Јасна е ситуацијата – Барселона се жалеше за картоните на Де Јонг и на Бускетс, но не и за исклучувањето на Куман

Раководството на Барселона упати жалби за двата жолти картони на Френки де Јонг и на Серхио Бускетс, но не и за исклучувањето на тренерот Роналд Куман на мечот против Кадис.

Куман доби црвен картон и е казнет со два меча, па веројатно веќе ја заврши авантурата во Барселона и ќе биде сменет. Засега се уште е кормилар на Барса и официјално е казнет со два меча и нема да биде на клупата утре против Леванте на „Камп Ноу“ и во дербито со Атлетико Мадрид на „Ванда ;Метрополитано“ на втори октомври.

Куман би требало да ја предводи Барселона за последен пат во среда на 29. септември против Бенфика во Лисабон во меч од Лигата на шампионите.

На дуелот со Кадис исклучен беше и Де Јонг, а шпанскиот гигант се жали на одлуката на судијата Карлос Дел Серо Гранде зџа вториот жолт картон, што значеше и автоматски црвен за холандскиот репрезентативец.

Бускетс исто така доби жолт картон, но и тука Барселона има забелешка бидејќи при спорниот момент на теренот имаше две топки, проблем што требаше да го разреши главниот арбитар на мечот.

Најавено е дека актуелниот селектор на Белгија, Роберто Мартинес ќе биде замената за Куман.

Ако тој не прифати прв кандидат ќе биде Оскар Гарсија, сегашниот тренер на француски Ремс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести