32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Лионел утре нема да игра против Лион

Пари Сен Жермен на утрешното дерби против Лион, нема да смета на услугите на Лионел Меси. Аргентинецот откако доби негативни резултати на тестирањето за коронавирус, дојде во Париз, но уште не тренира со остатокот од екипата, па утре нема да игра.

Нема да играат ни Нејмар, Ди Марија, Дракслер, Данило Переира, Курзава и Донарума, па тренерот Маурисио Покетино ќе има проблем околу составување на екипа за незгодното гостување.

- Оглас -

Најнови вести