Кавани не сака во Интер: Ветив дека ќе останам во ПСЖ

Единсон Кавани ќе ја продолжи авантурата во Пари Сен Жермен и ќе ја почне и седмата сезона во дресот на популарните „светци“, а потврди и со изјава дека нема да го засили Интер.

„Ветив дека ќе останам во ПСЖ и нема да го прекршам зборот. Нема ништо од враќање во Италија“, изјави Кавани.

Уругваецот е долго во Париз, пристигна во Пари Сен Жермен од редовите на Наполи во 2013 година и ако се биде в ред го чека 200-от меч за популарните светци. Досега одигра 184, а постигна импресивни 134 гола за ПСЖ.

Интер беше заинтересиран за ангажман на Кавани, откако не успеа да го доведе Ромелу Лукаку од Манчестер јунјатед. Сепак Кавани нема да игра пак во Италија, а претходно го носеше дресот на Палермо и на Наполи во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести