s

Некогашната фудбалска икона сега ужива да сече дрва и да вози трактор, а фудбал веќе не гледа

Роберто Баџо е еден од најлегендарните италијански фудбалери во историјата на овој спорт. Своевремено тој настапуваше за Фиорентина, Милан, Јувентус и Интер, а во 1993 година ја освои и Златната топка, но сега воопшто не го интересира фудбалот, барем машкиот.

„Гледам како мои некогашни соиграчи коментираат за денешниот фудбал, а во нивно време не знаеја топка да водат како што треба. Возам трактор, сечам дрва и навечер навистина рано си легнувам, а поради тоа рано и станувам, па затоа сакам да погледам НБА.

Го сакав Шекил О’Нил, но бев голем фан на Коби Брајант, а исто така го обожавам и Леброн Џејмс. Исто така многу сакам да гледам и женски фудбал, бидејќи квалитетот не ми е важен, но на нивните натпревари има страст, додека мажите не ги гледам“, изјави Баџо.

Тој со својата сопруга Андреина Фаби има три деца и заедно водат сопствена фарма.

- Оглас -

Најнови вести