2.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025
Дома Blog Страница 10028

Во Европа има 11 екипи кои сезонава знаат само за победи

Низ Европа има 11 тима кои сезонава во домашните првенства знаат само за победи и засега имаат максимален број бодови.

Најдобар е Ред Бул Салцбург, кој во австриското првенство има максимални 30 бода, со 10 победи по првите десет кола. Потоа следува Пари Сен Жермен, кој во Франција има 9 победи на исто толку средби, а третото место го делат Јувентус и ПСВ Ајндховен со по осум триумфи.

И во послабите национални првенства има клубови кои се доминантни. Еден од нов е АЕЛ Лимасол, кој во кипарскиот шампионат има пет меча и пет победи. Дресот на АЕЛ го носат Македонците Иван Тричковски и Даниел Мојсов.

И Аполон е непоразен во Кипар, но има четири одиграни мечеви. ПАОК во Грција има 6/6, Линколн во Гибралтар има 4/4. За пораз или нерешено, засега не знаат ниту три клуба од една мала земја, а кои одиграле по три меча сезонава. Станува збор за Тре Фиoри, Фолгоре и Пенароса од Сан Марино.

 

Џиџи Буфон би бранел уште десет години

Трансферот на Џанлуиџи Буфон од Јувентус во Пари Сен Жермен беше со цел ветеранот да го одложи своето пензионирање, а сега има намера да брани уште долго. Иако има 40 години, Буфон не покажува знаци на стареење, уште е во добра форма, па оптимист е дека ќе може кариерата да ја продолжи за уште цели десетина години.

По 17 години во Јувентус, освојувачот на СП од 2006 година со Италија реши да прифати нов предизвик во кариерата и да се пресели со ПСЖ, чиј богат газда не жали пари за да направи тим кој ќе владее во Европа.

„Во последните години научив дека е погрешно да се поставуваат лимити. На 32 години мислев дека ќе бранам до 35, а потоа околностите диктираа да продолжам и понатаму. Тогаш си реков ќе завршам на 38 години, а кога наполнив 38, си реков да продолжам до 40. Можам да се пензионирам по шест месеци, по една година или по 10 години, веќе не ми е важно кога ќе биде тоа, не сакам да знам“, изјави Буфон, кој има договор на една сезона, со можност за продолжување до летото 2020.

Дижон го надминува антирекордот на Реал

Најголемата „суша“ во нападот на Реал Мадрид од 1985 година наваму привлече внимание во европската јавност, а малкумина знаат дека во топ 5 лигите во Европа има еден тим кој уште подолго време не дал гол.

Иако споредбата не е соодветна, бидејќи Реал е актуелен европски клуб и во составот има многу скапо платени играчи за кои е голема срамота што четири меча по ред не постигнале гол, сепак, клубот Дижон (моментно 16-ти во француската лига) е „подобар“ од „кралевите“ во непостигнување голови.

Дижон за последен пат постигна гол на 15-ти септември, кога загуби дома со 1-3 од Анже. Потоа следуваа дуелите со Ремс, Лион, Стразбур и Амиен, на кои Дижонците не постигнаа гол.

Тие имаат период од 437 минути без постигнат гол, додека Реал е на 409 минути. Реал последниот гол го даде на 22-ри септември, а ако се знае дека наредниот меч го игра на 20-ти октомври, „белите“ од Мадрид може да имаат и цел месец без постигнат погодок.

За ќотекот кој го доби, Мекгрегор сега има суспензија и од УФЦ

Конор Мекгрегор ја загуби борбата на деценијата против Хабиб Нурмагомедов, а сега доби и суспензија од УФЦ. Ирецот делуваше инфериорно на борилиштето и на крајот, мораше да се предаде во четвртата рунда. По мечот, двајцата борци се тепаа со членови на противничкиот табор и сите се во исчекување на казните кои треба да ги добијат.

Сепак, пред тоа УФЦ реши дека од медицински причини е потребно да го суспендира Мекгрегор на еден месец, поради повредите кои ги здобил за време на мечот со Нурмагомедов. Овој период треба да е доволен за Ирецот целосно да закрепне, а потоа, секако, ќе може да се врати во рингот.

Оваа суспензија на Конор не му значи апсолутно ништо, бидејќи неговиот актуелен договор со УФЦ му е до 28-ми октомври, а во тој период нема закажано никаква борба.

 

Јуриќ е нов тренер на Пандев во Џенова

Хрватот Иван Јуриќ се враќа на клупата на Џенова. Досегашниот тренер Давиде Балардини беше разрешен од функцијата и ова е втора смена на тренер во текот на денот, откако претходно и Киево се реши на ваков потег и го промени шефот на стручниот штаб.

Член на Џенова е Горан Пандев. Македонскиот репрезентативен капитен е во Скопје, на подготовки со националниот тим, а по враќањето во Италија, ќе го чека старо-нов тренер.

Популарните „Грифони“ имаат само 12 бода во 7 кола, па претседателот Енрико Прециози процени дека треба да го смени тренерот. Јуриќ ја водеше Џенова, а беше избркан откако во минатата сезона тимот го загуби градското дерби со Сампдорија. Дебито на Јуриќ како повратнинк на клупата ќе биде најтешкото можно – против првакот Јувентус, кој сезонава реди само победи.

Никој никогаш не го газел ривалот како Новак против Шарди

Со сигурната победа над Жереми Шарди во второто коло на Мастерсот во Шангај, Новак Ѓоковиќ постави еден личен рекорд. Српскиот тенисер има серија од 28 освоени сетови по ред во меѓусебните дуели со Французинот Шарди.

Овие двајца, првиот меѓусебен дуел го имаа на Отвореното првенство на Австралија во 2009 година и еве девет години Шарди не може да му земе ниту сет на Ноле.

Ѓоковиќ денеска триумфираше со 6-3, 7-5, на теренот помина малку повеќе од 80 минути и го оствари 12-тиот триумф во 12 пресметки со Шарди. Но, интересно е што Ноле не губи ниту сетови против овој ривал, па сега има низа од 28 освоени сетови по ред, што е најмногу за некој тенисер против кој било противник во историјата на „белиот спорт“.

Од 2010 наваму, Ѓоковиќ имал 65 меча и само два порази против француските тенисери на АТП-турнирите. Во наредната рунда во Шангај, Ѓоковиќ ќе игра со Марко Чекинато или Хјaн Чaнг.

Меси најмногу пател во репрезентацијата на Аргентина

Поранешниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли, реши да ги каже своите импресии од Светското првенство во Русија. Сампаоли ги предводеше „гаучосите“ до осминафиналето на Мундијалот, што претставува разочарување.

„Беше неверојатно искуство да се тренира Лионел Меси. Бев изненаден кога видов колку е тој фокусиран на тренинзите и колку е мотивиран. Меси многу пати кога ќе загуби неговата репрезентација. Никој не пати во репрезентацијата како Лионел Меси. Кога го имате најдобриот во светот, тоа е притисок дека мора да сте најдобри, а остатокот од екипата да биде на негово ниво“, вели Сампаоли.

Стратегот додава дека „гаучосите“ имаат потенцијал за да ја остварат големата желба – да бидат светски прваци.

„Мислам дека Аргентина може да биде светски првак во 2022 година, но тоа е долг процес“, потенцираше Сампаоли.

 

Го имаме новиот Чави: Хируршки прецизна асистенција преку девет играчи (видео)

Не е сѐ до головите, има убавина и во додавањата кои ги прават погодоците да изгледаат прекрасно. Деветнаесетгодишниот фудбалер на Сион, Бастиен Тома, викендов креираше гол со сензационално додавање. Тома очигледно гледал многу видеоснимки и учел од Чави, па против Ксамакс изведе асистенција преку девет противнички играчи, и тоа без да види каде е неговиот соиграч.

По неговото одлично проигрување, неговиот колега Лењани имаше лесна задача да ја смести топката во голот.

Фудбалери на Зенит и Краснодар нападнале руски функционер, им се заканува затворска казна (видео)

Напаѓачот на Зенит, Александр Кокорин, доби отказ од клубот по скандалот кој го направи во еден ресторан напаѓајќи руски функционер од Министерството за трговија. На фудбалерот сега му се заканува затворска казна од пет години, а во скандалот е вклучен и фудбалер на Краснодар, Павел Мамаев, кој ќе го снајде истата судбина како и неговиот колега од репрезентацијата, отказ од клубот и затворска казна.

Имено, тие го нападнале Денис Пак, кој ги замолил да се смират бидејќи тие биле прегласни во локалот, но наместо тоа, тие физички го нападнале употребувајќи и столица. Присутните во локалот упорно се обидувале да ја смират ситуацијата, но Кокорин бил решен да ја преземе одговорноста во свои раце.

Надлежни лица веднаш пристигнале на местото на настанот, а според информациите, и двајцата фудбалери биле под дејство на алкохол, што дополнително ќе придонесе во одлуката на каков начин ќе се казнат Кокорин и Мамаев.

https://www.youtube.com/watch?v=7j7dV3aK0B8

Киево го отпушти Д‘Ана, на негово место доаѓа поранешен селектор на Италија

Киево официјално ја прекина соработката со тренерот Лоренцо Д‘Ана, по катастрофалниот старт на сезоната во Серија А. Поранешниот селекторот на „аѕурите“,  Џампјеро Вентура, по сите изгледи, ќе ја преземе функцијата тренер на првиот тимот.

„Летечките магариња“ сезонава сѐ уште немаат остварено победа во италијанскиот шампионат, исто како и Фрозиноне, и натаму имаат -1 бод откако им беа одземени три бода на почетокот од сезоната поради финансиски нерегуларности.

Вентура прифатил да биде тренер до крајот на сезоната, а во зависност од исходот на неговата работа, ќе се одлучи дали ќе потпише и повеќегодишен договор со калчолигашот, најавуваат италијанските медиуми.