Дома Blog Страница 10581

Шампионски подвиг на Вашингтон, гол-шоу на „ајкулите“ и „предаторите“

Вашингтон капиталс со убедливи 5-2 славеше на гостувањето кај Минесота. Шампионот на НХЛ по два порази во низа конечно се разигра, ги остави домаќините без шанси за надигрување. По двете третини, Минесота успеа само еднаш да го погоди голот, додека Оши на десетина минути пред крајот ги реши сите дилеми погодувајќи за 5-1, па Думба само ја ублажи болката со гол за 5-2 во последните пет минути од средбата.

 

Сан Хозе шаркс со 5-4 беше подобар од лидерот во Источната конфереција, тимот на Нешвил предаторс. Хокеарите на двете екипи ги поделија првите две третини. Домаќините водеа со 3-0 по првите 20 минути, со три гола возврати Нешвил, па победникот мораше да се решава во одлучувачкиот период.

Во почетните две минути, гостинската екипа направи и комплетен пресврт за 4-3, меѓутоа Павелски и Торнтон само за 13 секунди го свртеа резултатот во корист на својата екипа. Торнтон со одлучувачкиот гол за победа го забележа 400-от погодок во својата кариера, што беше причина повеќе за славење.

 

Торонто мејплс лифс рутинирано го победи најслабиот тим сезонава, ЛА кингс, со 5-1. Гостите до убедливата предност стигнаа по две третини, па „кралевите“ немаа шанси за изненадување во остатокот од средбата. Бафало сејберс со конечни 2-1 му го нанесоа петтиот пораз на лидерот на Истокот, екипата на Тампа беј лајтнинг.

Резултати НХЛ:

Њу џерси девилс – Питсбург пингвинс 4-2

Њујок ајлендерс – ванкувер канукс 5-2

Филаделфија флаерс – Флорида пантерс 1-2

Бафало сејберс – Тампа беј лајтнинг 2-1

Детроит ред вингс – Аризона којотс 6-1

Минесота вајлд – Вашингтон капиталс 2-5

Едмонтон ојлерс – Монтреал канадиенс 6-2

Лос Анџелес кингс – Торонто мејпл лифс 1-5

Сан Хозе шаркс – Нешвил предаторс 5-4

 

Милан заинтересиран за Србинот Милан

Милан Павков од Црвена ѕвезда би можело да замине во италијанскиот гигант Милан. Според пишувањата на „Тутоспорт“, клубот од Милано ќе се обиде да го земе Павков уште во зимскиот преоден рок.

Интересот на Милан дојде по одличното издание на Павков на дуелот од Лигата на шампионите против Ливерпул, кога со два гола го шокираше фаворитот од Англија. „Росонерите“ во српскиот Милан гледаат потенцијал кој би можеле да го привлечат за малку пари, а потоа со играњето кај нив би му пораснала цената.

Високиот напаѓач во кариерата често беше потценуван, но експлодираше на големата сцена и сега не треба да чуди интересот од богатите. Во минатата сезона, Павков како играч на Раднички Ниш даде 23 гола на 33 меча.

Брзо закрепнување на шампионот, Хјустон го среди Денвер

„Воините“ од Голден стејт експресно им се вратија на победите по вчерашното разочарување од ЛА клиперс. Ноќеска настрада тимот на Атланта хокс со конечни 110:103. Во отсуство на Стеф Кари и Дрејмонд Грин, Дурант и Томпсон го предводеа шампионот до 12-тата овосезонска победа.

Атланта во поголемиот дел од средбата парираше на фаворизираниот Голден стејт, на изненадување, на паузата заминаа со блага предност од +3. Сепак, со дополнителни сили, Вориорс ја презедоа контролата на мечот и не дозволија нов шок.

Кевин Дурант со 29 поени и шест скока се истакна како најефикасен, Томпсон додаде 24 поени и четири асистенции. Кај Атланта, најрасположен на паркетот беше Таурин Принс со 22 поени.

 

Хјустон забележа триумф на тешкото гостување кај Денвер нагетс со конечни 109:99. „Ракетите“ им нанесоа дополнителни проблеми на Нагетси, кои наредија четири порази но низа. Триото Харден-Пол-Капела комбинираше 77 поени од вкупно 109 кои ги постигнаа гостите, младиот центар постигна 24, а „брадата“ беше расположен и да мести топки, па оствари дабл-дабл учинок од 22 поени и 11 асистенции. Пол заврши со еден поен помалку.

Монти Морис беше најефикасен кај поразените со 19 поени, а ниту дабл-дабл учинокот на Никола Јокиќ (14 поени, 12 скока) не беа доволни за да се прекине негативната серија во која влезе франшизата од Колорадо.

Кливленд со триумфот од113:89 на Шарлот хорнетс ја забележа само втората победа во 13-тиот овосезонски натпревар.

Се вклучи алармот во Мадрид: Облак сака да си замине од Атлетико?

Се вклучи алармот во Атлетико, голманот Јан Облак наводно сака да го напушти Мадрид. Словенечкиот чувар на мрежата се чувствува изневерено од страна на раководството, кое му ветило дека ќе му понуди нов договор, а од тоа ниту трага, ниту глас.

Како што известуваат шпанските медиуми, Облак бара нов договор и поголема плата бидејќи за разлика од него, неколку клучни играчи во изминатиов период ги продолжија соработките со клубот, а тој и натаму чека. Атлетико го смета Облак за главна фигура во тимот, а тој сака тој статус да биде потврден и со поголема заработка, во спротивно ќе побара да биде продаден уште во јануари. Претходно на два пати му бил понуден нов договор, но претставниците на Словенецот не биле задоволни од понудата, па чекаат таа да биде подобрена.

Во таборот на Атлетико засега нема простор за паника, бидејќи актуелниот договор на Облак истекува во 2021 година, а згора на сè, тој има клаузула од 100 милиони евра, цена која не може да ја плати кој било клуб. Но, доколку се случи тоа, Облак би станал новиот најскап голман во светот, соборувајќи го рекордниот трансфер на Кепа Аризабалага, шпанскиот голман кој летово го смени дресот на Атлетик Билбао со оној на Челзи за сума од 80 милиони евра.

Тим недораснат противник на Федерер

По изненадувачкиот пораз од Нишикори, Роже Федерер брзо се врати во колосек и со 2-0 (6-2, 6-3) го совлада Доминик Тим. Швајцареот немаше премногу проблеми во остварувањето на првата победа на финалниот АТП-турнир во Лондон.

Федерер со два брејка и 6-2 го освои првиот сет, а за водство му беа потребни триесетина минути. Австрискиот тенисер пружи повеќе отпор во продолжението, иако го загуби првиот гем на свој сервис. Тим се одржуваше во игра до 4-3, меѓутоа Федерер притисна за втор брејк и го освои сетот, односно мечот, искористувајќи ја втората меч-топка.

Следен противник на Федерер ќе биде Кевин Андерсон, додека Тим ќе игра против Јапонецот Нишикори. За утре се предвидени два дуели, Новаќ Ѓоковиќ против Александр Зверев, како и Марин Чилиќ против Џон Иснер.

Проблеми во „рајот“: Се искараа Дурант и Грин (видео)

Вербална расправија настана меѓу Кевин Дурант и Дрејмонд Грин, ѕвездите на Голден стејт вориорс, откако актуелниот бранител на титулата вчера загуби од ЛА клиперс по продолженијата (121:116). Целата фама настана по грешката која ја направи Грин во последните секунди од регуларниот дел од средбата.

При резултат од 106:106, Голден стејт имаше последен напад, по кој можеше да издвои победа. Топката беше во рацете на Грин на пет секунди до крајот, па наместо да му додаде на соиграч кој имаше позиција за чист шут, тој одлучи да оди сам до кошот, но ја загуби топката, по што времето истече, па победникот мораше да се одлучува во дополнително време.

За време на кратката пауза, Дурант и Грин разменија неколку зборови, а медиумите од САД известуваат дека расправијата продолжила и во соблекувалната. Наводно, Дурант го обвинува Грин за поразот, сметајќи дека требало да му ја даде топката и да добие шанса да го реши натпреварот.

 

Спортска прогноза 5-то коло: Ловот на „самсунг А6“ продожува во репрезентативната „пауза“

Петтото коло на Спортска прогноза нуди 12 нови парови за погодување на конечниот исход. Овојпат вниманието го насочуваме кон натпреварите од репрезентативен карактер, пред сѐ, нудиме парови од Лигата на нациите со надеж дека токму тие ќе го донесат добитникот на „самсунг галакси А6“.

Од сите натпревари кои се предвидени да се одиграат викендов, избравме 12 парови кои можат да ви донесат ваучери од SPORT LIFE кои ќе можете да ги искористите за типување или, пак, понеделник ќе биде денот кога ќе се дознае дали овојпат ќе ја имаме и првата „12-ка“.

Главната награда за точна прогноза на сите 12 двојки е мобилен телефон „самсунг галакси А6“, а има уште многу награди и за погодени 11, 10 и 9 натпревари.

Дуелот меѓу Германија и Холандија, средбата која се игра во понеделник во 20.45 часот, може да биде парот кој ќе им донесе среќа на многу прогнозери.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

Добредојде Гоче, среќен роденден Висар (Видео)

Капитенот Горан Пандев веќе е со останатите фудбалери и од утре ќе им се приклучи на тренинзите кога националниот тим од Швајцарија ќе се пресели во Лихтенштајн, а серијата убави настани ја збогатува и прославата на роденденот на дефанзивецот Висар Муслиу.

Муслиу денеска наполни 24 години, а за време на вечерата му беше приредено изненадување:

 

 

Бизарна грешка: Кеита не игра за Сенегал поради згрешена електронска адреса

Неверојатни информации пристигнуваат од Сенегал. Тамошната фудбалска федерација направила бизарна грешка, по што репрезентацијата нема да смета на офанзивецот на Интер, Балде Кеита за претстојните репрезентативни обрвски.

Имено, поканата која требала да стигне на електронската адреса на Интер била испратена на погрешно место, па Кеита не се појавил на собирот на репрезентацијата. Кога на крајот ја виделе грешката, веќе било доцна да се реагира, бидејќи од таборот на Интер поставиле рок кој мора да се почитува кога се повикуваат фудбалерите за обврските со националниот состав.

Кеита остана во Милано, па Сенегал за квалификацискиот меч против Екваторска Гвинеја за Африканскиот куп ќе биде без офанзивецот. Сепак, неговото отсуство не е проблем за Сенегал бидејќи тие веќе го обезбедија своето учество за континенталното првенство, а и нивниот напад нема многу да страда бидејќи поседуваат квалитети пред сѐ како Садио Мане, а тука е Мбаје Нијанг, напаѓачот на француски Рен.

Официјално: Солари тренер на Реал Мадрид до 2021 година

Сантијаго Солари од денес и официјално е назначен за нов тренер на Реал Мадрид. Аргентинскиот стратег потпиша важечки договор до 2021 година, откако изминативе две недели работеше како привремен тренер. Солари без двоумење и поставување дополнителни услови ја прифатил понудата и се надева дека ќе продолжи да носи добри резултати.

„Раководството на Реал Мадрид по денешниот состанок се согласи да го ангажира Сантијаго Солари за нов тренер на првиот тим со согласност до 2021 година“, стои во соопштението на шпанскиот гигант.

Солари ја доби довербата од управата на „кралевите“ откако на првите четири натпревари како предводник на Реал обезбеди убедливи победи. Претседателот Флорентино Перес смета дека Аргентинецот моментално е најдобра опција, а очигледно е достоен да ја преземе одговорноста откако покажа добри резултати во изминатиов период.

Под палката на Солари, Реал постигна 15 погодоци на четирите победи кои ги оствари, додека дозволи само два гола во својата мрежа. По саботната победа над Селта Виго од 4-2, европскиот првак се врати во трката за позициите кои водат во европската елита.