Каква легенда – Никој не му купи дрес, па се пошегува: Се обложувам дека Меси никогаш немал ваков проблем (Видео)

Мартен де Рон објави интересно видео на кое твитна и шега на своја сметка, откако се изначека некој од навивачите на Аталанта да купи дрес во официјалната продавница на клубот.

На крајот, по долго чекање, продавачот му соопшти на играчот на Аталанта дека е време за да се затвори продавницата, а Де Рон немаше кому да му го исполни ветувањето бидејќи никој не дојде да купи дрес.

Де Рон соопштува на почетокот на видеото дека ќе им се потпише на дресовите на првите тројца купувачи, а шегата е симпатична и заврши со пост на одличниот Холанѓанец во Аталанта.

„Се обложувам дека Меси никогаш не бил во ваква ситуација“, напиша Де Рон и го објави видеото.

 

- Оглас -

Најнови вести