Манчестер сити е во опасна гужва, но не сака да игра викендов против Вест хем

Манчестер сити и Вест хем не го прифатија предлогот на Фудбалската асоцијација на Англија да го одиграат одложениот меч во викендот што следи.

Поради ураганот Кјара, кој беснее на Островот, особено во Манчестер и околината, вчера беше одложен дуелот на премиерлигашите што требаше да се игра на „Етихад“.

Предлогот на ФА да се игра во сабота или во недела не е прифатлив ниту за Сити, ниту за Вест хем, па веројатно ќе се бара друг термин.

Ова е особено проблематично за шампионот, кој игра на четири фронта со згуснат распоред на натпревари во Премиер лигата, во ФА купот, Карабао купот и во Лигата на шампионите.

Вест хем нема такви проблеми, но и популарните Чекани не сакаат да играат следниот викенд и го одбија предлогот на ФА.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести