Нова понуда од Барса за Нејмар, сега е вклучен Ракитиќ

Сапунската опера околу Нејмар се разгорува и влезе во нова фаза. Откако ПСЖ ја одби понудата на Барселона, а таа беше 40 милиони евра во кеш, плус Филипе Кутињо и Усман Дембеле, сега Каталонците го предложиле истото, со тоа што на местото на Дембеле е Иван Ракитиќ.

Но, Светците од Париз и оваа понуда експресно ја одбиле. Спортскиот директор на клубот, Леонардо, објави дека во ПСЖ нема да прифатат помала понуда од 300 милиони евра.

Можеби Кутињо плус Ракитиќ и 40 милиони е понуда вредна над таа што ја бараат парижаните, но тие сакаат пари и потоа парите би ги трошеле да купат замена за Нејмар која тие ја сакаат, а не што им се подбутнува.

Каталонците не сакаат да дадат повеќе од 50 милиони евра за Нејмар и ќе ги остават парижаните сами да излезат на крај со ѕвездата која веќе не сака да игра „Паркот на принцовите“ и неговото останување би ја нарушило атмосферата во тимот на тренерот Томас Тухел.

 

- Оглас -

Најнови вести