Истокот ослабен за Ол-стар мечот: Не игра Дурант, го менува Сабонис

Кевин Дурант поради повреда на левата нога нема да настапи на Ол-стар мечот кој е закажан на 7 март. Капитенот на тимот Исток отпадна од комбинација, по што неговото место ќе го пополни Домантас Сабонис, крилниот центар на Индијана пејсерс.

Сепак, местото во стратната петорка ќе му припадне на Џејсон Тејтум, ѕвездата на Бостон селтикс, кој ќе игра на местото од Дурант.

Ваква промена пред неколку дена имаше и во тимот Запад, каде што Ентони Дејвис исто така поради повреда го отстапи местото на Девин Букер од Феникс.

- Оглас -

Најнови вести