Нема шега со Германците, го декласираа Бразил со 13 разлика

Германија ги потврди шампионските амбиции на ракометниот Мундијал и го декласира Бразил со 34:21, за втора победа на шампионатот, што го оргзанизираат заедно со Данска.

Во „Мерцедес Бенц“ арената во Берлин немаше неизвесност, а домаќините го решија победникот уште по првиот дел. Водеа со 15:8 по 30 минути игра, а и потоа продолжија во фуриозно темпо. Со 10 голови ги предводеше одличното крило Уве Генсхајмер. Солидна партија прикажаа и Фат и Вајнхолд со по 4 погодоци.

Бразил на премиерата ги намачи актуелните светски прваци Французите, но „кариоките“ по се изгледа се истрошија на тој меч и останаа без енергија на дуелот со Германија.

Толедо со пет голови беше најефикасен кај поразениот состав, а Бразил е без бодови по тешките дуели со двата фаворити на шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести