Нов напад на Ѓоковиќ: Тој мисли дека е Господ, ми личи дека има психички проблеми

Новак Ѓоковиќ има психички проблеми, вели најдобриот италијански тенисер на сите времиња Адријано Паната.

Според него, сегашниот број 1 во светот на тенисот честопати сака да се истакнува, а Паната вели дека Новак изигрува Господ.

„Тој мисли дека е Господ, а јас мислам дека има и психички проблеми“, изјави Паната за италијанските медиуми.

Паната не крие дека е фан на Роџер Федерер и можно е и тука да се крие причината за неочекуваниот атак на Ѓоковиќ.

„Не ме интересира статистиката и дали е таа на страната на Ѓоковиќ. Јас ја гледам пошироката слика. Стилот на игра и на однесување, влијанието во развојот на тениската игра и многу други параметри го прават Роџер Федерер најдобар во светот на тенисот. Федерер е број еден и за мене, тука нема никакви дилеми“, вели Паната.

Паната има 69 години и е поранешен победник на Ролан Гарос. Го освои францускиот гренслем во 1976 година и е единствениот тенисер што успеал да го победи легендарниот Бјорн Борг на земјените терени на Ролан Гарос.

 

 

- Оглас -

Најнови вести