Дома Blog Страница 10533

Клоп: Арсенал сигурно нема да излезе со „бело знаме“

Ливерпул ја игра сезонава од соништата во Премиер лигата. На точно половина од трката за титулата во англиското првенство, гигантот од „Енфилд Роуд“ освои најмногу поени (51), додека второпласираниот Тотенхем заостанува шест вода. Тоа што е уште поимпресивно, Ливерпул во досегашните 19 меча се израдува на 16 дуели, а само три пати ремизираше, без да биде поразен ниту еднаш.

Домаќините се серија од осум победи по ред во Премиер лигата, а интересно е дека последен пат не ги освоиле трите бода, токму од дуел против Арсенал. Мечот одигран во Лондон, пред помалку од два месеци, заврши 1:1. Вечерва, Ливерпул е домаќин на „топчиите“ и голем фаворит за освојување на трите бода. Сепак, тренерот Лирген Клоп е претпазлив.

„Играчите на Арсенал сигурно нема да излезат на теренот со бело знаме и да речат дека немаат шанси. Ќе биде многу тежок меч, бидејќи се работи за квалитетен противник. Најважно е ние да бидеме фокусирани на нашата игра. Арсенал има многу опасен контра напад и тука мора да бидеме многу внимателни“, рече Клоп.

Ливерпул нема титула во Англија од 1990 година, а навивачите веруваат дека ова е сезоната која ќе биде историска за нив. Ова се можните состави на двата тима за дуелот на „Енфилд Роуд“.

 

Дончиќ му се налути на тренерот Карлајл (Видео)

Лука Дончиќ стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој постигнал седум тројки на еден натпревар, имаше личен рекорд од 34 поени, но тоа не беше доволно за да ја добие довербата да одлучува во последните секунди на дуелот со Њу Орлеанс пеликанс.

На 4 секунди до крајот, при 114-112 за Пеликанс, Маверикс имаше топка од страна, и шанса со два поени да изедначи и да се избори за продолжение, или со тројка да победи. Убедливо најрасположен играч кај „дивите телиња“ беше Словенецот, но тренерот Рик Карлајл, на тајм-аутот нацрта акција која требаше да ја заврши Денис Смит џуниор, бидејќи знаеше оти противникот ќе биде фокусиран кон Дончиќ, па сакаше да ги изненади. Смит не даде кош, а реакцијата на Дончиќ кој беше далеку од кошот, кажува многу.

Погледнете:

Емери објасни зошто го отпиша Салах

Унаи Емери во периодот кога го водеше Пари Сен Жермен, имал прилика да го ангажира Мохамед Салах, но сепак реши да не го доведе во својот тим. Судбината ги спои, па денеска Емери ќе се сретне со Египќанецот, кога Арсенал ќе гостува кај Ливерпул.

Салах беше најефикасен играч во Премиерлигата во минатата сезона, и парите кои Ливерпул ѝ ги плати на Рома (46 милиони евра), сега делуваат малку, и трансферот се исплатеше. Но, пред да замине на „Енфилд“, Салах можел да се пресели со Париз. Тоа не се случи, затоа што кај Емери имало одредени сомнежи.

„Со ПСЖ разговаравме да го донесеме Салах од Рома, но имавме одредени сомнежи околу него, па тој потоа во јуни 2017 прејде во Ливерпул. Тие сомнежи беа пречка. Сега ако зборуваме за пет најдобри играчи на светот, еден од нив е Салах. Ако го земевме, ќе земевме топ играч. Какви беа сомнежите? Сега тој може да игра квалитетно и во голем клуб“ – изјави Емери.

За денешниот меч со Ливерпул, Емери нема да смета на Германецот Месут Озил. На „Боксинг деј“, против Брајтон, Озил играше 45 минути, а за вечерва го нема ниту на пријавната листа.

Лејкерс без Џејмс, немоќен во градското дерби

Лу Вилијамс со 36 поени, што е негов сезонски рекорд, беше предводник на Лос Анџелес клиперс во победата над ЛА Лејкерс во НБА лигата. Кај „езерџиите“ ги немаше Леброн Џејмс, Реџон Рондо и Џавал Мекги, па тоа ја олесни работата на Клиперс да дојде до 22-ра победа во последните 25 меѓусебни дуели со клубот со кој го делат „Стејплс центарот“.

Ентони Дејвис со свој сезонски рекорд од 48 поени и 17 скока за 43 минути игра, му донесе победа на Пеликанс против Далас. За Њу Орлеанс, заврши низата од пет порази по ред. Лука Дончиќ уфрли 34 поени, погоди седум тројки од десет обиди.

Расел Вестбрук даде 40 поени, од кои 15 во последните шест ипол минути, за тримф над Феникс, кој добро се држеше три четвртини. Во Минеаполис се играше продолжение, а славеа гостите од Атланта. Никола Вучевиќ имаше 30 поени, 20 скока и 8 асистенции во победата на Орландо над Торонто. Вакви бројки на еден меч имале само девет играчи во последните 44 години. Репторс погоди само 26,2 проценти од шутевите за два поени и тоа е неславен клупски рекорд.

Се посрамоти и Детроит кој беше разбиен во Индијанаполис. Домантас Сабонис има 15 дабл-дабли сезонава, иако е резерва. Тони Паркер во 17 поени во последните 6,41 минути, приреди свое шоу, и му донесе триумф на Шарлот.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Бруклин 100:87, Индијана – Детроит 125:88, Орландо – Торонто 116:87, Вашингтон – Чикаго 92:101, Мајами – Кливленд 118:94, Минесота – Атланта 120:123, Њу Орлеанс – Далас 114:112, Денвер – Сан Антонио 102:99, Феникс – Оклахома сити 102:118, ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 107:118.

Жалгирис задоцни со финишот, Гран Канарија ја прекина серијата порази

Гран Канарија одигра одлично прво полувреме против Жалгирис, сосема доволно за победа од 73:66 во последниот меч за 2018 година во Евролигата.

Домаќините направија предност од 10 поени на полувремето, водеа со 36:26 и успеаја да го издржат притисокот на гостите од Литванија во продолжението на мечот.

Ксавиер Рабаседа со 15 поени ја предводеше шпанската армада со 15 поени и 8 скокови. Андреј Балвин постигна 12 поени во меч со малку кошеви.

Кај Жалгирис Артурас Милакнис беше најефикасен со 13 поени, а по 11 постигнаа Дејвис и Волтон. Гран Канарија ги задржа шансите за пробив во топ-8 со шестата победа сезонава во Евролигата, а Жалгирис сега има скор од 7-8.

Стам ќе се потсети на почетоците, ќе биде тренер на својот прв клуб Зволе

Јап Стам се врати во Зволе, во клубот каде ја почна извонредната професионална кариера, но сега како тренер. Холанѓанецот повторно ќе биде кормилар на клуб по девет месеци пауза. Последен клуб каде работеше како тренер е Рединг, член на Чемпионшип лигата во Англија.

Стам ја почна професионалната кариера во Зволе во 1992 година, а потоа направи одлична фудбалска кариера во ПСВ Ајндховен, Манчестер јунајтед, Лацио, Милан и Ајакс, проткаена со многу титули.

Потоа повторно се врати во Зволе, а кај својата прва фудбаслка љубов работеше како асистент тренер од 2009 до 2013 година. Продолжи со истата функција во Ајакс и во неговиот втор тим, за потоа првпат да биде и главен менаџер во Рединг.

Сега ќе има многу работа во обидот да го извлече Зволе од зоната за испаѓање во популарната „Ере Дивизија“, како што ја нарекуваат првата холандска лига.

Баерн стопи негатива од 17 поени и го победи Будуќност

Баерн Минхен направи чудесен пресврт, надополни минус од 17 поени и го победи Будуќност со 93:88 во меч од 15. коло во Евролигата.

Избраниците на поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ одиграа извонредно до средината на третиот период, имаа предност од 42:25 во еден момент, но ја прокоцкаа шансата за четврта победа со слаба игра во финишот.

Дерик Вилијамс со 21 поен беше иницијатор на пресвртот на Баварците, а имаше одлична поддршка и од Хобс со 14 поени и од Бартел кој уфрли 12 поени.

Кај Будуќност и на мечот најефикасен беше Норис Кол со 27 поени. Новото засилување на подгоричани, Гога Битаѕе постигна 17 поени.

Панатинаикос ја сопна ЦСКА Москва

ЦСКА Москва пропушти шанса да го стаса Реал Мадрид на втората позиција на табелата во Евролигата и со пораз во Атина ја заврши 2018 година.

Панатинаикос со одлична игра во вториот период што го доби со 36:18 направи голем пресврт по негативата од седум поени разлика и до крајот не дозволи фаворитот да се врати во игра и да ги освои бодовите.

ЦСКА се обиде да се врати во игра, имаше серија од 8:0 во последниот период, но „детелинките“ од Атина не дозволија пораз и славеа со 96:84.

Јанис Папапетру со 17 поени беше најефикасен кај домаќините, кои ја забележаа седмата победа во Евролигата по 15 одиграни натпревари.

Кај гостите од Москва најефикасен беше Вил Клибурн со 24 поени, пред Нандо Де Коло со 17.

Црвена Звезда одлично ги продава и резервите

Црвена Звезда одигра солиден циклус натпревари во фазата по групи во Лигата на шампионите, по што го привлече интересот на клубовите, а играчите на српскиот првак станаа интересни на трансфер пазарот.

Прв во зимската пауза си заминува Немања Милиќ, а нов клуб ќе му биде белорускиот првак Бате Борисов. Договорот е на три години, а Црвема Звезда ќе добие отштета од околу 150 илјади евра.

Офанзивецот на „црвено-белите“ немаше голема минутажа во првенството на Србија, а воопшто и не беше пријавен за настапи во Лигата на шампионите, па сепак замина во одличен клуб.

Интерес има и за уште неколку играчи на Црвена Звезда, а блиску до трансфер во Трабзонспор е потенцијалниот репрезентатитвец Ненад Крстичиќ.

Антиќ му донесе среќа на Фенер, навивачите го поздравија со овации (Видео)

Перо Антиќ го следеше дербито во Евролигата меѓу неговиот поранешен клуб Фенербахче и Реал Мадрид, а по најавата на официјалниот спикер дека крилниот центар е во салата, доби стоечки овации од домашната публика.

Антиќ остави длабока трага во Фенербахче, а во 2017 година ја освои и титулата во Евролигата со турскиот клуб.

Фенербахче со 65:63 го победи Реал Мадрид во драматичен финиш, по прекрасниот кош што го постигна Луиџи Датоме.