Дома Blog Страница 149

Пенал-рулетите решија дека на СП ќе одат Босна и Херцеговина и Чешка

Репрезентациите на Босна и Херцеговина и Чешка се последните кои обезбедија место на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Двете селекции ќе одат на планетарниот собир, откако по подобор изведување на пеналите ги елиминираа Италија и Данска.

Италија поведе со голот на Мозес Кен во 15-тата минута, но Аѕурите потоа останаа со фудбалер помалку по исклучувањето на Бастони. Босна и Херцеговина во второто полувреме со сите сили тргна да израмни и тоа се случи во 79-тата минута, кога погоди Табаковиќ. Потоа немаше погодоци во дополнителните 30 минути, па пеналите решаваа.

Уште во првата серија Еспозито промаши за Италија, а потоа и Кристанте не беше прецизен. Сите четворица изведувачи на пеналите во селекцијата на БиХ беа прецизни за историска победа со 4:1 во „рулетот“.

Чешка и Данска одиграа 2:2 по 120 минути игра. Чесите водеа со 1:0 само по три минути игра, но Данска израмни во 72-рата минута, па мораа да се играат продолженија. Во дополнителните 30 минути Крејчи погоди за 2:1 за Чешка, а Хог израмни на 2:2 во 111-тата минута, најавувајќи ги пеналите.

Во пенал-серијата, Чесите психолошки беа постабилни. Тие и во полуфиналето на свој терен на пенали ја елиминираа Ирска, а сега беа подобри и од Данска, и тоа со 3:1. Данците промашија три од четирите пенали, додека Чесите погодија три од четири шута и на крајот се радуваа на пласман на Светско првенство.

 

Седлоски: Задоволен сум, мора да продолжиме да работиме и головите ќе дојдат

Македонија одигра без голови 0:0 во Даблин против Ирска, во меч на две селекции кои беа поразени во полуфиналните бараж-пресметки за пласман на Светското првенство. Селекторот Гоце Седлоски е задоволен од тоа што го покажаа неговите избраници.

„По оној исцрпувачки меч и пораз од Данска, сега ремизиравме против Ирска во дуел на кој немаше многу шанси. Задоволен сум, им дадов шанса на сите фудбалери, голем дел од нив на оваа средба ја оправдаа довербата. Фетаи денеска беше дебитант и одлично се покажа. Мора да работиме и понатаму, сакам да бидеме и офанзивни и верувам дека ќе дојдат и головите“, рече Седлоски на прес-конференцијата во Даблин.

Јапонија ја шокира Англија и продолжи една неверојатна серија (Видео)

Репрезентацијата на Јапонија минимално со 1:0 славеше на легендарниот стадион „Вембли“ во Лондон против Англија во пријателски меч. Јапонците имаа само 30 отсто посед на топка, но и тоа беше доволно да се радуваат на триумф.

Клучниот момент се случи во 23-тата минута, кога Каору Митома постигна гол по еден одлично изведен контра напад. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Англичаните напаѓаа со сите сили да израмнат и да се спасат од пораз, но не успеаја. Јапонија со овој триумф продолжи една неверојатна низа, а тоа е да нема пораз во дуелите со европски ривали уште од 2019 година.

 

 

Турција го сруши сонот на Косово, на СП оди и Шведска, а следуваат продолженија на БиХ – Италија и Чешка – Данска (Видео)

Репрезентациите на Турција и на Шведска се пласираа на завршницата на Светското првенство кое летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико откако славеа во финалните бараж-дуели против Косово, односно Полска. Во останатите два баражи, драмата ќе продолжи откако по 90 минути е нерешено на пресметките меѓу Босна и Херцеговина (1:1) и Чешка – Данска (1:1).

На стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина, Турција го преживеа „пеколот“ и победи со 1:0. Голот вреден пласман на Светско првенство го постигна Керим Артукоглу во 53-тата минута. Напаѓачот на Фенербахче одлично се снајде во контранападот и погоди за голема радост на гостите.

🚨 WORLD CUP QUALIFIERS! 🌍

KEREM AKTURKOGLU WITH A CRUCIAL GOAL! 🤯

🇽🇰 Kosovo 0-1 Turkey 🇹🇷

🎥 @GoalsXtra pic.twitter.com/flU1qdfQI3

Многу драма со среќа на крајот за Шведска во дуелот против Полска. Швеѓаните водеа со 1:0 и 2:1, но гостите израмнуваа. На крајот, Шведска со голот на Виктор Ѓокереш стигна до победа од 3:2 и пласман на Мундијалот.

Реми со Ирците, како утеха за пропуштениот Мундијал

Фудбалската репрезентација на Македонија ремизира без голови против Република Ирска во дуелот на двете поразени селекции по полуфиналниот бараж за пласман на СП 2026. Многу подобро во дефанзивата, но факт е и дека ова беше меч со многу помал набој и интензитет од оној против Данска во Копенхаген.

Во 26-тата минута, Енис Барди се закани од слободен удар, но Каоимхин Келехер беше сигурен и ја оттурна топката во корнер. Само две минути подоцна следуваше речиси пресликан обид на спротивната страна преку Фин Азаз, но без вистинска опасност по голот на Столе Димитриевски — ударот заврши над гредата.

Домашните се заканија уште двапати преку Трој Парот. Првиот негов обид со глава заврши право во рацете на Димитриевски, додека вториот, од коса позиција од десната страна беше целосно непрецизен.

Во 39-тата минута, Парот ја пропушти најзрелата шанса за Ирска. Дарко Велковски не реагираше најдобро, што му овозможи на напаѓачот да влезе во чиста позиција, но ударот од околу 12 метри повторно не беше доволно прецизен.

Непосредно пред паузата, во 45-тата минута, Парот ја затресе мрежата, но погодокот беше поништен поради офсајд.

Со почетокот на второто полувреме, Македонија внесе свежина во составот — во игра влегоа Дени Мусовски и Милан Ристовски во офанзивата, како и Никола Серафимов во одбранбената линија.

Во 50-тата минута повторно Парот се најде во изгледна позиција, но шутираше покрај стативата, а пет минути подоцна Азаз се обиде од дистанца, но и неговиот удар не беше прецизен.

Притисокот на Ирците продолжи, а во 62-рата минута Лијам Скејлс се закани, но Бобан Николов со одличен лизгачки старт го блокира ударот.

Во завршницата, Мусовски беше во можност, но не го издржа дуелот во противничкиот шеснаесетник. Ирците имаа одлична шанса преку Џони Кени, но Столе Димитриевски одбрани.

До самиот крај, селекторот Гоце Седлоски им даде шанса на поголем дел од резервистите, користејќи ја можноста за ротација и дополнително тестирање на составот.

Србија со пресврт и еден од најубавите голови во нивната историја стигнаа до победа (Видео)

Во пријателски меч, Србија со 2:1 славеше над Саудиска Арабија во Бачка Топола. Србите беа големи фаворити за победа, но на полувреме губеа со 0:1. Пресвртот во второто полувреме се случи во период од 66-тата до 70-тата минута, кога домаќините постигнаа два гола.

Играчот на Милан, Страхиња Павловиќ, постигна спектакуларен погодок со „ножички“ за израмнување на 1:1 во 66-тата минута. Како што пишуваат српските медиуми, ова е еден од најатрактивните погодоци што бил постигнат од фудбалер во дресот на српската репрезентација.

Пресвртот на Србија беше комплетиран во 70-тата минута, кога погоди Александар Митровиќ. Напаѓачот кој на клупско ниво игра токму во Саудиска Арабија и многу добро ги познава овие ривали, погоди за 2:1 и не дозволи да има изненадување во Бачка Топола.

Италија води во Зеница против БиХ, чекор поблиску до СП се и Чешка и Шведска (Видео)

Италија води по првото полувреме на гостувањето во Зеница против Босна и Херцеговина во еден од четирите финални бараж европски дуели за пласман на Светско првенство. По кисот на голманот на БиХ, Мојзе Кен погоди за водство на Италија во 15-тата минута. Голот на Кен може да го видите ТУКА.

Во финишот на првото полувреме Аѕурите останаа со фудбалер помалку по директниот црвен картон на Бастони, што значи дека Босна и Херцевоина во второто полувреме ќе има играчка предност на теренот.

Минимална предност од 1:0 има и Чешка во дуелот против Данска во Прага. Уште во третата минута домаќините поведоа со голот на Сулц.

Најмногу возбудувања имаше во Шведска, каде што домашната селекција води со 2:1 против Полска. Единствено мрежите во првото полувреме мируваа на дуелот во Приштина, каде што Косово и Турција играат 0:0.

Досадно прво полувреме во Даблин

Република Ирска и Македонија играат без голови по првите 45 минути на дуелот во Даблин. Ова е меч на двете поразени селекции во полуфиналните пресметки од баражите за пласман на Светско првенство.

Двете селекции покажаа дека немаат големи мотиви и амбиции, па затоа и првото полувреме не беше многу интересно. Единствената шанса за гол Македонија ја имаше кога биеше Енис Барди од слободен удар, но домашниот голман одбрани.

Кај Ирците најактивни беа Перот и Азаз. Првиот имаше две шанси, но не погоди, а Азаз од слободен удар шутираше високо над голот.

Ѕвезда на Нотингам форест е главна цел на Манчестер јунајтед за летниот преоден рок

Раководството на Манчестер јунајтед ја одреди ѕвездата на Нотингам форест, Елиот Андерсон, како главна цел за летниот трансфер-прозорец. Фудбалерот е посакуван и од Манчестер сити, но, како што тврдат англиските медиуми, од Јунајтед се подготвени да вложат дополнителни напори за да го доведат пред нивниот градски ривал.

Андерсон има договор со Нотингам форест до 2029 година, но на „Сити граунд“ постои взаемно разбирање дека ќе биде продаден ова лето. Интересен факт е дека Андерсон е застапуван од истата менаџерска агенција со играчот за врска на Јунајтед, Коби Мејну, кој наскоро треба да потпише нов договор.

Раководството на Црвените ѓаволи ова лето планира да ангажира двајца фудбалери од средниот ред. Меѓу играчите од Премиер лигата кои ги следат се: Елиот Андерсон, Адам Вортон, Сандро Тонали, Карлос Балеба и Алекс Скот.

Ливерпул го бендиса голгетерот на Спортинг Лисабон

Англискиот премиерлигаш Ливерпул покажува интерес за напаѓачот на Спортинг Лисабон, Луис Суарес, објавува португалското издание „Кореио да Мања“.

Колумбиецот има извонредна сезона за Лавовите од Лисабон. Тој постигна 33 гола и забележа седум асистенции во 42 натпревари оваа сезона.
Спортинг го доведе Луис Суарес минатото лето од Алмерија за близу 23 милиони евра.

Договорот на напаѓачот важи уште четири години, а откупната клаузула во договорот изнесува 80 милиони евра. Тоа не е сума која Ливерпул не би можел да ја исплати во целост доколку реши да го ангажира.

Напаѓачот веќе има искуство на англиските терени откако беше дел од Ватфорд. Исто така, играше и во Леонес, Гранада, Химнастик, Сарагоса и Марсеј.