Македонија се предаде во вториот дел, Германија прва обезбеди место на Мундијалот (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да направи ново чудо против четирикратниот светски првак Германија и загуби на арената „Тодор Проески“ убедливо со 4:0. Откако на полувреме беше 0:0, Панцерите во вториот дел комплетно го скршија отпорот на избраниците на Благоја Милевски.

Се играше 50-тата минута кога по еден одличен контранапад, Томас Милер несебично го проигра Кај Хаверц, кому му остана полесниот дел и ја погоди празната мрежа. Тој гол може да го видите ТУКА.

И по водството, Германците продолжија да напаѓаат, а тоа резултираше уште со три погодоци во последните 20 минути од мечот. Тимо Вернер погоди двапати, и тоа во 70-тата и 73-тата минута. Најпрво одлично ја искористи асистенцијата на Милер и биеше прецизно, а потоа сам си создаде простор и одлично пласираше за 3:0. Двата погодоци на Вернер може да ги видите ТУКА.  

Во завршницата, односно во 83-тата минута, Џамал Мусијала за првпат се израдува на погодок во националниот дрес на Германија и ги постави конечните 4:0.

Со оваа победа Германија и теоретски го обезбеди првото место во групата и е првата репрезентација, по домаќинот Катар, што обезбеди место на завршницата на Светското првенство кое ќе се игра следната година.

- Оглас -

Најнови вести