Дома Blog Страница 18

Арбелоа: „Реал полесно може да освои Лига на шампиони отколку Ла Лига“

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, ја одржа редовната прес-конференција пред мечот против Алавес. Кралевите имаат девет бода заостанување во однос на вечниот ривал Барселона и тешко дека ќе може да дојдат до трофејот од Ла Лига.

На прес-конференцијата се зборуваше на многу теми, а тренерот на Реал Мадрид направи споредба со трофеите кои ги освои клубот во Лигата на шампионите и оние во Ла Лигата.

„Во последните 20 години Реал има седум титули во Шпанија, колкупати ја освоил Лигата на шампионите? Секогаш може да се најде објаснување. Очигледно е дека имаме простор за напредок во првенството. Во последните месеци игравме подобро против силни противници отколку против послабите. Имаме многу што да подобриме. Понекогаш изгледа дека за Реал е полесно да ја освои Лигата на шампионите отколку Ла Лигата“, рече тој, алудирајќи и на судиските одлуки.

Лукаку налето и дефинитивно ќе го напушти Наполи

Напаѓачот Ромелу Лукаку ова лето ќе го напушти Наполи, пренесува „Калчомеркато“. Односите меѓу клубот и Белгиецот веќе се целосно нарушени.

Лукаку пропуштил тренинзи на тимот и заминал за Белгија, иако немал дозвола од клупското раководство.

Поради тоа, Наполи ќе го отстрани од тимот и тој повеќе нема да настапува за клубот. Напаѓачот дури ризикува да го пропушти и Светско првенство 2026, со оглед на тоа што оваа сезона има одиграно само 74 минути.

Лукаку се пресели во Наполи во летото 2024 година од Челзи за малку повеќе од 30 милиони евра.

Неверојатни добивки во Тетово и во Кочани: Само со шест меча си доби 15.000 евра! (Фото)

Неделата беше среќна за играчите од Тетово и од Кочани бидејќи тикетите само со по шест меча излегоа како добитни, а добивките се бројат во илјадници евра.

Во Тетово на тикет со шест меча беа вложени 500 денари, а добивката е неверојатна – 844.054 денари нето или малку повеќе од 14.000 евра. Шесте меча беа одиграни на иста игра – домашните екипи да постигнат најмалку по два гола во првото полувреме, а квотите се движеа помеѓу 2.90 и 5.50.

И во Кочани беа одиграни само шест меча, а добивката со влог од 200 денари изнесуваше 200.891 денари нето. Три меча беа одиграни исто како и во Тетово, домашните екипи да постигнат најмалку по два гола во првото полувреме, а на еден натпревар се бараа најмалку два гола за гостите во првиот дел. На останатите два меча се чекаше најмалку по пет гола на натпревари од ниските лиги во Турција.

Погодените квоти во Кочани беа помеѓу 2.55 и 3.85.

Кејн „гази“ оваа сезона, сега го напаѓа и рекордот на Меси од пред 14 години

Англискиот напаѓач Хари Кејн игра фантастично во редовите на Баерн Минхен, а постои можност до крајот на сезоната да урне и неверојатен рекорд што го држи Аргентинецот Лионел Меси.

Аргентинецот во сезоната 2011/12 блескаше – на 60 одиграни натпревари постигна дури 73 голови.

Во таа сезона Меси запиша и 30 асистенции, па многумина сметаат дека тогаш бил на врвот од својата кариера.

Слично може да се каже и за Кејн, кој оваа сезона игра на исклучително ниво. Во Бундеслигата постигна 32 гола и има пет асистенции на 27 натпревари, а одличен е и во Лигата на шампионите, каде што има 12 гола.

Кога ќе се додадат и настапите во Суперкупот на Германија и Купот на Германија, Кејн во 43 натпревари во сите натпреварувања постигнал 51 гол и додал шест асистенции.

До крајот на сезоната го очекуваат најмалку седум натпревари, а може да одигра и до девет ако Баерн се пласира во финалето на Лигата на шампионите и Купот на Германија.

За да го достигне рекордот на Меси, ќе треба да постигне уште 22 гола.

Јаник Синер во Мадрид може да дојде до подвиг кој не им успеа на Ѓоковиќ, Федерер и Надал

Фантастичниот Јаник Синер, моментално прв тенисер во светот, може да стане и единствен во историјата кој врзал пет освоени Мастерс 1000 турнири.

Доколку се смета и завршниот Мастерс во Торино, тогаш бројката може да достигне шест освоени Мастерс турнири ако триумфира и на претстојниот турнир во Мадрид.

Синер минатата година го освои Мастерсот во Париз, а оваа година триумфираше на сите досегашни Мастерс турнири – Индијан Велс, Мајами и Монте Карло.

Со тоа се израмни со Новак Ѓоковиќ, кој досега беше единствениот тенисер во историјата со четири врзани Мастерс титули. Сега Синер го достигна и има шанса да постави рекорд што не им успеал ниту на Ѓоковиќ, ниту на Федерер, ниту на Надал.

Синер ќе има и полесна задача од кога било. На Мастерсот во Мадрид нема да настапи неговиот најголем ривал Карлос Алкарас, а ќе отсуствува и повредениот Ѓоковиќ.

Јасно е дека малкумина можат да му парираат на Синер кога е во форма, па вистинска сензација би било доколку не го освои петтиот Мастерс по ред, односно шестиот ако се смета и завршниот турнир во Торино од минатата година.

Квалификациите започнуваат утре, а Мастерсот во Мадрид ќе се игра до 3 мај, кога е закажано финалето.

Кралскиот клуб му нуди нов договор на „столбот“ во одбраната

Реал Мадрид му понуди на Антонио Ридигер продолжување на договорот за уште една година. Тековниот договор на искусниот дефанзивец истекува на крајот од сезонава, но европските шампиони се заинтересирани да го задржат уште една сезона. Раководството на мадридскиот клуб е исклучително задоволно од настапот на германскиот репрезентативец и нема намера да го пушти бесплатно.

Според весникот „АС“, Реал Мадрид му понудил на Ридигер продолжување на договорот за една година, со што Кралскиот клуб ја задржува својата политика на продолжување на договорите на играчите над 32 години само за една година. Така претходно беше и во случаите на Лука Модриќ, Тони Крос и Начо Фернандес.

Ридигер сè уште не одговорил на понудата, а според извештаите, тој првично инсистирал на двегодишен договор. Германскиот централен бек е еден од лидерите во одбраната на Реал Мадрид. Се очекува во најскоро време договорот и официјално да биде потврден за Реал да се осигури дека нема да го загуби „столбот“ во одбраната.

За Ридигер интерес покажаа неколку европски екипи, како Јувентус, Челзи, но и екипи од Саудиска Арабија. Ридигер е во Реал Мадрид од 2022 година.

Реал Мадрид вечерва има шанса да стане европски фудбалски првак по пауза од 2.069 дена

Реал Мадрид има лоша сезона и многу веројатно е да заврши без ниту еден освоен трофеј. Сепак, радост може да донесе У19 тимот на Кралевите, и тоа во Лигата на шампионите. Вечерва од 18:45 часот се игра финалето на младинската Лига на шампиони, а младинците на шпанскиот гигант ќе се соочат со врсниците од Бриж.

Во Нион се игра финалето, а според квотите, У19 тимот на Реал Мадрид ја има фаворитската улога. Во полуфиналето, Реал Мадрид по големата драма и подоброто изведување на пеналите го елиминираа ПСЖ, додека Бриж со 3:1 беше подобар од Бенфика.

Дури 2.069 дена се поминати од последниот трофеј на Реал Мадрид во младинската Лига на шампиони.

Министерот Ристовски со честитки за успехот на Дарио Ивановски во Белград

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во својот кабитен го прими нашиот најуспешен атлетичар, Дарио Ивановски. На приемот Ристовски му честиташе на Ивановски за одличниот успех што го направи на маратонот во Белград кој се трчаше изминатиов викенд.
Министерот Ристовски во соопштението упатено по повод средбата со нашиот атлетичар кој цели на остварување пласман на Летните олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година, вели:
ЧЕСТИТКИ ЗА ДАРИО ИВАНОВСКИ ЗА ИЗВОНРЕДНИОТ НАСТАП НА БЕЛГРАДСКИОТ МАРАТОН!
Со голема чест и задоволство денеска во Министерството за спорт се сретнав со нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски и му упатив искрени честитки за извонредниот успех што го оствари викендов на престижниот Белградски маратон. Освоеното второ место во конкуренција од 2.350 маратонци од 79 земји е резултат за почит. Со време од 2:09:35, Дарио беше само на 24 секунди од првото место – уште една потврда дека се наоѓа во одлична форма. Овој резултат е речиси идентичен со неговиот национален рекорд, што зборува за континуитет, посветеност и врвна подготвеност. Како Министерство за спорт, ќе продолжиме силно да ги поддржуваме спортистите кои остваруваат врвни резултати и достоинствено ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена. Дарио е еден од нашите најсилни адути за претстојните големи натпреварувања и уверен сум дека најдоброто допрва доаѓа!

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Врз основа на доставениот записник и делегатски извештај од натпреварот помеѓу ФК Башкими 1947 Куманово и ФК Струга Трим Лум Струга, одигран во рамките на 28-то коло од Прва МФЛ, на 19.04.2026 година на стадионот „Башкими“ во Куманово, Комисијата за натпревари при ФФМ констатира сериозни нарушувања на редот и безбедноста по завршувањето на натпреварот.

Имено, по завршувањето на средбата, додека делегатот и судиската екипа сè уште се наоѓале на теренот, настанал инцидент во кој биле нападнати играчи и претставници на гостинската екипа од страна на лица поврзани со домашниот клуб и редарската служба. Во инцидентот се вклучило и лицето Бурак Хида, кое не било заведено во записникот, а кое физички го нападнало претставникот на гостинската екипа, Шаќири Мифтар, нанесувајќи удар во пределот на градите, по што следувале и вербални навреди и недолично однесување кон повеќе членови на гостинскиот тим.

Инцидентот траел околу 10 до 15 минути, по што со интервенција на полициските службеници, делегатот и судиската четворка биле безбедно спроведени во службените простории. Дополнително, делегатот побарал засилено полициско присуство со цел да се овозможи безбедно напуштање на стадионот од страна на гостинската екипа.

Исто така, на почетокот на натпреварот, делегатот го информирал претставникот на Министерството за внатрешни работи дека во случај на појава на навредливи содржини кон државата и ФФМ, натпреварот ќе биде прекинат. Оваа информација била пренесена до претставник на домашниот клуб, кој потоа влегол во вербална расправија со делегатот, оспорувајќи ја неговата надлежност.

Согласно член 75-в и член 77-г од Правилникот за натпревари на ФФМ, Комисијата за натпревари донесе одлука за суспензија на теренот на стадионот „Башкими“ во Куманово до донесување конечна одлука. Воедно, против ФК Башкими 1947 Куманово и лицето Бурак Хида се покренува дисциплинска постапка, а предметот се доставува на понатамошно постапување пред Дисциплинската комисија на ФФМ.

Фудбалската федерација на Македонија најостро ги осудува сите форми на насилство и недолично однесување и ќе продолжи доследно да ги применува прописите со цел заштита на интегритетот на натпреварувањето и безбедноста на сите учесници.

Компани: Баерн Минхен го чекаат уште многу трофеи

Баерн Минхен уште еднаш ја покажа доминацијата во германскиот фудбал откако на четири кола пред крајот на сезоната во Бундеслигата ја освои титулата. Германскиот гигант имаше фанатстична сезона, па не е ни чудно што на четири кола до крајот има дури 15 бода повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд.

По победата над Штутгарт од 4:2, на фудбалерите на Баерн прославија на „Алијанц арената“, но главната „фешта“ треба да биде во последното коло од првенството. Дотогаш Баерн нема многу да се радува, туку ќе се фокусира на освојување уште на пехари сезонава.

„Фантастично е тоа што сме шампиони. Тоа е плод на многу работа и затоа треба да се радуваме. Сепак, тука не завршува сезоната за нас. Уште сме во битка за уште трофеи. Во Лигата на шампионите имаме голем предизвик бидејќи ќе играме против актуелниот европски првак ПСЖ, а се надеваме на освојување и на пехарот во Купот на Германија“, рече тренерот на Баерн, Венсан Компани.

Веќе в среда Баерн ќе гостува во Леверкузен кај Баер во меч од полуфиналето на Купот на Германија.