Разочарувачки е настапот на Македонија по првите две кола на Светското ракометно првенство во Полска и Шведска, затоа што нашите ракометари не само што уште немаат освоено ниту еден бод и се последни во групата, туку бидејќи поразите беа убедлви со двоцифрена разлика.
И пред почетокот на Мундијалот, реално беше дека Норвешка и Холандија се фаворити во дуелите со Македонија, па затоа потенцирано беше дека нашата шанса ќе биде мечот против Аргентина во третото коло. Ова е ривал против кој досега никогаш немаме играно, а Гаучосите по првите две кола истотака претрпе два убедливи порази со двоцифрена разлика, но сепак, ако се погледнат квотите за дуелот против Македонија, јужноамериканската селекција е во улога на фаворит.
За победа на Аргентина, коефициентот е 1.50, а триумф на Македонија вреди 3.30. Доколку е нерешено, тоа ќе биде знак за радост на Аргентина, затоа што во тој случај двата тима ќе имаат по еден бод, но Македонија има послаба вкупна гол разлика и ќе остане на последното место во групата.
По комплетираното второ коло, Македонија го има вториот наслаб биланс на Мундијалот.