Ни крпите не помагаа, футсалците на влажниот паркет паѓаа како да играат на мраз (Видео)

Неверојатни снимки се појавија на хрватските медиуми, на кои се гледа срамот кој се случи на еден натпревар во футсал, одигран во Книн. Иако кровот на салата прокиснуваше и паркетот на повеќе места беше влажен и лизгав, официјалните лица (судиите, делегатот и претставници на двата клуба) проценија дека има услови да се игра мечот.

Сепак, се покажа дека не помогнаа ниту крпите со кои требаше да се впие водата која капеше на неколку места на теренот на кој се играше. Футсалците паѓаа како да се на некое лизгалиште.

На терен беа играчите на второлигашите Киево и Муртер (мечот заврши 2-1 за Киево, ако тоа е воопшто важно), а и едните и другите имаа големи проблеми во салата „Ловро Монти“. Наместо здравјето на играчите, најважно беше да се игра по секоја цена, дури и во вакви лизгачко-ватерполски услови.

Снимки од натпреварот може да видат тука.

- Оглас -

Најнови вести