на УЕФА.

Таква сабота беше денеска. Најголем дел од гигантите кои треба да стартуваат во Лигата на шампиони ги играа своите дуели во првенствата. Играа и како да не сакаа да играат, односно како да се чуваа за некој друг ден. Многу изненадувања, многу неочекувани резултати, посебно кога се работи за Топ 5 лигите во Европа.

ЗА ЛИВЕРПУЛ И ЧЕЛЗИ КОБНО БЕШЕ СУДИСКОТО ПРОДОЛЖУВАЊЕ 

Од омилените клубови за играње, прв денеска на мегдан излезе Ливерпул и тоа во дербито против Евертон. Карамелите повеќе од 10 години немаат победа над Ливерпул, па се очекуваше тимот на Јирген Клоп повторно да ги освои трите бода. И добро му тргна на Ливерпул, водеше со 0:1 и со 1:2, но Евертон израмнуваше. Се играше 93 минута, кога Ливерпул даде и трет гол, но по консултација со ВАР системот, судијата го поништи и мечот заврши 2:2.

Ако Ливерпул остана без победа поради ВАР системот, Челзи поради својата очајна одбрана мораше да се задоволи само со бод против Саутемптон. Лондонскиот тим водеше со 2:0 и 3:2, но прими гол во 92 минута и на крајот „зезна за чист кец“.

ЧУДОТО НА РЕАЛ И БАРСА ШТО НЕ Е ВИДЕНО 20 ГОДИНИ

Тоа што започна во Премиер лигата, продолжи во шпанската Примера. Реал Мадрид дома цели 30 години немаше пораз од Кадис, но денеска загуби. Гостите кои беа тотални аутсајдери се радуваа на триумф од 1:0. Шокантен пораз кој речиси никој не можеше да го предвиди.

Сите очекуваа Барселона да го искористи овој кикс на Кралскиот клуб, но се случи спротивното. Каталонскиот гигант на гости кај Хетафе загуби со 1:0. Прв пат по повеќе од 20 години, двата најтрофејни шпански кллубови загубија без да дадат гол во исто коло. 

ЈУВЕНТУС БЕЗ РОНАЛДО Е „ГОЛА ВОДА“

Вечерва за сигурна двојка се сметаше дуелот меѓу Кротоне и Јувентус. Старата дама беше без Кристијано Роналдо, а се покажа колку Португалецот значи во играта на шампионот. Јувентус губеше со 0:1, Мората израмни, но откако Кјеза доби црвен картон, гостите останаа без сила да стигнат до победа, иако имаа и статива и еден поништен гол.

НЕ Е СЕ ТАКА ЦРНО, ПОБЕДИЈА БАЕРН, БОРУСИЈА, СИТИ, ЈУНАЈТЕД, А НАПОЛИ И АТАЛАНТА СЕ ИЗНАДАВАА ГОЛОВИ

Според денешните резултати, најдобро беше да се играат мечевите само од германското првенство. Во Бундеслигата победија сите фаворити и тоа сите на гости. Лајпциг со 2:0 славеше кај Аугзбург, Баер Леверкузен даде еден гол доволно за победа кај Мајнц, а еден гол беше доволно и за победа на Борусија Дортмунд против Хофенхајм. Шампионот Баерн Минхен со 4:1 беше подобар од Арминија Билефелд.

Од Премиер лигата, денот беше одличен за клубовите од Манчестер. Сити минимално со 1:0 го доби дуелот со Арсенал и потврди зошто беше фаворит, додека Јунајтед губеше со 1:0 на гости кај Њукасл, но на крајот славеше со 3:1.

Од оние очекувани резултати е и тоа дека имаше ГГ3+ на дерби мечевите во Серија А. Милан со 2:1 го победи Интер, а  Наполи – Аталанта заврши 4:1. Тука е и победата на Олимпик Марсеј против Бордо со 3:1, како и победата на Атлетико Мадрид на гости кај Селта во Виго.

Дури и денес да не успеавте да направите добитен тикет, никако не смее да се разочарувате. Утре е нов ден, многу нови мечеви и нова шанса за правење добитен тикет.

 

 

- Оглас -

Најнови вести