Не го издржа притисокот од јавноста: Благоја Милевски си поднесе оставка!

Македонската фудбалска репрезентација ќе има нов предводник, откако актуелниот селектор Благоја Милевски си поднесе оставка. Милевски кој дојде на чело на националниот тим на 1 август 2021 година, наследувајќи го Игор Ангеловски, не можеше да го издржи притисокот од јавноста која е незадоволна од резултатите на националниот состав.

Под водство на Милевски, Македонија успеа да ја победи Италија во Палермо и за малку не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар во 2022 година. Сепак, потоа следуваше пад во играта и серија лоши резултати.

Во Лигата на нации Македонија имаше очајни резултати кога освоивме само седум бода од шест меча во дуелите против Грузија, Бугарија и Гибралтар. Потоа, во квалификациите за ЕП 2024 година, Македонија немаше никакви шанси да оди на завршницата на континеталниот собир откако во група со Англија, Италија, Украина и Малта, завршивме на четвртото место со само осум освоени бода од исто толку одиграни средби.

Освен лошите настапи во Лигата на нации и слабите резултати во квалификациите за ЕП 2024, Македонија продолжи лошо и во 2024 година, па во првите две средби во оваа година има пораз од Црна Гора (0:1) и реми со Молдавија (1:1).

Во последните 10 меча кои Македонија ги одигра билансот е само две победи, пет порази и три нерешени, со гол разлика од 12 дадени и 22 примени голови.

Овој текст е по специјален повод, а тоа е 1 АПРИЛ, ДЕНОТ НА ШЕГАТА, што значи дека нема вистина и Милевски останува предводник на македонската фудбалска репрезентација. Колку за потсетување, СпортМанија и лани и пред две години на 1 април имаше по еден ваков текст по повод денот на шегата.

Пред две години ја „испративме“ Македонија на Светското првенство во Катар, а минатата година во Македонија го „пречекавме“ најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.  

Нека е среќен 1 април, денот на шегата

- Оглас -

Најнови вести