Нов пресврт во Италија, стана навика тимовите кои водат на полувреме да губат на крајот (Видео)

Аталанта со пресврт дојде до победа од 2-1 на гостувањето кај Парма. Во италијанската Серија А во последно време зачестија победи на тимови кои губеле на полувреме, а тоа се случи и вечерва, на последниот меч за Дејан Кулушевски како домашен играч на стадионот „Енио Тардини“.

Македонскиот Швеѓанец даде гол во 43-тата минута за водство на Парма, но не се радуваше почитувајќи ја Аталанта, чиј член беше до трансферот во Јувентус, за кого ќе игра во следната сезона. Кулушевски е првиот странски играч до 21 година по Мауро Икарди и Ерик Ламела од 2013 година кој дал двоцифрен број на голови во една сезона во италијанската лига.

Гостите од Бергамо привремено избија на второ место, а пресвртот го направија Малиновски (со пет гола од далечина е најдобар во топ-5 лигите во 2020 година) и Гомес (ова му е прв гол, по оној во јануари, кога исто така погоди против Парма) со убави голови, со шутеви од далечина. Аталанта ако даде два гола во последното коло, ќе стигне до бројка од 100 погодоци сезонава.

Ова е голот на Кулушевски:

- Оглас -

Најнови вести