Дома Blog Страница 151

Шанса против Ирска добиваат Лука Станковски, Костадинов, Велковски, Мусовски…

Нема некое посебно натпреварувачко значење вечерашниот дуел со Република Ирска, но секој натпревар што го игра Македонија е важен, за рејтингот, за имиџот, за атмосферата во и околу националниот тим. Оттаму секако дека македонските репрезентативци се желни да прикажат многу подобра игра и ќе сторат сѐ за да извлечат и поволен резултат на дуелот против Ирците на стадионот „Авива“ во Даблин.

Селекторот Гоце Седлоски најави дека ќе направи одредени промени во стартниот тим, но дека сепак ќе го задржи костурот од оние кои настапија и против Данска.

Договорено е двете селекции да можат да извршат осум замени во текот на натпреварот, па јасно е дека шанса ќе добијат и поголем дел од фудбалерите кои останаа на клупата или воопшто не беа во записникот против Данците во Копенхаген.

На вечерашниот меч се очекува шанса да добијат Лука Станковски, Решат Рамадани, Дени Мусовски, Дарко Велковски, Тихомир Костадинов, Исник Алими… Но, и покрај тоа, се очекува на голот да биде Столе Димитриевски, во одбраната да остане Ѓоко Зајков, во средниот ред да настапат капитенот Енис Барди и Елиф Елмас.

Натпреварот меѓу Република Ирска и Македонија е закажан за 20:45 часот, на стадионот „Авива“ во Даблин, кој се очекува да биде исполнет речиси до последното место.

Пред 52 години играа на СП, но под друго име и знаме, вечерва може да испишат историја

Фокусот на фудбалската јавност е на европските баражи со кои ќе се одредат патниците на Светското првенство, а еден таков бараж ќе се игра и во Запопан, Мексико, каде што ДР Конго и Јамајка ќе се борат за место на Мундијалот. 

Демократска Република Конго пред 52 години играше на СП, но тогаш под името Заир, а државата имаше и друго знаме.

Заир беше првиот претставник на Потсахарската Африка на светските првенства. Но, ждрепката не му беше наклонета, го стави во група со Шкотска, Југославија и Бразил. На дебито против Шкотланѓаните, тие со своите карактеристични жолти дресови со прекарот „Леопарди“ и леопардски принт се држеа, но на крајот загубија со 0-2.

Пред вториот меч, сè се распадна. Првично одбија да играат, но сепак се појавија на теренот против Југославија и беа поразени со 0-9, што е најголемиот пораз во историјата на дветските првенства досега. Заир беше предмет на потсмев на светот. А тоа беше нешто што го налути диктаторот Мобуту Сесе Секо, кој се нарекуваше себеси „Семоќниот воин“.

По натпреварот, тој ги испрати своите телохранители да им се закануваат на играчите и им рекле дека ако загубат со повеќе од три гола од Бразил, никому нема да му биде дозволено да се врати дома. Играчите под таква закана во Гелзенкирхен правеа и несфатливи потези, како оној при 2-0 кога пред Бразил да изведе слободен удар близу до работ на шеснаесетникот на Заир, Мвепу Илунда се стрча кон топката и ја шутна далеку напред. И тој точно знаеше што прави. Се обидуваше да преживее со сите потребни средства. Бразил постигна уште еден гол, а тимот на Заир се врати дома, но без да види трага од ветените пари и со непријатно чувство дека го навредиле диктаторот.

Сега ДР Конго предводен од Ван Бисака, Бакамбу, Туанзебе и другарите, со победа над Јамајка ќе се пласира на СП и може да им се заблагодари на тие сонародници за она што го направија за фудбалот на својата земја.

Полноќен огномет пред хотелот во Приштина во кој спиеја Турците (Видео)

Во пресрет на вечерашниот меч во Приштина помеѓу Косово и Турција вечерва во 20:45 часот, во кој влогот е исклучително висок за двете репрезентации, пласман на Светско првенство, се пукаа огномети на полноќ пред хотелот каде што престојуваше турската репрезентација.

Турците велат дека огнометот бил испален кон прозорците и безбедносните мерки ги оценуваат како несоодветни.

Експлозиите беа доста гласни, а Фудбалската асоцијација на Турција вели дека е разочарана од однесувањето на навивачите на Косово, кои Турција ја сметаат за пријателска земја, но вечерва ќе бидат на тотално спротивни страни.

Победникот од овој натпревар на Светското првенство ќе игра во групата Д заедно со Австралија, Парагвај и домаќинот САД.

Хаос: Лукаку не се појави на тренинг, Наполи му се закани со исфрлање од тимот!

Фудбалскиот клуб Наполи објави соопштение во кое обелодени дека Ромелу Лукаку не одговорил на повикот да се врати на тренинг со екипата, па клубот го задржува правото да размисли за соодветна дисциплинска мерка, дали на играчот да му биде дозволено да продолжи да тренира со тимот на неодредено време.

Тренерот Антонио Конте знаел за ова, но не одобрил. Лукаку има одличен однос со Конте и наводно минатата недела го предупредил дека не сака да се врати во Неапол, иако веќе го напуштил тренинг-кампот на репрезентацијата бидејќи не бил физички подготвен.

Политиката на клубот е јасна: никој не е над правилата на клубот.

Мегадуелите во Манчестер и Мадрид главен предизвик за играчите на Спортската прогноза

Новото, 25-то коло на Спортската прогноза нуди 13 интересни натпревари, па треба да се нафатите на предизвикот да типувате и да чекате Среќна 13-ка. Со 13 погодени фиксови од основната понуда, се добива подарок iPhone 16.

Подароци има и за оние кои ќе имаат 12 погодоци, а тоа е ваучер од Sport Life во износ од 1.000 денари. За 11 погодени парови добивате ваучер во вредност од 500 денари.

Главен фокус во ова коло ќе биде дербито Атлетико Мадрид – Барселона од шпанската Ла Лига, како и четвртфиналето на англискиот ФА куп помеѓу Манчестер сити и Ливерпул. Овој меч на „Етихад“ почнува во 13.45 часот и тоа е терминот до којшто може да се учествува во ова коло на популарната бесплатна игра.

ГРК Охрид потврди: Дино Славиќ е првото засилување за наредната сезона!

Хрватскиот репрезентативен голман Дино Славиќ (33 години, 185 см.) ќе го носи дресот на ГРК Охрид со бројот 12 минимум во наредните две сезони.

Славиќ во Охрид доаѓа од екипата на Лимож по три сезони минати таму, а претходно го носеше дресот на Загреб и Адемар Леон. Има одлични и забележителни настапи за хрватската репрезентација.

„Сметам дека Охрид е еден добар проект, разговарав многу со играчите и управата. Имав неколку понуди, но се одлучив за Охрид, резултатите се сè подобри од година во година, клубот напредува. Слушнав сè најдобро за Охрид како клуб и место за живот. Среќен сум што доаѓам тука и се надевам дека ќе му помогнам на клубот да ги исполни сите амбиции кои ги има. Македонската лига од година во година е сè подобра, ќе се игра и во Европа и тоа ќе биде дополнителен мотив“, изјави Дино Славиќ откако и официјално потпиша за амбициозните Гладијатори.

Бугарија тагува, почина легендарниот голман и претседател на фудбалскиот сојуз

Поранешниот голман и капитен на фудбалската репрезентација на Бугарија и поранешен долгогодишен претседател (18 години беше на чело на Федерацијата) на Фудбалскиот сојуз, Борислав Михајлов, почина на 63-годишна возраст.

Легендарниот Михајлов имаше сериозни здравствени проблеми по претрпен мозочен удар и од крајот на ноември беше хоспитализиран. Во последните недели неговата состојба беше критична, се наоѓаше во кома и не успеа да закрепне и покрај напорите на лекарите.

Михајлов бранеше 102 пати за бугарската репрезентација, беше капитен на славниот тим за време на Светското фудбалско првенство во САД 1994 година, кога Бугарија направи сензација и стигна до полуфиналето.

Легендата Христо Стоичков објави емотивна порака по повод лошата вест.

„Каде брзаше, Боби? Зошто толку рано? Нашиот капитен, нашиот водач, нашиот пријател нè напушти! Солзите не можат да престанат! Беше голем човек и голман! Толку е тажно! Ти и Туњо (Трифин Иванов н.з.) се здруживте во подобар свет! Чувај нè, води нè! Те прегрнувам, пријателе мој!“, напиша Стоичков на Фејсбук.

Убав датум за победа над Ирска, точно пред пет години Македонија ја совлада Германија

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Даблин игра натпревар со Република Ирска, а на денешен датум пред пет години ја имавме една од најзначајните победи во историјата, беше остварен резултат кој силно одекна во фудбалскиот свет.

На 31 март 2021 година, Македонија ја совлада Германија со 2-1, и тоа на нејзин терен во Дуисбург во квалификациите за СП 2022. Горан Пандев го отвори резултатот пред самиот крај на првото полувреме, носејќи ѝ предност на Македонија. Германците израмнија преку Илкај Гундоган од пенал во 63-тата минута. Херојот на вечерта беше Елиф Елмас, кој во 85-тата минута ја затресе мрежата на Германците и го запечати историскиот триумф на Македонија против фудбалскиот гигант.

Таа и онаа победа од 1-0 во Палермо над Италија во март 2022 се двете најголеми во нашата историја, според рејтингот на противниците што сме ги победиле.

Ирска не е ни Германија ни Италија, но пожелно би било вечерва Црвено-жолтите иако се аутсајдери, да направат добар резултат со кој 31 март ќе го паметиме по добро, не само по победата над Германците.

Шпанија – Египет ќе биде многу повеќе од само пријателски меч

На претстојното Светско првенство во фудбал, како број 1 на ранг-листата на ФИФА може да влезат само Шпанија и Франција, а која од нив ќе биде, се одлучува вечерва, на пријателскиот дуел на Шпанците со Египет.

Ако победи Шпанија, Црвената фурија ќе остане лидер на ФИФА-листата. Ако средбата заврши нерешено или ако победат Фараоните, тогаш Шпанија паѓа на второ место, а Франција ќе се искачи на прво.

Во моментов Шпанија има два поенa повеќе од Франција, а пет од Аргентина, која е трета. Аргентина може да ја симне Шпанија на третото место, но треба Шпанија да загуби од Египет, а Аргентинците да ја совладаат Замбија.

Мечот со Ирска е многу важен за да се врати (самодо)вербата во репрезентацијата

Секој пораз боли многу, но ако го прекине сонот за настап на Светско првенство, тогаш отвора големи рани. Данците убедливо ја поразија селекцијата на Гоце Седлоски и ставија крај на надежите за пласман на Мундијалот.

Пет дена подоцна, фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) ќе одигра натпревар против Република Ирска во Даблин, како дуел на две поразени селекции во полуфиналниот плејоф за СП 2026.

Навидум е резултатски неважен, но всушност ова е многу важен меч за македонската фудбалска репрезентација. Фудбалерите да ја вратат самодовербата, а нацијата да ја врати вербата во репрезентацијата.
„Секој фудбалер игра за државата, за Македонија. Не игра за мене или за поединци. Ова е репрезентација на Македонија“, изјави селекторот Гоце Седлоски на вчерашната прес-конференција.

Имаше и негодувања, незадоволство од минутажата и изборот на селекторот. Бојан Миовски се врати во клубот по барање на Глазгов ренџерс, а Александар Трајковски стави крај на репрезентативната кариера. Напомена и дека смета дека неговиот труд не е доволно вреднуван.

Од тој аспект, за да се врати (самодо)вербата во репрезентацијата, вечерашниот меч против Република Ирска е многу значаен.

„Јас сакам да победам на секој натпревар, посебно кога играм за Македонија“, истакна голманот Столе Димитриевски.

Вечерва, на стадионот „Авива“ во Даблин, Македонија ќе ги одмери силите со Ирска, која исто така е „ранета“ по поразот на пенали од Чешка во полуфиналниот плејоф за пласман на Светското првенство.