Ќиро: Подобро да не го гледав мечот со Португалија, Ковачиќ не е за во репрезентација

Мирослав Ќиро Блажевиќ и на 85-годишна возраст е интересен за јавноста бидејќи нема влакна на јазикот, секогаш го кажува тоа што го мисли, а имаше што да каже и после убедливиот пораз на Хрватите од 1-4 на гостувањето кај Португалија. Коцкестите пред две години беа финалисти на СП, но синоќа беа очајни.

Блажевиќ кој ја однесе Хрватска до трето место на СП во 1998 година, со име и презиме кажа што мисли за виновниците за резултатот во Порто.

„Го гледав мечот, а подобро да не го гледав. До некаде ова беше и очекувано. Се гледа дека повеќето играчи не се во натпреварувачка форма. Плус тоа, недостасуваа и клучните играчи Модриќ и Ракитиќ. Еден човек посебно ме разочара, а очекував да биде наш клучен играч. Ковачиќ минатата сезона жареше и палеше во Англија, беше најдобар во Челзи, а сега делуваше како непријателски елемент во нашите редови“ – рече Блажевиќ.

Ќиро го брани, но и го критикува селекторот Златко Далиќ.

„Далиќ заслужува поддршка, знам дека да можеше, тој би го бодел Ковачиќ со игла во задникот. За Далиќ имам замерка само што беше слеп и што не виде колку тоа момче игра лошо и дека не е за во репрезентација. Ковачиќ имаше предиспозиции да биде новиот Бобан или Асановиќ, а стана утка и играч на кој не му е местото тука. Разочаран сум од него“ – додаде Блажевиќ.

- Оглас -

Најнови вести