Дома Blog Страница 146

Легендарниот Капело: Цела ноќ не спиев, уште не можам да верувам во тоа што се случи

Еден од најдобрите фудбалски тренери, Фабио Капело, жестоко распали по неуспехот на италијанската фудбалска репрезентација да се пласира на Светско првенство, и тоа третпат во низа. Според Капело, недозволиво е репрезентација со таква репутација да не може да биде дел од најдобрите на три планетарни собири во низа.

„Цела ноќ не спиев, око не склопив. Уште не можам да верувам тоа што се случи. Зборуваме за четирикратен светски првак, ова е спортска трагедија. Срамота. Ова е една од најлошите работи кои може да се случат за италијанскиот фудбал во поновата фудбалска историја“, жестоко критикуваше Капело.

Според Капело, главен виновник не е селекторот Џенаро Гатузо, туку претседателот на Федерацијата. „Најлошо е што тука никој не презема одговорност, никој не поднесува оставка. Прв кој треба да преземе одговорност е претседателот на Федерацијата, заедно со целиот управен одбор“, вели Капело, кој потенцираше дека е потребна голема реформа во италијанскиот фудбал. „Мора да започнеме реконструкција од темелот. Проблемот не е само во резултатите, тој е структурален.“

Прогнозерите веруваат дека Манчестер сити без проблем ќе го победи Ливерпул

Само 24 часа беа доволни за да се издвојат фаворитите на некои од натпреварите кои се дел од 25-тото коло на Спортската прогноза.  Возбудувањата ќе започнат во сабота од 13:45 часот, и тоа можеби со најголемото дерби за викендов, меѓу Манчестер сити и Ливерпул. Ова е меч од полуфиналето на ФА купот, а над 75 отсто од прогнозерите го фаворизираат Ливерпул дека ќе се радува уште во регуларните 90 минути игра.

В сабота ќе се игра и второто големо дерби. Барселона ќе гостува во Мадрид против Атлетико, а над 50 отсто чекаат „двојка“. Останатите прогнози се поделени речиси подеднакво за „кец“ и нерешено.

Во понудата за ова коло има вкупно 13 пара од најсилните пет европски фудбалски земји. Како најголем фаворит е Хамбургер, кој дома игра против Аугсбург, а за победа на домаќините одиграле над 86 отсто од прогнозерите. Речиси 80 отсто шанси за победа има и Вест хем во дуелот против Лидс, но тоа треба на теренот да се потврди.

За сите прогнозери главен предизвик ќе биде да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги имаат точните фиксови на понудените средби. За перфектно прогнозирање следува одличен подарок, а тоа е iPhone 16. За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека 11-ката се вреднува со ваучер од 500 денари.

 

Македонија падна една позиција на ранг-листата на ФИФА, Франција е нов лидер

Македонската фудбалска репрезентација е на 67-мата позиција на најновата ранг-листа на ФИФА, што е пад за едно место од претходното рангирање. Во март Македонија одигра два меча на гостински терен, во кои не успеа да постигне ниту еден гол. Загуби од Данска со 4:0, а потоа одигра без голови против Ирска во Даблин.

Пред Македонија скокна Босна и Херцеговина, која со пласманот на Светското првенство сега напредуваше за шест позиции и е на 65-тото место на ФИФА-листата. Пред Македонија се и селекции како Јордан, Буркина Фасо…

Промени има и на врвот на листата, каде што сега лидер е репрезентацијата на Франција со 1877,32 поени, пред Шпанија со 1876,40 поени и Аргентина, која е на третото место со 1874,81 поени. Во Топ 10 се и Англија, Португалија, Бразил, Холандија, Мароко, Белгија и Германија.

Зошто на Италија ѝ се случуваат овие дебакли? Пред 16 години на легендарниот голгетер не му дозволија да направи реформи

Нов голем фудбалски шок за Италија и ново Светско првенство на кое нема да учествува четирикратниот планетарен владетел. Италија загуби на пенали од Босна и Херцеговина во Зеница и трето Светско првенство во низа нема да биде дел од завршницата. Овој пораз од БиХ е само болен потсетник дека на италијанскиот фудбал му е потребен фундаментален ремонт. Но, историјата покажува дека ова е полесно да се каже отколку да се направи бидејќи легендарниот Роберто Баџо го искуси на своја кожа.

Откако во 2006 година Италија ја освои светската титула на Мундијалот, Аѕурите едноставно почнаа да тонат. На СП 2010 и 2014 година не можеа да ја поминат групната фаза, а потоа ги пропуштија Мундијалите во 2018, 2022 и сега во 2026 година. Единствен инцидентен блесок беше настапот на ЕП 2020, кога во финалето на пенали на „Вембли“ во Лондон ја победија Англија.

По катастрофалниот настап на националниот тим на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, Роберто Баџо беше назначен за претседател на Техничкиот оддел на ФИГЦ. Легендарниот голгетер веднаш се зафати со работа за идентификување и решавање на длабоко вкоренетите проблеми во италијанскиот фудбал.

Неговата работа резултираше со сеопфатен извештај од 900 страници, кој ѝ беше презентиран на Федерацијата во 2011 година. Документот ги анализираше проблемите детално и понуди конкретни решенија за закрепнување. Сепак, Италијанската фудбалска федерација целосно го игнорираше извештајот на Баџо. Не беа преземени никакви мерки, а реакцијата на Федерацијата беше минимална. Разочаран од овој исход, Баџо поднесе оставка од својата позиција во јануари 2013 година.

„Не ми беше дозволено да ја извршувам улогата што ми беше доверена и не сум подготвен да продолжам на овој начин. Мојот извештај од 900 страници, презентиран во ноември 2011 година, остана мртва буква и затоа си заминувам“, рече тој во тоа време.

Тогашниот претседател на ФИГЦ, Џанкарло Абете, не беше импресиониран од одлуката на Баџо. „Роберто Баџо е личност со исклучителен квалитет, и како личност и како играч. Сепак, тој сметаше дека оваа менаџерска улога не е за него, не го исполнува. Неговата најава не ме изненади, тој ме предупреди за тоа. Поради неговите меѓународни обврски и чувството дека неговата работа не е ценета, тој никогаш немаше можност да посвети многу време на оваа активност“, рече тогашниот претседател на ФИГЦ, Абете.

Денес е невозможно да се знае дали неговиот план би донел значајни промени доколку му се посветело вниманието што го заслужува. Сепак, останува јасно дека на италијанскиот фудбал му се потребни радикални промени, а освојувањето на Европското првенство во 2021 година се покажа како само моментален блесок.

Стојанче Стоилов ќе биде нов тренер на Бутел, Жарко Пешевски останува верен на Пелистер

Поранешниот капитен на Вардар и некогашен член од стручниот штаб на Црвено-црните, Стојанче Стоилов, од утре ќе има нов предизвик. Стоилов треба да биде промовиран во нов тренер на тимот на Бутел, а предизвикот ќе го започне од следната сезона. Легендарниот пикер ќе го преземе местото на сегашниот стратег Горан Кузманоски, кој продолжува да работи на интернационалната сцена, во Кипар.

Освен овој договор за тренерска соработка меѓу Стоилов и Бутел, новости има и во Битола. Репрезентативниот пикер ја продолжи соработката со тимот на Еурофарм Пелистер на уште една сезона.

„Срцето на нашиот проект и во иднина ќе бидат квалитетни македонски репрезентативци, кои, како и во цела наша историја, ќе го носат дресот на Еурофарм Пелистер. Во тој правец со гордост го објавуваме потписот на нов договор на кружниот напаѓач Жарко Пешевски. Тој се обврза на договор со шампионот на Македонија и за сезоната 2026/27, со што успешната приказна на Пешевски со нашиот клуб ќе продолжи и во иднина. Неговото доаѓање во Битола се поклопи со трофејниот период и растот на клубот. Затоа заедно ќе водиме нови предизвици и ќе освојуваме нови трофеи во иднина“, стои во соопштението од Пелистер.

 

Ѓоковиќ искрено од срце се радуваше на победата на БиХ против Италија (Видео)

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, имаше можност во живо да го проследи драматичниот бараж-меч за пласман на Светско првенство меѓу Босна и Херцеговина и Италија. Популарниот Ноле беше во ложата на стадионот во Зеница и уште еднаш покажа дека има големо срце и дека знае да се радува на успесите и на соседите.

Босна и Херцеговина на пенали ја елиминира Италија и по вторпат во својата историја ќе игра на планетарниот собир. Италија ќе го пропушти третиот Мундијал во низа.

Охрид се пофали дека потпиша со ексиграч на ПСЖ и на Кјелце

Доминик Мате е новото засилување на ГРК Охрид за наредната сезона, потврдија од ракометниот клуб преку социјалните мрежи. Унгарскиот репрезентативец е едно од најголемите имиња што ќе го носи дресот на ГРК Охрид. Мате, кој игра на позицијата десен бек, денеска го слави 27-миот роденден, а ќе го носи дресот со бројот 23 следната сезона.

Мате сезонава настапува за тимот на Елверум, која е прва во норвешкото првенство и бележи успеси во европската лига. Пред тоа играше и за големите ПСЖ и Кјелце, како и во унгарскиот Балатон. Тој е и еден од носителите во унгарската репрезентација на сите големи натпреварувања.



„Мило ми е што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид. Од првиот разговор бев импресиониран од проектот и плановите за идниот период. Едвај чекам да ги запознаам фановите, се надевам дека ќе играм клучна улога во остварувањето на нашите цели, освојување на титула во лигата и што поголеми успеси во интернационалните натпреварувања”, изјави Мате.

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ вреден 6.328.023 денари го освои играч од Враниште

Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Спортлајф“ на 25.03.2026 година, во Враниште.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија искрено му честита на добитникот.

Во периодот од 23.03.2026 до 29.03.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 12.042.726денари кон играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија, и тоа:

   •   1 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот 6.328.023 денари

   •   4 МИЛИОНЕР џекпот добивки – вкупно  4.190.965 денари

   •   МИНИ џекпот добивки –  1.523.738 денари

Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи согласно со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Мината 2025 година беше година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за џекпот добивки.

Анчелоти до Модриќ: Имаш дедо Бразилец, нели? (Видео)

Бразил ја победи Хрватска со 3-1 во пријателски меч, а хрватската легенда Лука Модриќ се сретна со многу поранешни соиграчи од Реал Мадрид, како и со неговиот поранешен тренер Карло Анчелоти, кој сега е селектор на Кариоките.

По мечот, Анчелоти се пошегува со Модриќ и пред да се прегрнат го праша: „Имаш дедо Бразилец, нели?“

Модриќ играше за Хрватска по 196-ти пат.

Отаменди последен пат играше за Аргентина во Аргентина, можеби и Меси

Аргентина ја совлада Замбија со 5-0 во емотивен пријателски натпревар на „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес бидејќи Николас Отаменди сигурно, а можеби и Лионел Меси, последен пат играа за репрезентацијата на домашен терен во својата земја.

Кога беше досуден пенал за Аргентина во 53-тата минута, Меси, кој даде гол во првото полувреме, му дозволи на Отаменди да го шутне, па Нико се прости со гол.

Иако засега нема официјална потврда, сè укажува дека ова беше последниот натпревар на Меси во дресот на Аргентина пред домашната публика.

Инаку Меси сега има 902 гола во кариерата, а Замбија беше 40-тата различна селекција против која тој има дадено гол во блескавата кариера.