Ќе се памти: Ливерпул се израдува на највисоката победа на „Олд Трафорд“

Ливерпул ја забележа најубедливата победа на гостувањата кај Манчестер јунајтед, откако на „Олд Трафорд“ победи со 5:0. Овој дуел на двата најтрофејни клуба во Англија посебно ќе се памти, поради срамот кој Манчестер го претрпе, а се најави уште од стартот на мечот.

Кеита погоди за 1:0 по само пет минути игра, а потоа Диго Жота зголеми на 2:0 во 13 минута. Во продолжување на дуелот следуваше шоу на Мохамед Салах. Голгетерот на Ливерпул даде два гола во финишот на првото полувреме за 0:4 по првиот дел.

Салах продолжи и во второто полувреме кога комплетираше хет-трик со погодок во 49 минута за 5:0. Со овие три погодоци, Салах е првиот гостински фудбалер кој постигнал три гола на еден меч на „Олд Трафорд“ по пауза од 18 години. Такво нешто се немаше случено уште од времето кога Бразилецот Роналдо играше за Реал Мадрид, во меч од Лигата на шампиони.

По водството од 5:0, гостите потоа го намалија темпото. Голем ден од навивачите на Манчестер јунајтед неможејќи да го гледаат очајот на своите миленици, го напуштија стадионот уште по постигнување на петиот гол на гостите.

За тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ова беше јубилејна 200-та победа во 331 меч на чело на Ливерпул. Ниту еден тренер на Ливерпул немал побрзо стигнување до 200 победи од Клоп. По овој резултат, ова може да биде и последен меч за Оле Гунар Солскјер како тренер на Манчестер јунајтед, а поддршка за менаџерот на Црвените ѓаволи дадоа фановите на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести