Дома Blog Страница 16

Зголемени коефициенти за победи на Интер, Барселона, Фенербахче, Хајдук, Лудогорец, Ковентри, Атлетик Билбао…

Фудбалот доминира во денешната понуда од Супер типот во Sport Life. Освен фудбалот, има само еден тениски и еден кошаркарски меч. Во кошаркарската Евролига, Барселона на свој терен да ја победи Црвена ѕвезда е со квота од 1.69, во полуфиналето на разигрувањето за влез во Топ 8.

Фудбалските возбудувања ќе стартуваат уште напладне, кога во првенството на Јужна Кореја, Сеул е фаворит за победа над Бучон и за „кец“ има зголемена квота од 1.75. Интересно е дека од 14-те понудени фудбалски дуели, дури на 13 има зголемени квоти за победа на домаќините. Единствено Фенербахче е гостински фаворит, и тоа кај Коњаспор. За победа на турскиот гигант, коефициентот е 1.79.

Зголемени коефициенти има за триумф на Интер против Комо во полуфиналето на Купот на Италија, домашниот терен се очекува да го искористат и Хајдук, Лудогорец, Генк, Ковентри, ВБА, Ленс…

Селекторите Кузманоски и Новеска ги одредија составите за ракометното Светското училишно првенство

Над 700 млади спортисти од целиот свет се пристигнати во Скопје и ќе бидат дел од Светското училишно првенство во ракомет, на кое домаќин е главниот град на нашата земја.

Македонија на Мундијалот ќе настапи во машка и во женска конкуренција, а селекторите веќе го одредија составот. Предводникот на репрезентацијата до 18 години, Горан Кузманоски повика 14-мина ракометари. Македонија ќе биде во групата А заедно со Р. Српска, Грузија 1, Бугарија и С.Арабија.

Селекторката на женската репрезентација, Даниела Новеска Вељановска, исто така одреди список од 14 ракометарки. Македонија ќе игра против Белгија, Грузија и Словачка.

За денеска е закажано свеченото отворање на шампионатот, стартува во 19:30 часот на плоштад Македонија. Претходно во 10 часот ќе се одржи технички состанок, на кој ќе бидат одредени групите и салите во којшто ќе играат двете селекции на Македонија.

 

Се разгоре „војната“: Првиот човек на Примера дивисион му одговори на Арбелоа

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, влезе во вербален конфликт со тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа. Тензијата беше предизвикана од најновите поплаки на Кралскиот клуб за судењето во шпанската лига. Конфликтот ескалираше по натпреварот на Реал Мадрид против Жирона, во кој „белите“ беа незадоволни од она што го нарекоа „чист пенал“ што не беше досуден. Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ заврши нерешено 1:1, па Реал сега заостанува дури девет бода зад вечниот ривал Барселона, која е на челната позиција на табелата.

Реал вечерва во Мадрид игра против Алавес, а тренерот Арбелоа зборувајќи за очекувањата од таа пресметка, потенцираше дека ситуациите како оние во натпреварот против Жирона објаснуваат зошто Реал Мадрид неодамна освои помалку титули во домашното првенство отколку трофеи во Лигата на шампионите. Со тоа тој алудираше на систематското поткопување на домашното првенство од страна на тимот.

По тие критики на Арбелоа, се огласи првиот човек на Примера дивисион, Хавиер Тебас. Претседателот на шпанската лига не молчеше и потсети дека поплаките на поранешниот дефанзивец не се ограничени само на шпанските судии, туку дека Арбелоа го критикувал и судијата на натпреварот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, иако судијата таму бил Словенец, а не Шпанец.

„Еден ден тој вели едно, следниот ден вели друго, па друго“, изјави шефот на Ла Лига за Мундо Депортиво.

Наместо да се фокусира на судењето, Тебас го повика Реал Мадрид да ја насочи својата енергија кон битката на теренот.

„Реал Мадрид мора да продолжи да се бори. Сè уште има натпревари до крајот и доволно бодови за победа. Убеден сум дека Барселона нема да освои сè до финалето. Сè уште има за што да се бориме“, заклучи Тебас.

И покрај тензијата, претседателот на Лигата нагласи дека интригата за првото место останува жива сè додека „меренгеите“ успеат да се концентрираат на својот настап во преостанатите кола.

Интер, Реал Мадрид и Челзи се во Квотите на денот, вкупниот коефициент е многу привлечен

Пет интересни натпревари од најсилните фудбалски европски земји се дел од денешната понуда во Квотите на денот. Доколку сите пет понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 43.51.

Во реванш-мечот од полуфиналето на Купот на Италија, Интер треба да го победи Комо, а потребно е да има најмалку еден погодок во второто полувреме за да биде добитна квотата од 2.20.

Брајтон и Челзи треба да одиграат меч на кој во првото полувреме нема да има повеќе од еден погодок, а во вториот дел не смее да има повеќе од два гола, комбинација која се вреднува со 2.10 коефициент.

Ленс и Тулуз треба да си постигнат барем по еден гол, а потребно е да има по еден гол и во двете полувремиња, за да биде добитна комбинацијата што носи квота од 2.30.

Победник треба да има на дуелот меѓу Жирона и Бетис, а треба да има и меѓу два и пет погодоци, комбинација што носи квота од 1.95.

Реал Мадрид да постигне повеќе голови во второто полувреме отколку во првиот дел на пресметката против Алавес се вреднува со 2.10 коефициент.

 

Халанд на раката носи уред кој му помага да биде „фудбалски ѕвер“

Манчестер сити со 2:1 го победи Арсенал во дербито на англиската Премиер лига, а еден од хероите на Граѓаните беше Ерлинг Халанд. Напаѓачот на Сити постигна гол во 65-тата минута за 2:1 на својот тим, а на крајот тоа се покажа и како клучен момент за освојување на трите бода. Со оваа победа Сити апсолутно се врати во трка за трофејот во првенството.

Освен голот што го даде, Халанд вниманието го привлече и со еден детаљ кој немаше директна врска со играта. На теренот се водеше жестока борба, особено помеѓу Халанд и стоперот на Арсенал, Габриел. Во еден од дуелите, Бразилецот успеа да ја искине маицата под дресот на Норвежанецот, што го принуди напаѓачот на Сити на кратко да го напушти теренот и да ја смени опремата. Во тој момент можеше да се види дека носи мала направа на надлактицата.

Станува збор за таканаречен континуиран монитор за гликоза (CGM), технологија што овозможува следење на нивото на шеќерот во телото во секое време. Уредот чита податоци од меѓуклеточната течност и безжично ги испраќа до поврзан уред, што им дава на Халанд и нанеговиот тим прецизен увид во енергетската состојба на телото за време на напор.

Халанд е познат по тоа што посветува големо внимание на деталите кога станува збор за физичка подготовка. Овој пристап му овозможува подобро да ја управува потрошувачката на енергија, тренирајќи го телото да користи повеќе масти како извор на енергија, а воедно да ги зачувува резервите на гликоген за клучни моменти како што се последните спринтови.

Важен фактор во сето ова е стабилноста на инсулинот. Големите флуктуации можат негативно да влијаат на ткивата, особено на тетивите, што го зголемува ризикот од повреда. Овој вид следење помага во одржувањето на рамнотежата и намалувањето на оптоварувањето на телото.

Иако претходно имаше проблеми со повредите, се чини дека Халанд го пронајде вистинскиот начин да ги одржи формата и континуитетот во последно време. Сезонава одигра 46 натпревари, постигна 34 гола, а има и седум асистенции.

Лудница во Сан Себастијан: 100.000 луѓе ги дочекаа фудбалерите на Реал Сосиедад (Видео)

Фудбалерите на Реал Сосиедад како вистински херои беа пречекани во Сан Себастијан дури од 100.000 луѓе. Величествениот дочек фудбалерите го заслужија со освојување на Купот на Шпанија. Во финалето на Купот, Сосиедад по големата борба откако беше 2:2 по 120 минути игра, на пенали го победи Атлетико Мадрид со 4:3.

Еуфоричните навивачи на Сосиедад од 2020 година чекаа да се израдуваат на еден голем пехар, а и пред шест години тоа беше трофејот во Купот. Во својот град фудбалерите качени на сино-бел автобус без покрив ги поздравуваа навивачите кои беа собрани низ улиците на Сан Себастијан, покажувајќи го освоениот пехар.

„Ова е трофеј кој засекогаш ќе го носиме во нашите срца, а овој поглед кој сега го имаме, едноставно нема цена“, рече капитенот на Сосиедад, Микел Ојарзабал, кој беше стрелец на еден од двата гола во регуларниот дел. Публиката еуфорично скандираше: „Микел Златна топка“, покажувајќи дека тој за нив е најдобриот фудбалер во светот.

Баскискиот тим сезонава ја почна лошо и беше во опасна зона, но по доаѓањето на новиот тренер Пелегрино Матарацо, ситуацијата се смени на многу подобро. Сега се радуваат на трофејот во Купот, а во првенството Сосиедад е на седмото место на табелата.

„Ви благодарам на сите што од првиот момент ми покажавте како се сака Сосиедад. Чувствувам дека ова е само почеток“, рече тренерот Матарацо на прославата.

Руди Гоберт „во џеб“ го стави Јокиќ во последната четвртина, па Денвер загуби дома (Видео)

Кошаркарите на Минесота го совладаа Денвер со 119:114 во вториот меч од првото коло на НБА-плејофот во Западната конференција. Со овој триумф, Минеоста израмни на 1:1 во победи и сега серијата се сели на нивен терен.

Денвер одлично започна и по првата четвртина имаше убедлива предност од 14 поени (39:25). Сепак, во втората четвртина гостите возвратија на ист начин и ги добија следните 12 минути со 39:25 за нерешено на полувреме. Денвер повторно го диктираше ритамот во третата четвртина и најчесто беше во водство кое го одржуваше до средината на последната четвртина (107:104). Сепак, во решавачките минути Минесота заигра подобро и прво со серија од 8:1 го презеде водството и потоа не го испушти до крајот на средбата, иако имаше драма во завршницата.

Во последните 30 секунди Минесота водеше 115:113, а Денвер имаше напад да израмни, но Кристијан Браун погоди само едно од двете слободни фрлања. Потоа гостите дадоа два поена, па во последниот напад на Денвер, Џемал Мареј не погоди и тоа беше крај на надежите на Денвер да израмни.

Клучна улога во мечот одигра Руди Гоберт, кој буквално го „заклучи“ Никола Јокиќ во последната четвртина. Јокиќ мечот го заврши со 24 поени, 15 скока и 8 асистенции, но во последната четвртина Србинот даде само два поена, погодувајќи еднаш од седум шута. Едвардс со 30 поени беше предводник во тимот на Минесота.

На гости победи и Атланта кај Њујорк, и тоа во драматичен финиш со 107:106 и израмни на 1:1 во победи. Единствено домашниот терен го искористи Кливленд, кој славеше над Торонто со 115:105 и поведе со 2:0 во оваа серија.

 

Италијанците имаат сон – Гвардиола да им стане селектор!

Легендата на италијанскиот фудбал, Леонардо Бонучи, изјави дека сон му е селектор на Италија да биде Пеп Гвардиола. Според Бонучи кој му беше помошник на Џенаро Гатузо и не си даде оставка за разлика од Гатузо и шефот на делегацијата Џиџи Буфон, тоа е многу тешко остварливо, но „сонувањето е бесплатно“.

Гвардиола во минатото повеќепати истакнува дека му е омилена странска земја, има играно за Бреша и Рома, знае италијански, па Бонучи смета дека Шпанецот би бил идеален за селектор. На Аѕурите кои пропуштија три Мундијали по ред, им треба голема промена и Гвардиола со стилот на игра што го практикува во своите клубови, може да им го донесе тоа.

„Се шпекулира со повеќе имиња, а ако сакаме ресет, јас ќе го спомнам Пеп Гвардиола, кој може да ни донесе драстична промена од минатото. Мислам дека е многу тешко да го донесеме, но сонувањето е бесплатно“. рече Бонучи.

Бонучи е дел од техничката структира на Фудбалската федерација на Италија и независен член на стручниот штаб. Договорот му истекува во јуни. Во јуни е и следниот меч на Италија, а на тие два пријателски меча со Грција и Луксембург, тимот ќе го води Силвио Балдини.

Инаку Бонучи одигра 121 меч во дресот на Италија, постигна осум гола, од кои едниот во финалето на ЕП 2021, кога Аѕурите на „Вембли“ ја победија Англија и станаа европски шампиони.

Ремито на Кристал палас и Вест хем го испрати Вулверхемптон во Чемпионшип

Во лондонската пресметка помеѓу Кристал палас и Вест хем немаше голови, а ова е исход кој не им одговара ни на едните ни на другите, а донесе тага и во Вулверхемптон бидејќи Волците на пет кола до крајот веќе немаат ни теоретски шанси да останат во Премиер лигата, во која играа осум години по ред.

На Палас победата му требаше во битка за излез во Европа, иако тие ќе имаат прилика да се најдат во Лигата на Европа и ако ја освојат Конференциската лига во која се полуфиналисти.

Вест хем е во битка за опстанок, има два бода повеќе од загрозениот Тотенхем, а три помалку од Нотингам форест, кој е пред нив.

Сега е јасно дека испаѓа Вулфс, кој во следното коло игра со Тотенхем, а истата судбина (преселба во Чемпионшип) може да го снајде и Барнли веќе задутре, ако загуби од Манчестер сити.

Фабриката на Реал прави играчи, ама не за првиот тим на Кралскиот клуб

Реал Мадрид ја освои јуниорската Лига на шампиони, младите момци на возраст до 19 години покажаа дека имаат квалитет, но Кралскиот клуб како да не им верува доволно на своите таленти и искуството кажува дека ретко кој од нив ќе заигра во првиот тим.

Играчи како Хоан Мартинес, Диего Агуадо, Фортеа, Сестеро, Јањез веќе дебитираа за првиот тим на Реал, а сега се европски шампиони и ќе чекаат шанса поредовно да играат за првиот тим. Секако, во предвид доаѓа и голманот Хави Наваро, кој во полуфиналето и во финалето на јуниорската ЛШ одбрани пет пенали.

Мадридската Фабрика извезува таленти, имаше 74 „деца на Реал“ во топ 5 првенствата минатата сезона, толку многу нема ни „Ла Масија“ на Барселона.

Не дека во Мадрид нема таленти, но Барса без проблем ги фрла во оган младите, во првиот тим имаат неколкумина од нивната школа, додека Реал минатата недела против Баерн Минхен немаше Шпанец во почетниот состав, единствен Шпанец кој влезе во игра беше Тијаго Питарч, и тоа на теренот влезе дури во 90-тата минута.