Дома Blog Страница 17

Карлос Алкарас ја доби престижната награда „Лауреус“ за спортист на годината

Тенисерот Карлос Алкарас ја освои престижната награда „Лауреус“ за спортист на годината. Наградата му беше врачена на 22-годишниот Алкарас на церемонија што се одржа во Мадрид.

Други номинирани за наградата беа: Јаник Синер (тенис, Италија), Арманд Дуплантис (атлетика, Шведска), Тадеј Погачар (велосипедизам, Словенија), Марк Маркес (мотоциклизам, Шпанија) и Усман Дембеле (фудбал, Франција).

Во 2025 година Алкарас ги освои гранслемите „Ролан Гарос“ и Отвореното првенство на САД, а сезоната ја заврши на првото место на светската ранг-листа. 

Сепак, Карлитос ги загрижи своите фанови бидејќи уште има лонгета на раката и изјави дека не знае дали ќе игра на „Ролан Гарос“, кој почнува на 24 мај. Ако се процени дека играњето носи ризик за поголеми проблеми во иднина, нема да настапи.

Алкарас е прв Шпанец по Рафаел Надал од 2021 кој ја добил „Лауреус“.

Спортистика на годината е тенисерката Арина Сабаленка. Награди добија и Рори Мекилрој (камбек на годината), Тони Крос (спортска инспирација), ПСЖ (тим на годината), Ламин Јамал (најдобар млад спортист), Ландо Норис (пробив на годината), Габриел Араухо (спортист со физички хендикеп), Надја Команечи (за животно дело).

Најголемиот романски фудбалер на сите времиња стана селектор

Славниот Георге Хаџи е нов селектор на фудбалската репрезентација на Романија.

Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид и Барселона на оваа функција го наследува Мирчеа Луческу, кој неодамна почина и остави голема празнина во романскиот фудбал.

Договорот на Хаџи е на две години.

Инаку, „Ароманецот“ Хаџи има потекло од егејскиот дел на Македонија, од каде што неговите родители се преселиле во Романија.

Како играч, Хаџи има 125 настапи за Романија и го дели рекордот од 35 постигнати голови со Адриан Муту. Хаџи учествуваше на по три Светски и европски првенства, беше диригент на најуспешниот период во историјата на тимот. Првиот меч како нов селектор ќе го има во јуни против Грузија на гости, а неколку дена подоцна дома го пречекуваат Велс.

Реал Мадрид ја освои јуниорската Лига на шампиони

Екипата на Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години откако вечерва во финалето во Лозана на пенали го победи Клуб Бриж.

Во регуларните 90 минути беше 1-1 (Реал поведе со убав гол со пета) и се премина на изведување пенали. Јунак на Реал е голманот Хави Наваро, кој одбрани два удари од белата точка на младите Белгијци, а од Кралскиот клуб сите четорица кои шутнаа, постигнаа гол.

Реал Мадрид и во 2020 беше европски првак во јуниорска конкуренција, ова му е втора титула. Рекордер е Барселона со три трофеи во јунниорската ЛШ, а две титули освен Реал има и Челзи.

Компани се пошегува со селекцијата на Ватикан, ги спореди со Борусија Дортмунд (Видео)

Баерн Минхен ја прими неофицијалната фудбалска репрезентација на Ватикан која не се натпреварува во натпреварувањата на УЕФА и ФИФА.

Реакцијата на тренерот на Баерн, Винсан Компани, беше хит, бидејќи се пошегува со Ватиканците и нивните жолти дресови.

„Не сте Борусија Дортмунд, нели?“, им рече Компани, по што сите се насмеаја и доби аплауз од тимот.

Во ватиканскиот национален тим играат вработени од ватиканските музеи, членови на Швајцарската гарда што го чува Папата и членови на правната служба во Ватикан. Репрезентацијата на Ватикан во Германија одигра и еден добротворен натпревар против тим од поранешни ѕвезди од Бундеслигата.

Македонија ги доби ривалите за групната фаза на Светското училишно првенство

Ждрепката за Светското училишно првенство во ракомет кое ќе се игра во Скопје го смести машкиот тим на Македонија во групата А со Република Српска, Грузија, Бугарија и Саудиска Арабија. Во женска конкуренција, Македонија ќе игра во групата Ц заедно со Белгија, Грузија и Словачка.

Селектор на машката училишна репрезентација е Горан Кузманоски, а женската ја предводи Даниела Новеска.

На овој масовен настан ќе учествуваат 36 земји, кои ќе настапат во машка и во женска конкуренција. Сите делегации веќе се пристигнати во нашиот главен град и со нетрпение го очекуваат стартот на првенството.

Утре е свеченото отворање со дефиле на плоштадот Македонија во центарот на Скопје од 19.30 часот, ќе има музика и шоу програма, а натпреварите стартуваат на 22 април.

Екстренерот на Елмас во Лајпциг, официјално е нов менаџер на Борнмут

Марко Розе ќе ја преземе функцијата менаџер на Борнмут од сезоната 2026/27. Овој 49-годишен германски тренер потпиша тригодишен договор со Црешите. 

Андони Ираола, кој го водеше тимот од 2023 година, ќе замине ова лето, па Розе ќе го наследи. Борнмут е на осмо место на табелата во Премиер лигата.

Розе е познат по својата работа во РБ Лајпциг, Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах и Салцбург. Во Лајпциг ги тренираше нашиот Елиф Елмас и Доминик Собослаи, а во Дортмунд работеше со ѕвездите Ерлинг Халанд и Џуд Белингам. 

Реал Мадрид сака искусен тренер, прв кандидат е Жозе Мурињо!

Веќе на сите им е јасно дека Алваро Арбелоа нема да биде тренер на Реал Мадрид следната сезона. Поранешниот фудбалер на Кралевите седна на кормилото откако беше отпуштен Чаби Алонсо, кој дојде во Мадрид минатото лето пред Светското клупско првенство, но соработката беше прекината поради лошите резултати.

Флорентино Перес веќе ги разгледува опциите, а според шпанските медиуми, една работа е јасна – Реал Мадрид ќе добие искусен тренер, а не млад. Прв избор бил Зинедин Зидан, но Французинот веднаш ја одбил понудата.

Така сега во прв план е Жозе Мурињо, a сè ќе биде јасно до крајот на мај, кога треба да биде назначен новиот тренер.

Португалецот беше предводник на Кралевите од 2010 до 2013 година, период во кој освои по еден трофеј од Ла Лига, Купот и Суперкупот на Шпанија.

Екипите кои имаат водство повторно се фавирити да победат (Фото)

Плејофот во НБА-лигата продолжува со три натпревари, на кои домашните екипи веќе имаат водство од по 1-0. Сите три домаќини вечерва се фаворити според квотите и се очекува да дојдат до предност и од 2-0 во конференциските четвртфинални натпревари.

Победи се очекуваат од Кливленд (1.35), Њујорк (1.52) и од Денвер (1.42).

И за овие натпревари има специјална понуда за кошаркарите и најпопуларната игра меѓу типувачите – „плус-минус“ на поени, која може да се одигра на поени, скокови, асистенции и вкупно тројки, но и збир од поените, скоковите и асистенциите. Комплетната понуда може да ја најдете ТУКА.

Познат е терминот за последното Ел Класико оваа сезона

Раководството на Ла Лига го одреди терминот за последното Ел Класико оваа сезона, кое ќе се одигра во рамките на 35-тото првенствено коло. Мечот помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на 10 мај во 21 часот на „Камп ноу“.

По 31 коло, Барселона има предност од девет бода во однос на Реал Мадрид, па може да се случи Кралевите да дојдат на честитање во Каталонија кај старо-новиот шампион или пак актуелниот шампион со победа токму на овој меч и теоретски да дојде до нов трофеј.

Веќе се појави информација дека Реал Мадрид нема да направи „шпалир“ доколку Барселона ја освои титулата пред овој натпревар.

Нова порака од САД до Иран: „Добредојдени сте да играте на СП 2026“

Позицијата на администрацијата на Доналд Трамп во врска со учеството на Иран на Светско првенство 2026 останува јасна – иранската репрезентација се очекува да настапи и натпреварите да се играат според планираното, вклучително и на територијата на САД.

По ескалацијата на тензиите меѓу САД, Израел и Иран, се појавија сомнежи дали Иран воопшто ќе учествува на турнирот, иако беше меѓу првите селекции што обезбедија пласман. Дополнителен проблем претставува фактот што нивните натпревари од групната фаза се закажани да се играат во американски градови.

Фудбалската федерација на Иран побара од ФИФА преместување на натпреварите во Мексико, но тоа барање беше одбиено.

„Нема да зборувам во име на играчите, но заедно со претседателот Трамп разговаравме со нивните претставници. Испративме нова покана иранскиот тим да пристигне во САД“, изјави Ендрју Џулијани, извршен директор на комисијата за Светското првенство 2026 при Белата куќа.

Тој додаде дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, веќе потврдил дека иранската репрезентација ќе пристигне.

Според планот, Иран треба да го одржи подготвителниот камп во Тусон (Аризона) на почетокот на јуни, по што ќе ги игра своите натпревари во Лос Анџелес и Сиетл.