На Орландо му лежи Мексико сити, Харден пак нанижа трипл-дабл

Џејмс Харден повторно блескаше и го забележа вториот трипл-дабл по ред, со 32 поени, 12 скока и 10 асистенции и беше најзаслужен за победата на Хјустон против Мемфис.

Ракетите победија со 105:97 и стасаа до 50-процентен учинок во НБА лигата. Гризлис го загубија и четвртиот од последните пет натпревари.

Орландо се чувствува магично во Мексико сити и се враќа во САД со два победи на двата дуели што ги одигра во соседството. По триумфот проив Чикаго, ноќеска Вучевиќ и соиграчите ја победија и Јута. Црногорскиот репрезентативец повторно беше импресивен и забележа одличен дабл-дабл ефект од 15 поени и 19 скока во триумфот од 96:89. Фурние беше најефикасен со 24 поени, исто колку што постигна и Донован Мичел кај Јута џез.

Трипл-дабл ноќеска прокнижи и Леброн Џејмс и тоа само за три четвртини. Кралот постигна 24 поени, имаше 12 скока и 11 асистенции во победата на Лос Анџелес лејкерс со 128:100 против Шарлот хорнетс. Езерџиите во еден момент имаа предност и од 36 поени разлика, па Леброн не играше ниту една минута во последниот период.

Резултати: Орландо – Јута 96:89, Шарлот – Л.Анџелес лејкерс 100:128, Детроит – Бостон 113:104, Мемфис – Хјустон 97:105, Сан Антонио – Чикаго 93:98, Оклахома – Л. Анџелес клиперс 110:104, Феникс – Минесота 107:99

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести