Нов очаен меч на голманот и повторно голем кикс: Онана продолжува да се срамоти во Манчестер јунајтед (Видео)

Манчестер јунајтед им приреди ново разочарување на своите навивачи на „Олд Трафорд“, откако со 2:3 загуби од Галатасарај во второто коло од Лигата на шампионите. Црвените ѓаволи се последни на табелата без ниту еден освоен бод, а еден од главните виновници за новиот неуспех е голманот Андре Онана.

Голманот кој летово дојде во Манчестер јунајтед за трансфер од 52 милиони евра, речиси и да нема натпревар на кој не прави очајни грешки. Англискиот гигант загуби на шест од последните девет натпревари во кои Онана прими дури 18 гола (два погодоци во просек на средба).

На синоќешниот дуел против Галатасарај, Онана се посрамоти во 75-тата минута, кога при резултат 2:2 очајно ја додаде топката до противничкиот играч, па едноставно го натера Касемиро да прави фаул за пенал, што значеше и црвен картон за Бразилецот.

Пеналот беше промашен (Икарди промаши цел гол), но Манчестер откако остана без Каземиро на теренот, даде дополнителна сила за Галатасарај, па турскиот тим со играч повеќе набрзо ја искористи бројчаната предност и стигна до победа од 3:2.

Онана сезонава уште во дебито прими гол од половина терен, потоа правеше катастрофални грешки и на други натпревари, а еднаш дури и јавно се извини дека тој е виновен за пораз на неговиот тим.

- Оглас -

Најнови вести