Нема пооригинален начин за мотивација: Хрватите пишуваат дека сте неспособни (Видео)

„Видете ги весниците што се пред мене што пишуваат.. Вие не сте неспособни, можете да направите историја. Дадете 200 отсто од силите“, биле зборовите кои тренерот на Гзира, Џовани Тедеско, за да ги мотивира полуаматерите на тимот од Малта, во неверојатниот пресврт против Хајдук во Сплит.

Гзира го загуби првиот меч на свој терен со 0:2, а потоа на полувремето имаше негатива од 0:1, па во второто полувреме им беа потребни три гола за чудо. Тоа и се случи. Гзира даде три неверојатни гола и успеа да направи пресврт за победа од 3:1, од кои два беа спектакуларни и дело на Хамед Коне и може да ги видите ТУКА.

По завршување на мечот навивачите на Хајдук збеснаа и втрчаа на терен, а гостите се радуваа на историскиот успех. Тренерот на Гзира, вели дека додека не го видел натписот во весникот, бил убеден дека неговиот тим ќе загуби. Сепак, кога го видел текстот во весникот, побарал да му го преведат, а откако заклучил со колку потценување гледаат на неговиот тим, решил да превземе нешто.

„Да бидам искрен, до 16-17 часот без подготвен за нов пораз, но потоа видов еден натпис во хрватските весници. Во него се најавуваше голеада и сигурна победа на Хајдук. Знаете, не е сѐ во фудбалот. Треба да се има и респект. Најавата дека ќе примиме многу голови и дека Хајдук игра против полуаматери беше тоа што ја сврте работата. Им го покажав натписот на играчите и тоа ги мотивираше“, открива Тедеско, чиј тим сега треба да се подготвува за ново чудо во квалификациите од Лигата на Европа.

https://www.instagram.com/p/B0EsxKdovHi/?utm_source=ig_web_copy_link

 

- Оглас -

Најнови вести