Коста ќе добие казна како никој претходно во Шпанија

Барселона го победи Атлетико Мадрид со 2:0 и речиси ја обезбеди титулата во Примера дивисион. Луис Суарес и Лионел Меси дадоа голови во последните пет минути од средбата, а со овој триумф аргентинскиот виртуоз постави уште еден нестварен рекорд во Шпанија. 

Сепак, ништо од ова не е толку актуелно, колку што е црвениот картон што го доби Диего Коста во 28 минута. Напаѓачот на Атлетико Мадрид му се внесе во лице на судијата и почна даму збори нешто, а арбитарот веднаш му покажа црвен картон.

Веднаш беа дешифрирани зборовите кои Коста му ги рече на судијата, а откако беше јасно дека се работи за многу гнасни пцовки, се сложија дека црвениот картон е заслужен.

Дури и тренерот на Атлетико, Диего Симеоне рече дека неговиот играч заслужено е избркан од теренот.

По завршување на мечот, судијата Хесус Хис го пријавил Коста и во извештајот, па сега се очекува шестока казна за голгетерот. Дури се шпекулира дека може да биде казнет со осум меча суспензија, што би значело дека за него ќе заврши оваа сезона во Примера, но дури нема да игра и во првото коло од следната сезона.

https://twitter.com/dearatorres/status/1114616254642425861

 

- Оглас -

Најнови вести