Кога си Луис Суарес, мора да си скап, Ватфорд му бара 50 милиони евра на Атлетико

Атлетико Мадрид е заинтересиран за Луис Суарес, но не за познатиот Уругваец и ас на Барселона, туку за Колумбиецот од Ватфорд, кој сезонава се изнадава голови во дресот на Сарагоса.

Јорганџиите имаат намера да го купат 22-годишниот играч на Ватфорд, кој играше како позајмен во Сегунда во Шпанија и како фудбалер на Сарагоса беше втор стрелец во првенството со 18 гола.

Ватфорд веднаш ѝ одговори на управата на Атлетико со цена од 50 милиони евра, што како отштета треба да се плати за колумбискиот напаѓач.

Англискиот клуб објави дека нема да се ценка, а дека се сериозни во намерата потврди и потегот со кој ги разочараа сите во Сарагоса. Непосредно пред стартот на плејофот за пласман во шпанската Ла Лига, во кој учествуваше и Сарагоса, Ватфорд го повлече Суарес од позајмица и не му дозволи да игра во плејофот.

Потег што беше оценет како нефер од грото фудбалски вљубеници, а потоа Сарагоса не успеа да стигне до финалниот двомеч за пробив во Ла Лига и беше елиминирана од Елче.

- Оглас -

Најнови вести