Милан негира расизам, што сакаше да му каже Златан на Лукаку со „вудуто“? (Видео)

Од тимот на Милан негираат дека Златан Ибрахимовиќ расистички го навредил Ромелу Лукаку од Интер со коментарот поврзан со „вудуто“, но јасно е дека двајцата имаат нерасчистени сметки од минатото, иако едно време беа и клупски колеги во Манчестер јунајтед.

Во јануари 2018 година Лукаку одби да потпише нов договор со Евертон, а според клубот, причината била некаква „вуду порака“ која ја имал добиено Лукаку во Африка дека треба да замине во Челзи. Лукаку демантираше такво нешто и премина во Манчестер јунајтед.

Откако Ибра и Лукаку за малку ќе влезеа во физички конфликт, почнаа да се навредуваат, Швеѓанецот му кажа на Белгиецот да си продолжи со неговото „вуду ср*ње“ и тоа го извади од такт Лукаку.

Лукаку го покани Ибрахимовиќ да се сретнат надвор од теренот и да се пресметаат, на што постариот фудбалер се смееше и порача: „Важи, викни ја и мајка ти“. Тогаш Белгиецот збесна, а Ибра од далечина му порача „Прави си го твоето вуду ср*ње“.

- Оглас -

Најнови вести