Дома Blog Страница 148

Леброн Џејмс стана кошаркарот со најмногу победи во историјата на НБА

Победата на Лос Анџелес лејкерс над Кливленд од 127-113 донесе тројна радост кај Езерриите. Леброн Џејмс стана кошаркар со најмногу победи во историјата на НБА, Лука Дончиќ го надмина рекордот на Коби Брајант по бројот на поени во еден месец, а Лејкерс ја освои титулата во пацифичката дивизија.

Џејмс сега има 1.229, од кои 1.045 во регуларна сезона и 184 во плејоф, па го надмина досегашниот рекорд кој го држеше една друга легенда на Лејкерс, Карим Абдул Џабар. Џабар уште е рекордер по бројот на победи во регуларната сезона, но и тој рекорд веројатно ќе падне ако Леброн остане здрав и игра и следната сезона.

Дончиќ на 27 години и 31 ден стигна до бројка од 15.000 поени во НБА, помлади од него до оваа бројка стигнале само Џејмс и Кевин Дурант. Словенецот во март даде 579 поени, што е нов рекорд на Лејкерс, Коби Брајант во 2006 имаше 578. Инаку, утрово освен Лејкерс, плејоф осигури и Денвер.

Детроит пистонс по пауза од 18 години освои дивизиска титула. Пистонс има 6-2 откако останаа без главниот играч Кејд Канингем поради здравствени проблеми.

Супер квотите ве чекаат во Sport Life

Супер тип понудата на Sport Life и за денеска не смее да се изостави, тука се 16 натпревари од повеќе спортови, а половината од мечевите се фудбалски и за нив имате по пет различни опции со зголемени квоти кои може да се искористат како џокери за подобрување на потенцијалната добивка.

Како и секогаш, има микс од квоти кои се речиси сигурно добитни и такви кои се малку поризични, но, секако, реални бидејќи фаворизираат екипи кои се фаворити за победа. Тука е и евролигашкиот меч Баерн – Фенербахче, каде што има одлична квота на турскиот тим, додека Баерн е фаворит во фудбал, и тоа во дуелот со Манчестер јунајтед од женската Лига на шампиони.

Една од најтажните слики синоќа, Левандовски остана без СП и најави повлекување (Видео)

Поразот на Полска од Шведска го остави легендарниот голгетер Роберт Левандовски без учество на Светското првенство, а по мечот напаѓачот на Барселона на „Инстаграм“ имаше симболична објава, постираше песна со наслов: „Време е да се збогуваме“.

Изборот на оваа песна веднаш предизвика низа шпекулации и прашања за иднината на капитенот на националниот тим на Полска. Левандовски не даде официјална изјава дека ја завршува репрезентативната кариера, но оваа објава направи таквото сценарио да изгледа реалност. 

„Не знам, прво треба да размислам за неколку работи. Сè уште имам неколку натпревари за играње оваа сезона со клубот. Ќе морам да одговорам на прашалниците во задниот дел од мојот ум. Фудбалот може да биде брутален – можеш да играш добро, да постигнуваш голови, да се вратиш двапати и на крајот да останеш без ништо. За спортистот и за навивачите тоа е најлошото чувство. Дефинитивно боли затоа што бевме толку блиску, а си одиме дома без ништо. Тоа е огромна болка и огромно разочарување. Мислам дека кога ќе се разбудам утре, ќе биде најлошото чувство, кога ќе се разбудиме и ќе се прашаме што се случило. Тоа ќе биде најтажниот момент, чувството на разочарување“, коментираше Леви.

Шаренолики и примамливи петте Квоти на денот

Квотите на денот во Sport Life може да ги множите со 40 за полесна да ви биде пресметката колкава би ви била можната добивка бидејќи за петте игри заедно вкупниот коефициент е 39.55, а има микс од квоти од типот на 1.75 до таква од 2.80 и плус микс од машки и женски фудбал.

Квота од 1.75 за КТП – Хака е првиот предлог, а за добивка потребно е да има 0-2 гола во прво и 1-2 гола во второ полувреме.

Победа на Баерн над Манчестер јунајтед во женската ЛШ, со гол во прво и 3+ голови на целиот меч е комбинација која носи квота од 2.05.

Малага да победи или да ремизира на гости кај Андора и притоа да нема повеќе од еден гол во првото полувреме е игра за која се нуди квота од 2.25.

Ако верувате дека девојките од Челзи ќе му дадат еден до два гола на Арсенал во второто полувреме на мечот од четвртфиналето во ЛШ, уплатете и добивате квота 1.75.

Најголемата квота од 2.80 е за петтиот предлог, Расинг Сантандер, да постигне барем два гола против Спортинг Хихон, но за добивка треба и гостите да дадат гол, макар и еден.

Сараево не спиеше, Џеко во 3 наутро одржа незаборавен говор пред илјадниците фанови (Видео)

Со огномети, факли и други пиротехнички средства, навивачите во Сараево доцна во ноќта ги пречекаа фудбалските репрезентативци на Босна и Херцеговина кои се пласираа на Светско првенство по победата на пенали над Италија во мечот игран во Зеница.

Илјадници луѓе се собраа пред Вечниот оган, а од балконот на зградата пред споменикот Вечен оган, се обрати капитенот Един Џеко и почна исто како во октомври 2013 година, со зборовите „Воздра, Рајвоса!“ (Здраво Сарај‘во на шатровачки сленг).

„Вака почнавме пред 12 години и повторно дочекавме. Велат играч на покер, а? Баш убаво ги изблефира покерашот. Што да каже, каква порака да се испрати?“, праша Џеко, кој им се заблагодари на директорот на репрезентацијата, Емир Спахиќ, на селекторот Сергеј Барбарез и на сите што „донесоа толку многу прекрасни млади играчи“. Тој, исто така, им се заблагодари на сите што дојдоа да ги пречекаат.

Фетаи: Тврд меч, Ирците немаа некои шанси, а ни ние немавме

Имран Фетаи го имаше своето деби во репрезентацијата на Македонија, дефанзивецот на Шкендија беше задоволен.

„Како за прв меч во националниот тим мислам дека одиграв добро, задоволен сум, се надевам дека ќе продолжам така. Ирска е цврст тим, мораше да играме јако. Беше тврда игра, тие немаа некои шанси, па ни ние. Мислам дека сите сме задоволни“, рече Фетаи.

Лука Станковски влезе да го размрда нападот, имаше некои закани, но без конкретна завршница.

„Дадовме сè од себе, се надевавме на позитивен резултат по оној меч во Данска. Но, таков е фудбалот, некогаш победуваш, некогаш губиш, некогаш реми. Нашето е да дадеме сè од себе во дресот на Македонија. Имавме две-три полушанси, се надевав дека ќе дадеме гол, се надеваме на позитивни резултати на наредните натпревари“, изјави Станковски.

Одредени сите 48 учесници на Светското фудбалско првенство

По победите на Ирак над Боливија од 2-1 и на ДР Конго против Јамајка од 1-0 по продолженија во интерконтиненталните баражи, познати се сите 48 селекции кои ќе учествуваат на Светското првенство во фудбал, како и изгледот на групите. Останува само и дефинитивно да се потврди дали Иран ќе игра.

Група А

Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, Чешка 

Група Б

Канада, Катар, Швајцарија, Босна и Херцеговина

Група Ц

Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска

Група Д

САД, Парагвај, Австралија, Турција

Група Е

Германија, Курасао, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор

Група Ф

Холандија, Јапонија, Тунис, Шведска

Група Г

Белгија, Египет, Иран, Нов Зеланд

Група Х

Шпанија, Зеленортски Острови, Саудиска Арабија, Уругвај

Група I

Франција, Ирак, Сенегал, Норвешка

Група Ј

Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан

Група К

ДК Конго, Португалија, Узбекистан, Колумбија

Група Л

Англија, Хрватска, Гана, Панама.

Гатузо: Се извинувам што не ја однесов Италија на Светско првенство

Италија стана првата земја која била светски првак во фудбал, а да пропуштила дури три Мундијали по ред. Ова е катастрофа за четирикатните светски шампиони, но баражите се покажуваат како кобни за нив.

Италијанскиот фудбал е во голема криза, не само репрезентацијата што потфрла, туку оваа сезона ќе нема ни клубови од Апенинскиот Полустров во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Селекторот Џенаро Гатузо во октомври 2025 година рече: „Ако не се квалификуваме за Светското првенство, ќе ја напуштам Италија и ќе живеам некаде далеку“.

Синоќа, по поразот од БиХ на пенали, изјави нешто друго околу својата иднина: „Мојата иднина? Не е време да се зборува за тоа сега. Многу ми е жал. Се извинувам што не можев да ја однесам Италија на Светското првенство. Ќе ми треба време да го преболам овој удар“.

Џиџи Буфон, кој е шеф на делегацијата, исто така рече дека ќе си даде оставка ако Италија не се пласира на СП, а синоќа рече дека тој и Гатузо остануваат до јуни, а потоа ќе видат што и како. Идната недела има избор за претседател на Фудбалската федерација на Италија и ако дојде нов предводник, големи се шансите Буфон и Гатузо да не го дочекаат ни јуни на функциите кои ги вршат.

Ова се историските пенали по кои БиХ ја елиминира Италија (Видео)

По голема борба и драма која траеше речиси три часа, Босна и Херцеговина обезбеди место на Светското првенство. На стадионот во Зеница, БиХ дури по подобро изведување на пеналите го елиминира големиот фаворит Италија.

Босна и Херцеговина вторпат во својата историја ќе биде дел од планетарниот собир, а Италија третпат во низа нема да биде дел од најголемиот фудбалски собир.

Сите пенали може да ги видите ТУКА.

Мусовски: Покажавме борбен карактер

Дени Мусовски го одигра вториот меч за македонската фудбалска репрезентација, која повторно не постигна гол, но овојпат барем беше добра во дефанзивната линија и на крајот извади 0:0 на гостувањето во Даблин против Ирска. Напаѓачот кој настапува во американскиот МЛС-шампионат вели дека е задоволен.

„Цврст, тежок меч. Имаат многу цврсти, силни играчи. Но, и ние покажавме борбен карактер. Се боревме во текот на сите деведесет минути и изборивме нерешен резултат, што сметам дека е добро. Беше тешко да се игра против нивните дефанзивци, високи, силни стопери. Задоволен сум од својот настап, се борев доста и за таа „втора“ топка и мислам дека оставив добар впечаток. Штета, можеби и што не добивме шанса и да победиме можеби“, изјави Мусовски по мечот.