Спортскиот директорот на репрезентацијата на Италија, Џанлуиџи Буфон, објави дека заедно со селекторот Џенаро Гатузо ќе останат на своите позиции до јуни, со цел да ѝ дадат време на Федерацијата да избере нов селектор по неуспехот во квалификациите за Светско првенство. Претседателот на Федерацијата, Габриеле Гравина, веќе потврди дека побарал од двајцата да останат, но нивната иднина сè уште не е целосно јасна.
„Ова е деликатен момент и мора да одвоиме доволно време за да донесеме правилни одлуки“, изјави Буфон по баражот со Босна и Херцеговина.
„Јасно е дека сезоната завршува во јуни, па дотогаш е фер и исправно да ѝ бидеме на располагање на Федерацијата, на претседателот и на сите коишто имаа доверба во нас“, додаде тој.
„Ако мислите дека нешто се менува и оди на подобро, тогаш сум многу среќен бидејќи тоа беше една од нашите цели. Но, најважната цел беше да се пласираме на Светското првенство. Тоа навистина боли и може да нè натера да не размислуваме јасно, па тука ќе застанам. Ќе бидеме тука до јуни, а потоа ќе видиме како ќе продолжиме“, продолжи Буфон.
„Морам да бидам искрен – ова е срам за голема нација како Италија. Ние ја освоивме светската титула во 2006 година, а сега се мачиме да се пласираме на Светско првенство? Тоа е навистина срамно. Ако денес кажете дека Италија е навикната да игра на Мундијали, тешко дека некој ќе ви поверува. Ова е огромен пад за италијанската репрезентација“, заклучи легендарниот голман.
Италија ќе го пропушти и третото Светско првенство по ред, а на последните две на кои учествуваше, во 2010 и во 2014 година, беше елиминирана уште во групната фаза.