Милан играше викторија 45 минути, стигна само до реми против СПАЛ (Видео)

Аутсајдерот СПАЛ конечно успеа да му одолее на гигантот Милан во седмиот меѓусебен меч и за првпат не загуби, а дури беше и на прагот на сензационална победа.

Милан успеа да израмни на 2:2 во самиот финиш на мечот, откако по првото полувреме СПАЛ со головите на Валоти и на Флокари водеше со 2:0.

Домаќините го издржаа притисокот на фаворитот, а долго играа и со фудбалер помалку, но сепак ремизираа против Милан, по шест преходни порази.

Во 13-тата минута Валоти ја искористи лошата реакција на одбраната на гостите и погоди за 1:0, а 17 минути подоцна се случи најубавиот момент на мечот.

Серџо Флокари испали вистинска бомба од 30-тина метри и го изненади Џиџи Донарума, па домаќините поведоа со 2:0. И во финишот на првиот дел останаа со играч помалку. Директен црвен картон доби Д`Алесандро, но ни тоа не му помогна на фаворитот да победи.

Милан имаше апсолутна иницијатива и доминираше во второто полувреме и со головите на Рафаел Леао и автоголот на Викари се спаси од пораз.

Победа на домашен терен забележа Верона, против Парма со 3:2, на меч на кој за гостите прекрасен гол по соло-акција постигна Дејан Кулушевски.

На гостински терен три бода освоија Сасуоло, со победа од 3:1 против Фиорентина, и Сампдорија, која го победи Лече со 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести