Дома Blog Страница 10534

Најтопло е на „Енфилд Роуд“, Барнли замрзна на минус 20

Лидерот во Премиерлигата, Ливерпул има најголем напредок во досегашниот дел од сезоната споредено со истата етапа од ланското првенство и освои цели 16 бодови повеќе.

Црвените од „Енфилд Роуд“ се на првото место моментно со 51 бод по 19 одиграни натпревари, а лани во истиот период имаа само 35. Се наѕира прекин на постот од 29 години без титула за Ливерпул, а надежите не се без поткрепа. Напротив избраниците на Јирген Клоп играат извонредно, имаат шест бода предност пред Тотенхем и 7 повеќе од шампионот Манчестер сити, а патем се и единствената непоразена екипа во Премиерлигата.

Последен пат титулата стаса во колекцијата на Ливерпул во сезоната 1989/90.

Од екипите од големата шесторка во Англија најголем минус во однос на досегашниот дел од сезоната, споредено со лани имаат двете екипи од  Манчестер. Шампионот Сити има 11 бодови помалку, а Јунајтед е во минус од 10 бода.

Вистински колапс доживеа Барнли, екипа која по повеќе од половина век се избори за настап во европските купови со одличните игри лани. Но, сега во зоната за испаѓање со само 12 бодови, дури 20 помалку од истиот дел од сезоната лани.

Покрај Ливерпул со плус 16 и Тотенхем со 11 бодови повеќе од лани, впечатлив напредок имаат и Вест Хем и Борнмут со десет бодови повеќе.

Јапонците се опасни, нема да и биде лесно на Македонија на премиерата во Минхен

Репрезентацијата на Јапонија одигра одличен меч против реномираната селекција на Полска, на турнирот „Четири нации“, ремизираше 25:25, а потоа загуби на пенали, но покажа дека ќе ни биде незгоден ривал на 11. јануари во Минхен во премиерниот меч на Светското првенство.

Со Јапонците ќе ја почнеме новата ракометна авантура на Мундијалите, со нив ќе играме на 11. јануари, а тие вечерва покажаа дека нема да се предадат лесно.

На пријателскиот меч со Полска речиси цело време имаа предност, на полувреме заминаа со позитива од два гола, 13:11, но на крајот загубија на пенали.

Со нас и со Јапонците во Б групата што ќе се игра во Минхен се и Хрватска, Шпанија, Исланд и Бахреин. Трите најдобри селекции од групата ќе се пласираат во следната фаза.

Пандев е повреден и не игра против Фиорентина за збогум на 2018 година

Горан Пандев се пожалил на болка во мускулот и нема да игра утре против Фиорентина, во последниот меч за Џенова во 2018 година во Серија А.

Капитенот на македонската репрезентација не беше присутен на последниот тренинг пред мечот со „виолетовите“ и не е на списокот на Чезаре Прандели за настап утре.

Повредата сепак не е од сериозен карактер, а Пандев ќе има период од околу еден месец да се врати потполно здрав на теренот и да биде во комбинација за настап на дуелот со Милан на 21. јануари.

Во првиот дел од сезоната капитенот на македонската репрезентација одигра 11 натпревари за Џенова, постигна и два гола, а според истражувањето на фудбалската опсерваторија „CIES“, тој е највлијателниот играч во Серија А на бодовната состојба на клуб во Серија А.

Кога Пандев е во игра Џенова освојувала 1,6 пати повеќе бодови, отколку кога тој е надвор од теренот, што го смести Гоче на врвот на табелата што ја подготви „CIES“.

Утре од 15 часот Џенова ќе и биде домаќин на Фиорентина од 15 часот, во последните мечеви во Серија А за 2018 година.

Солскјер одбра нов капитен на Манчестер јунајтед

Искусниот дефанзивец Антонио Валенсија ќе биде нов капитен на Манчестер јунајтед. Така одлучи Оле Гунар Солскјер, тренерот кој откако е назначен на новата позиција, го одведе тимот до две победи. Валенсија моментно е повреден, но откако ќе се врати на теренот, капитенската лента ќе биде за еквадорскиот репрезентативец.

„Антонио ќе биде новиот капитен, кога ќе биде подготвен да се врати на теренот. Тој сега е на рехабилитација по повредата, но ќе биде подготвен за следниот период кога треба да одиграме многу тешки натпревари. Нема многу квалитетни десни бекови како што е Валенсија“, рече Солскјер.

Според медиумите во Англија, токму Валенсија бил еден од главните иницијатори за смена на Жозе Мурињо.

 

Ако го победиме Јувентус, ќе направам фризура како Наинголан

Јувентус утре ќе игра против Сампдорија, во меч кој може да се нарече дека е дерби на колото во Серија А. Актуелниот првак е неприкосновен лидер со 50 освоени бодови од можни 54, но киксна во последниот меч, откако на гости кај Аталанта се спасуваше од пораз (2:2).

Токму тој факт дава надеж на Сампдорија, тим кој е во одлична форма и има четири победи и само две реми во последните шест кола. Иако ќе гостува во Торино, Сампдорија оптимистички се надева дека може да направи чудо кај шампионот.

Претседателот на Сампдорија Масимо Фереро дури даде интересен предлог, а тоа е дека доколку неговиот тим успее да победи против Јувентус, тој ќе го смени имиџот, односно ќе ја истрижи косата.

„Имам долга коса, отсекогаш сум носел таква фризура. Но, ветувам дека ако го победиме Јувентус ќе се ишишам. Ќе направам фризура како таа на Раџа Наинголан“, откри Фереро. Главен адут за Самдорија ќе биде Фабио Кваљарела, кој е одличен, па сезонава во 17 меча даде 11 погодоци.

УЕФА пресмета колку пари ПСЖ треба да најде, инаку ќе добие шут карта од Лигата на шампиони

УЕФА успеа да ги открие шемите на Пари Сен Жермен и начинот на кој во клубот стигнувале пари кои биле прикажувани како дополнителен приход, за да може да се купуваат скапи играчи. Според пишувањата на францускиот весник Л’Екип, точно се знае сумата која ПСЖ ќе мора да ја најде како приход, за да не добие казна, која може да биде дури и исклучување од Лигата на шампиони за наредната сезона.

Во овој момент, ПСЖ е во минус од 170 милиони евра, но на сметката ќе дојде приход од 80 милиони евра благодарение на настапите во Лигата на шампионите. Со тоа, минусот ќе падне на 90 милиони евра, сума која повторно е многу тешко да се најде како приход, освен ако се продаде една од големите ѕвезди на клубот.

Во ПСЖ, единствено Нејмар и Килјан Мбапе вредет повеќе од 90 милиони евра, што значи дека „светците“ би можеле да се простат од една голема ѕвезда. За францускиот првак се беше во ред, се додека од УЕФА не открија дека во клубот има „напумпани“ договори за спонзорство, а всушност парите доаѓаат од катарскиот газда. По направените пресметки, само 37 отсто од договорот со една катарска фирма бил прифатен како приход, додека останатите пари биле обезбедени од самиот газда на ПСЖ.

Сега на потег се челниците на ПСЖ. Тие треба да решат дали Нејмар или Мбапе ќе оди на продажба.

Гвардиола ќе ја спасува трката за титулата со засилување од Челзи?

Манчестер сити делуваше доминантно од самиот старт на сезоната во Премиер лигата. „Граѓаните“ беа лидери, играа одлично и победуваа убедливо. Сепак, во последните неколку меча, работите се свртеа. Шампионот загуби два меча во низа, падна на третото место на табелата и сега заостанува седум бода зад Ливерпул.

Како една од главните причини за падот во играта на Сити, се наведува повредата на Фернандињо. Без овој играч од средниот ред, „граѓаните“ се ранливи, а тоа се покажа и на теренот. Манчестер во следното коло гостува кај Саутемптон, а потоа го очекува и дерби против Ливерпул. Доколку Сити повторно киксира, тоа ќе биде и голем чекор назад во обидот да се одбрани тронот во Премиер лигата.

Гвардиола е во потрага по две засилувања. Сака играч од средниот ред, но и лев бек, бидејќи Менди се враќа дури во февруари. Како прва опција беше доведување на Де Јонг, но Холанѓанецот повеќе сака да игра во Барселона, отколку да замине во Премиер лигата.

Како опција е и играчот за врска на Лион, Хусем Оар, за кого се интересираат и Челзи и Арсенал. Сепак, проблем е тоа што Лион не сака да го пушти играчот пред завршување на сезоната, за кога одреди сума од 60 милиони евра.

Како трета и најверојатна опција би било да се доведе Сеск Фабрегас од Челзи. Шпанецот не игра во тимот од „Стемфорд Бриџ“ и Челзи би го продал во јануари, како би заработил некоја пара од неговото заминување. Доколку тоа не го стори, Фабрегас во летниот преоден рок ќе биде слободен играч. Оваа опција да се доведе Фабрегас од Челзи, потсетува на трансферот кој го направи Франк Лампард, кога легендата на Челзи заигра за Сити.

 

 

 

Меси го сака Нејмар назад, но никој не го пушта да си оди од ПСЖ

Капитенот на Барселона, Лионел Меси призна дека во тимот му недостасува еден играч како што тоа е Нејмар. Бразилецот си замина од „Камп Ноу“ и за рекорден трансфер од 222 милиони евра стана играч на Пари Сен Жермен. Неколку месеци откако се случи тој трансфер, започнаа шпекулации дека Нејмар повторно сака да се врати во Барселона, но и самиот Меси знае дека тоа е тешко остварливо.

„Мислам дека ќе биде многу тешко да успееме да го вратиме Нејмар во Барселона. Со задоволство би го примиле Нејмар назад во тимот, но не верувам дека некој од Пари Сен Жермен ќе сака да го пушти да си оди од Париз. Јас и Нејмар сме многу добри пријатели, заедно одигравме одлични натпревари, но овојпат ПСЖ е тој кој одлучува“, рече Меси.

 

Роналдо е најефикасниот дебитант во историјата на Серија А

Кристијано Роналдо со игрите во Јувентус веднаш даде свој импакт врз италијанската лига, а според бројот на голови, тој е најефикасниот дебитант во историјата на Серија А. Роналдо има 12 гола во 18-те кола во Калчолигата и дава голем придонес во резултатите на „старата дама“, која ужива во рекордна сезона по бројот на победи и на бодови освоени до Нова година.

Низ историјата на италијанската лига играле многу феноменални фудбалери и напаѓачи, но никој од нив не постигнал толку многу голови во овој период од својата дебитантска сезона.

Габриел Батистута кога дојде во тогаш слабата Фиорентина, во 1991, даде три гола до Нова година, а сезоната ја заврши со 13. Руд Гулит имаше проблеми кога првпат заигра во Италија, за Милан, во 1987 година и во првата полусезона даде само два гола, а заврши со 9. Кака во 2003 дојде во Милан и исто така до Нова година само двапати се запиша во листата на стрелците (на крајот имаше 10).

Диего Марадона, човекот кој на Наполи му ја донесе толку посакуваната прва титула, во Наполи дојде во 1984 година, даде три гола во првата полусезона, завршувајќи со 14. Мишел Платини во 1982 му се придружи на Јувентус и даде четири гола до Божиќ, но потоа се разигра и сезоната ја заврши со 16, доволно за титулата прв стрелец.

Бразилецот Роналдо кога дојде во Интер, стана најскапиот играч во историјата, а до Нова година даде девет гола и сезоната ја заврши со 25. Андриј Шевченко даде седум гола на првите седум меча во Италија кога потпиша за Милан во 1999, а на зимската пауза замина со 10. Сезоната ја заврши со 24 погодоци. Марко ван Бастен имаше проблеми со повредите и во дебитантската сезона играше малку, па даде само три гола.

Џорџ Веа даде 5 гола до Нова година и уште шест до крајот на сезоната во која беше дебитант во Италија. Бразилската легенда Зико во 1983 прејде во Удинезе, даде 9 гола до Нова година, а заврши со 19. Зинедин Зидан во првата сезона во Јуве даде пет гола, од кои три до Нова година.

Ништо не може да го спречи Харден да ја одбрани МВП наградата

Џејмс Харден и сезонава блеска во дресот на Хјустон рокитс.  Минатата сезона ја доби наградата за најкорисен кошаркар во регуларниот дел, па сега го оправдува тој епитет, особено во изминативе неколку натпревари.

Џејмс Харден при доделувањето на МВП наградата за регуларниот дел од сезоната 2017/18 во НБА-лигата

Последните шест натпревари ги заврши со учинок од 35 или повеќе поени и се најде во посебно друштво со Коби Брајант, Леброн Џејмс и Кармело Ентони, како единствените кошаркари кои успеале да остварат ваков учинок. Брадата ноќеска одново блескаше, во победата над Бостон селтикс (127:113) постигна 45 поени, реализирајќи девет тројки од 18 обиди.

 

Самиот Харден смета дека заслужува повторно да ја освои наградата.

 

„Можете да наброите уште неколку имиња кои заслужуваат да се најдат во потесниот избор за МВП наградата, но да зборуваме реално, пак ќе биде кај мене. Jас знам дека можам повторно да ја освојам. Заслужувам да бидам во таа конкуренција. Околу мене има многу омраза, но ништо не може да ме спречи да излезам на паркетот и да „убивам“ секоја вечер. Едноставно, јас сум таков“, истакна Харден.

Во освојувањето на МВП наградата за 2018 година му помогна и фактот што беше најдобар реализатор изминатиот шампионат. Харден одржуваше просек од 30,4 поени по натпревар, додека оваа сезона тој учинок е за неколку нијанси подобар. На вкупно 31 натпревар, Харден просечно постигнува по 32,7 поени, па јасно е зошто се смета дека е фаворит за освојување на престижната индивидуална награда во НБА-лигата.

И годинава конкуренцијата за наградата МВП е силна, тука се Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Ентони Дејвис, Јанис Адетокумбо…