Дома Blog Страница 150

ТФТ Скопје го победи Златибор на гости и ќе игра во полуфиналето на плејофот во АБА 2

Екипата на ТФТ се пласира во полуфиналето на плејофот во АБА 2 лигата откако на гостински терен го победи Златибор Чајетина со 90:80. Со овој триумф ТФТ со 2:1 во победи го елиминира фаворизираниот српски тим, па сега во полуфиналето ќе игра против Сутјеска.

Фуриозно започна ТФТ уште од самиот почеток на мечот, па по првата четвртина имаше убедлива предност од 13 разлика (28:15). Во втората четвртина тимот на Златибор заигра подобро, па успеа да стигне и до реми 34:34, а првпат домаќините поведоа во третата четвртина, и тоа со 40:39. По три четвртини Златибор имаше предност од 59:57, што беше најава на неизвесни последни 10 минути.

Кога беше најпотребно, кошаркарите на ТФТ заиграа најдобро. Златибор водеше со 67:66, но скопјани заиграа одлично и со серија од 10:2 стигнаа до водство од 76:69, а потоа до крајот на средбата со смирена игра ја сочуваа предноста, а до крајот стигнаа и до убедлива победа од 10 разлика.

 

Македонија У17 „бетонирана“ на последно место во групата, националниот тим до 19 години по денешното реми гo избегна „фенерот“

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години со три порази ги заврши настапите во квалификациите за пласман на ЕП. По поразите од Франција (2:1) и Германија (2:1), Македонија денеска беше поразена убедливо од Словенија со 4:0. На тој начин јуниорите останаа на последното место без ниту еден бод.

Фудбалската репрезентација за играчи до 19 години заврши со два бода во квалификациската група откако вечерва одигра 1:1 против Молдавија. Претходно ремизираа 0:0 со Фарски Острови, а загубија од Холандија убедливо со 4:0, па на крајот се на третото место во групата.

Почетни состави: Растодер повторно е главен адут во нападот, Барди, Елмас и Чурлинов треба да помагаат од „сенка“

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, не направи многу промени во стартниот тим за дуелот против Ирска кој се игра вечерва. Со Димитриевски на голот, а покрај Зајков и Велковски во дефанзивната линија е и Ирман Фетаи од Шкендија, кој ќе дебитира за Македонија.

Ерера, Барди, Чурлинов, Костадинов и Алими ќе бидат во средниот ред, а заедно со Растодер, како најистурен во нападот, треба да биде Елиф Елмас и да го нападнат голот на Ирска во Даблин.

Арсенал ќе го купи голгетерот на Клуб Бриж

Арсенал покажува интерес за напаѓачот на Клуб Бриж, Николо Тресолди. Топчиите сакаат да ангажираат уште еден млад и квалитетен фудбалер како офанзивна опција во текот на летниот преоден рок. Изборот на Микел Артета падна на голгетерот на Клуб Бриж.

Лидерот во Премиер лигата во моментов е фаворит за потписот на 21-годишниот напаѓач, пренесува „Билд“. Раководството на Арсенал гледа сериозен потенцијал во Тресолди и веќе започнало разговори за негов трансфер.

Николо Тресолди е роден во Италија, но настапува за младинските селекции на Германија. Неговиот договор со Клуб Бриж важи до летото 2029 година. Тој беше доведен минатото лето од Хановер за 7,5 милиони евра.

Напаѓачот има постигнато 17 голa на 48 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

Ќе биде ли среќна „седумката“ во Полноќниот експрес? (Фото)

Седум НБА-натпревари се на програмата во ноќта што е пред нас, а тоа значи нова возбуда и квоти какви што нема на друго место. Се разбира, сето ова е дел од Полноќниот експрес на Sport Life.

Тимот на Шарлот хорнетс е огромен фаворит на гостувањето кај Бруклин нетс, а ЛА клиперс има сериозна домашна предност на дуелот со Портланд. Останатите мечеви ќе ја донесат потребната неизвесност.

Покрај стандардните квоти, тука е и омилената игра „плус/минус поени“ за поентерскиот ефект на кошаркарите.

Ужасни сцени на „Опус Арената“: Турскиот селектор колабира, веднаш беше однесен со Брза помош

Клучниот натпревар во квалификациите за Европското првенство до 21 година помеѓу Турција и Хрватска беше прекинат во 35-тата минута, откако селекторот на Турција, Егемен Коркмаз, колабира.

На 10-тина минути пред крајот на првиот дел, Демир Еге Тикназ направи прекршок со кој спречи контранапад на Хрватска, а главниот судија му додели жолт картон, втор за него на мечот, што автоматски значеше и црвен картон и исклучување.

Кратко потоа се крена паника во близина на турската клупа, а по неколку моменти потоа стана јасно што се случува. Видеото од инцидентот го покажува Коркмаз, незадоволен од одлуката на судијата, како скока близу до аут-линијата, се свртува кон клупата, а потоа се онесвестува.

Веднаш беше повикана Брза помош и таа брзо реагираше. Судијата го прекина натпреварот, ги испрати играчите во соблекувалната, а Коркмаз се освести неколку минути подоцна, добивајќи аплауз од публиката. Натпреварот моментално е прекинат, а Коркмаз беше однесен со Брзата помош.

Македонските надежи до 21 година победија на гости кај Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година славеше на гостувањето кај Ерменија со 2:0 во меч од квалификациите за пласман на ЕП. По еден гол во двете полувремиња дадоа македонските надежи, во одбраната беа одлични и на крајот заслужено се радуваа на победа.

Мартин Ѓоргиевски, кој во игра влезе во 25-тата минута на местото на повредениот Дураков, беше стрелец на погодокот за 1:0, и тоа од пенал во 45-тата минута. Во вториот дел беше неизвесно до 76-тата минута, кога Адмир Љатифи зголеми на 2:0 и ги реши сите дилеми околу победникот.

Со оваа победа Македонија У21 ја прекина низата од четири победи и сега стигна до шест бода во квалификациската група, што е доволно за петтата позиција, зад лидерот Полска, потоа Италија, Црна Гора и Шведска, а пред Ерменија.

Легендарниот Игор Џамбазов влегува во фудбалските води

Фудбалскиот клуб Дојранско Езеро доби нова управа, а на чело застанува легендарниот шоумен Игор Џамбазов. Една од најпрепознатливите јавни личности во Македонија го прифати предизвикот да влезе во фудбалските води и да се обиде да даде придонес за напредок на клубот кој е гордост на Дојран.

ФОТО: https://sportskamreza.mk/

Покрај Џамбазов, во управата на клубот влегуваат и Мишел Истатов, кој е син на легендарниот македонски голман Благој Истатов, потоа поранешниот селектор на женската репрезентација Кирил Изов и Иле Поп Костов на функцијата секретар во клубот.

Клубот од Нов Дојран е формиран во 1978 година, а има свој стадион и одлична инфраструктура. Сезонава се натпреварува во Третата фудбалска лига-Исток, а најголемиот успех го има со настапите во Втора македонска лига.

Ирците знаат зошто не сакаме шал со „Северна”…Не е исто Ирска и Северна Ирска (Фото)

Остануваат само неколку часа до почеток на дуелот меѓу Република Ирска и Македонија во Даблин, а низ улиците на градот може да се забележат штандови на кои се продаваат шалови и други сувенири за овој меч. Додека новинарите шетаа, продавачите на сувенири беа збунети зошто никој не сака да купи сувенир од овој натпревар.

„Зошто ниту еден од вас не сака да купи шал или некој друг сувенир“, прашуваа продавачите, а одговорот беше едноставен и многу брзо им стана јасно каде „згрешиле“.

„Нашата земја е Македонија. Шал на којшто пишува Северна тешко дека некој ќе купи. Вие барем најдобро знаете дека Ирска и Северна Ирска не е исто“, беше одговорот што го доби продавачот на сувенири.

Стадионот „Авива“ се очекува да биде исполнет до последно место. Нема организирано гостување на македонските навивачи и нивниот број би бил минимален на трибините.  Шаловите кои се продаваа чинеа по 20 евра.

Колку за потсетување, за разлика од Ирците, кога Македонија минатата година гостуваше во Казахстан, на стадионот во Астана се продаваа шалови за тој натпревар, а домаќините напишаа дека играат Казахстан и Македонија и никаде ја немаше придавката која им пречи на најголем дел од Македонците.

Гатузо: Чувствувам дека цела држава ми е на раменици

На неколку часа до почеток на дуелот меѓу Босна и Херцеговина и Италија, селекторот на некогашниот светски и европски првак, Џенаро Гатузо, вели дека чувствува притисок како никогаш досега и тоа поради важноста на средбата. Во Зеница на „Билино поле“, Босна и Херцеговина е домаќин на Италија, а победникот ќе обезбеди место на Светското првенство кое ова лето ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

„Ова е поинаков вид притисок од тој што сум го имал кога сум се подготвувал за мечеви во Лигата на шампионите или Светско првенство кога бев играч. Тука чувствувам таков притисок како целата држава да ја имам на моите раменици. Многу полесно ми беше кога бев како играч отколку сега. Имам целосна поддршка и од семејството и тоа е многу важно“, рече Гатузо, кој додаде дека Босна и Херцеговина има силна репрезентација, но секако дека и тие имаат слаби страни кои Аѕурите ќе се обидат да ги искористат и да стигнат до победа.

Гатузо очекува дека БиХ во првите 10-15 минути ќе започне многу офанзивно и Италија ќе се обиде да го издржи тој притисок, а потоа да стигнат до единствената цел која е за нив зацртана, а тоа е пласман на Светско првенство 2026.