Каратистката Пуликсенија Јовановска ја доби главната награда на премиерното издание на Златната олимпијада во организација на Македонскиот олимписки комитет.
Јовановска настапи на Олимпијадата во Токио, каде што заврши деветтопласирана и со тоа ја доби оваа убава награда на првото издание.
Златна олимпијада отсега, па натаму секоја година ќе се одржува во чест на жените, со цел родова рамноправност на на спортските терени.
Покрај Пуликсенија, признанија добија и Миа Блажевска Еминова (најнадежна млада пливачка), Сара Ристовска (најдобра во екипни спортови), Мери Акиевска (најдобра во индивидуални спортови) и Александра Војневска-Зикова, којашто е прогласена за најдобар тренер.
Воедно, посебно признание за животно дело доби и пливачката Наташа Мешковска.
Додека исто така високи почести добија и жените коишто се занимаваат со спортското новинарство.