Дома Blog Страница 147

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ вреден 6.328.023 денари го освои играч од Враниште

Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Спортлајф“ на 25.03.2026 година, во Враниште.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија искрено му честита на добитникот.

Во периодот од 23.03.2026 до 29.03.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 12.042.726денари кон играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија, и тоа:

   •   1 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот 6.328.023 денари

   •   4 МИЛИОНЕР џекпот добивки – вкупно  4.190.965 денари

   •   МИНИ џекпот добивки –  1.523.738 денари

Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи согласно со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Мината 2025 година беше година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за џекпот добивки.

Анчелоти до Модриќ: Имаш дедо Бразилец, нели? (Видео)

Бразил ја победи Хрватска со 3-1 во пријателски меч, а хрватската легенда Лука Модриќ се сретна со многу поранешни соиграчи од Реал Мадрид, како и со неговиот поранешен тренер Карло Анчелоти, кој сега е селектор на Кариоките.

По мечот, Анчелоти се пошегува со Модриќ и пред да се прегрнат го праша: „Имаш дедо Бразилец, нели?“

Модриќ играше за Хрватска по 196-ти пат.

Отаменди последен пат играше за Аргентина во Аргентина, можеби и Меси

Аргентина ја совлада Замбија со 5-0 во емотивен пријателски натпревар на „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес бидејќи Николас Отаменди сигурно, а можеби и Лионел Меси, последен пат играа за репрезентацијата на домашен терен во својата земја.

Кога беше досуден пенал за Аргентина во 53-тата минута, Меси, кој даде гол во првото полувреме, му дозволи на Отаменди да го шутне, па Нико се прости со гол.

Иако засега нема официјална потврда, сè укажува дека ова беше последниот натпревар на Меси во дресот на Аргентина пред домашната публика.

Инаку Меси сега има 902 гола во кариерата, а Замбија беше 40-тата различна селекција против која тој има дадено гол во блескавата кариера.

 

Енис Барди и Елиф Елмас најавија заминување од репрезентацијата

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да стигне до историски прв пасман на Светското првенство. Вторпат по ред нашиот сон згаснува во баражот за пласман на планетарниот собир. Данска беше препреката која не можевме да ја поминеме откако загубивме со 4:0 во Копенхаген. Потоа, во дуел на поразените од баражот, нашата репрезентација одигра 0:0 во Даблин против Ирска и првпат во четирите гостувања во овој град останавме непоразени.

Поради неуспехот да се пласираме на Светското првенство, лидерите на македонската репрезентација на теренот, капитенот Енис Барди и ѕвездата од Наполи, Елиф Елмас, најавија дека дуелот во Даблин беше последен за нив во репрезентативниот дрес. Двајцата беа столбот во играта на нашиот национален тим и секако тоа ќе биде голем удар за селекторот Гоце Седлоски.

Барди повеќе од две години е капитен на Македонија и досега има 82 настапи и дури 20 гола за нашата селекција. Елмас зад себе има 77 мечеви во репрезентативниот дрес и има постигнато 13 гола.

За оние кои заборавија, денеска е 1 април, денот на шегата, денот кога се кажуваат и лажги, па едноставно во светот на спортот, каде што најактуелни се настапите на фудбалската репрезентација на Македонија, нормално беше да се „здрма нацијата“ со една фудбалска првоаприлска вест.

Барди и Елмас се двајцата фудбалери кои низ годините покажаа дека секогаш се тука за Македонија да помогнат и веднаш се подготвени на сите повици да одговорат на зададените задачи, без разлика кој е селекторот. Едноставно, тие покажаа дека се вистински професионалци, кои никогаш не ги штеделе силите за да донесат радост на македонските навивачи.

И, секако, фактот дека нема да играме на СП 2026 најмногу ги боли фудбалерите. Тие сигурно имаа најголема желба да победат и во Данска и каде и да требаше потоа да играат за да донесат настап на Македонија на историско прво Светско првенство.

Барди има 30 години, Елмас е уште помлад и има 26 години, што значи дека само да ги послужи здравјето, да ги избегнат повредите, и тие двајцата уште долго време ќе бидат дел од репрезентацијата на Македонија и на теренот ќе водат битки со сите противници, и тоа со единствена цел, да им донесат радост на сите македонски навивачи и секако останува желбата за настап на уште некое големо натпреварување.

Оваа првоаприлска рубрика ја воведовме од пред неколку години, па би било добро да се потсетиме дека во 2022 година ја испративме Македонија на Светското првенство во Катар затоа што Иран беше суспендиран. Интересно е дека и сега, четири години подоцна, ситуацијата е иста. Македонија беше елиминирана во баражот, а уште во „воздух виси“ настапот на Иран на Мундијалот.

Следната 2023 година, на 1 април го „донесовме“ Новак Ѓоковиќ во Македонија. Најдобриот тенисер на сите времиња во нашата земја има голем број фанови, но никогаш не бил во посета тука. Освен со текстот пред точно три години кога „дојде во Македонија“, уште чекаме Ноле да дојде во посета на соседската земја.

На 1 април 2024 година повторно најактуелни беа случувањата во репрезентацијата на Македонија. Тогаш имаше големи негодувања од навивачите околу тоа дали тогашниот селектор Благоја Милевски треба да си замине од функцијата или не, па решивме да „им ја исполниме желбата“ на фановите и напишавме дека Милевски си поднел оставка. Секако, тоа не се случи, а селекторот коректно го одработи својот договор до крајот и ја одведе Македонија до баражот за СП 2026.

Минатата година, „мета“ ни беше Кирил Лазаров. Точно пред 365 дена најактуелен беше настапот на ракометниот клуб Алкалоид на меѓународната сцена, кога и успеа да го освои трофејот во ЕХФ купот, а ние најавивме дека Лазаров освен како тренер, ќе се реактивира и како играч да помигне да се стигне до трофејот. На крајот, Алкалоид го освои пехарот.

Нека е среќен 1 април, денот на шегата.

Арсенал и Баерн блиску до полуфииналето во Лигата на шампионите

2707 КТП – Хака (17.30 часот)

Ова е натпревар од првото коло во втората по ранг лига во Финска. Во подготвителниот период двата тима одиграа по неколку контроли, а учествуваа и во лига купот. Во минатата сезона овие два тима беа прволигаши, но испаднаа и сега целта ќе им биде експресно враќање во елитата. Во 2025 година КТП доби две пресметки со Хака и тоа беа ефикасни мечеви со голови во двете мрежи, но како гостин. Дома КТП не победил против Хака од 2014 година.

Предлог тип: 1Х & ГГ (1.99)

 

6271 Баерн ж. – Манчестер ј. ж. (18.45 часот)

Тука станува збор за реванш од четвртфиналето во женската Лига на шампиони и се очекува да биде прилично интересно бидејќи германскиот тим го доби првиот меч со 3-2. Баварките се блиску до пласман во полуфиналето, особено што се во топ форма, немаат пораз уште од октомври, кога беа уништени со 1-7 од Барселона. Во последните шест месеци, редат само победи, исклучок е еден меч со Атлетико во Мадрид на којшто одиграа нерешено. Дома една година немаат пораз.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.88)

 

3601 Викингур – ХБ Торшавн (20.00 часот)

На Фарските Острови новата сезона 2026 е почната, ова е дуел од третото коло. Викингур во првите две кола освои само еден бод и уште нема дадено гол. Од друга страна, ХБ стартуваше со две победи и гол-разликата им е 4-1, па ако победат и вечерва, ќе се искачат на првата позиција на табелата. Викингур речиси две години не победил против ХБ Торшавн. Лани се сретнаа четирипати (еднаш во суперкупот) и четири победи имаше ХБ.

Предлог тип: 2 (2.12)

 

6725 Челзи ж. – Арсенал ж. (21.00 часот)

Првиот меч на лондонските ривалки во четвртфиналето на Лигата на шампионите за жени заврши со 3-1 за Арсенал, па пред Сините е сериозен предизвик. Арсенал е актуелен европски првак, но благ фаворит за победа вечерва е Челзи. Дали ќе успеат да слават со три гола разлика, е друга работа. Арсенал нема пораз повеќе од два месеца. Арсенал победи со 2-0 на своето последно гостување кај овој ривал, тоа беше во јануари.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.60)

 

1427 Сантандер – Спортинг Х. (21.30 часот)

И покрај двата порази по ред во претходните две кола, Расинг Сантандер уште е првопласиран на табелата во втората шпанска лига. До крајот има уште десет кола и целта им е директен пласман во Ла Лига. Тимот од Хихон е десетти, на пет бода минус е од зоната на табелата која води во плејоф за влез во Примера дивизија. Спортинг на 15 гостувања сезонава има само едно реми. Есеноска во Хихон беше 2-1 за Спортинг и Расинг ќе има мотиви да се реваншира.

Предлог тип: 1 (2.00)

Леброн Џејмс стана кошаркарот со најмногу победи во историјата на НБА

Победата на Лос Анџелес лејкерс над Кливленд од 127-113 донесе тројна радост кај Езерриите. Леброн Џејмс стана кошаркар со најмногу победи во историјата на НБА, Лука Дончиќ го надмина рекордот на Коби Брајант по бројот на поени во еден месец, а Лејкерс ја освои титулата во пацифичката дивизија.

Џејмс сега има 1.229, од кои 1.045 во регуларна сезона и 184 во плејоф, па го надмина досегашниот рекорд кој го држеше една друга легенда на Лејкерс, Карим Абдул Џабар. Џабар уште е рекордер по бројот на победи во регуларната сезона, но и тој рекорд веројатно ќе падне ако Леброн остане здрав и игра и следната сезона.

Дончиќ на 27 години и 31 ден стигна до бројка од 15.000 поени во НБА, помлади од него до оваа бројка стигнале само Џејмс и Кевин Дурант. Словенецот во март даде 579 поени, што е нов рекорд на Лејкерс, Коби Брајант во 2006 имаше 578. Инаку, утрово освен Лејкерс, плејоф осигури и Денвер.

Детроит пистонс по пауза од 18 години освои дивизиска титула. Пистонс има 6-2 откако останаа без главниот играч Кејд Канингем поради здравствени проблеми.

Супер квотите ве чекаат во Sport Life

Супер тип понудата на Sport Life и за денеска не смее да се изостави, тука се 16 натпревари од повеќе спортови, а половината од мечевите се фудбалски и за нив имате по пет различни опции со зголемени квоти кои може да се искористат како џокери за подобрување на потенцијалната добивка.

Како и секогаш, има микс од квоти кои се речиси сигурно добитни и такви кои се малку поризични, но, секако, реални бидејќи фаворизираат екипи кои се фаворити за победа. Тука е и евролигашкиот меч Баерн – Фенербахче, каде што има одлична квота на турскиот тим, додека Баерн е фаворит во фудбал, и тоа во дуелот со Манчестер јунајтед од женската Лига на шампиони.

Една од најтажните слики синоќа, Левандовски остана без СП и најави повлекување (Видео)

Поразот на Полска од Шведска го остави легендарниот голгетер Роберт Левандовски без учество на Светското првенство, а по мечот напаѓачот на Барселона на „Инстаграм“ имаше симболична објава, постираше песна со наслов: „Време е да се збогуваме“.

Изборот на оваа песна веднаш предизвика низа шпекулации и прашања за иднината на капитенот на националниот тим на Полска. Левандовски не даде официјална изјава дека ја завршува репрезентативната кариера, но оваа објава направи таквото сценарио да изгледа реалност. 

„Не знам, прво треба да размислам за неколку работи. Сè уште имам неколку натпревари за играње оваа сезона со клубот. Ќе морам да одговорам на прашалниците во задниот дел од мојот ум. Фудбалот може да биде брутален – можеш да играш добро, да постигнуваш голови, да се вратиш двапати и на крајот да останеш без ништо. За спортистот и за навивачите тоа е најлошото чувство. Дефинитивно боли затоа што бевме толку блиску, а си одиме дома без ништо. Тоа е огромна болка и огромно разочарување. Мислам дека кога ќе се разбудам утре, ќе биде најлошото чувство, кога ќе се разбудиме и ќе се прашаме што се случило. Тоа ќе биде најтажниот момент, чувството на разочарување“, коментираше Леви.

Шаренолики и примамливи петте Квоти на денот

Квотите на денот во Sport Life може да ги множите со 40 за полесна да ви биде пресметката колкава би ви била можната добивка бидејќи за петте игри заедно вкупниот коефициент е 39.55, а има микс од квоти од типот на 1.75 до таква од 2.80 и плус микс од машки и женски фудбал.

Квота од 1.75 за КТП – Хака е првиот предлог, а за добивка потребно е да има 0-2 гола во прво и 1-2 гола во второ полувреме.

Победа на Баерн над Манчестер јунајтед во женската ЛШ, со гол во прво и 3+ голови на целиот меч е комбинација која носи квота од 2.05.

Малага да победи или да ремизира на гости кај Андора и притоа да нема повеќе од еден гол во првото полувреме е игра за која се нуди квота од 2.25.

Ако верувате дека девојките од Челзи ќе му дадат еден до два гола на Арсенал во второто полувреме на мечот од четвртфиналето во ЛШ, уплатете и добивате квота 1.75.

Најголемата квота од 2.80 е за петтиот предлог, Расинг Сантандер, да постигне барем два гола против Спортинг Хихон, но за добивка треба и гостите да дадат гол, макар и еден.

Сараево не спиеше, Џеко во 3 наутро одржа незаборавен говор пред илјадниците фанови (Видео)

Со огномети, факли и други пиротехнички средства, навивачите во Сараево доцна во ноќта ги пречекаа фудбалските репрезентативци на Босна и Херцеговина кои се пласираа на Светско првенство по победата на пенали над Италија во мечот игран во Зеница.

Илјадници луѓе се собраа пред Вечниот оган, а од балконот на зградата пред споменикот Вечен оган, се обрати капитенот Един Џеко и почна исто како во октомври 2013 година, со зборовите „Воздра, Рајвоса!“ (Здраво Сарај‘во на шатровачки сленг).

„Вака почнавме пред 12 години и повторно дочекавме. Велат играч на покер, а? Баш убаво ги изблефира покерашот. Што да каже, каква порака да се испрати?“, праша Џеко, кој им се заблагодари на директорот на репрезентацијата, Емир Спахиќ, на селекторот Сергеј Барбарез и на сите што „донесоа толку многу прекрасни млади играчи“. Тој, исто така, им се заблагодари на сите што дојдоа да ги пречекаат.