Дома Blog Страница 24

Барселона доби понуда од 100 милиони евра за „ѕвездата во сенка“

Фермин Лопес е фудбалерот на Барселона кој игра одлична сезона и полека но сигурно излегува од сенка на многу поголемите ѕвезди во составот на каталонскиот тим. Токму поради тоа што нема статус на голема ѕвезда како некои други негови соиграчи, се поветојатно е дека 23-годишниот офанзивец може да си замине од „Камп Ноу“.

Прв на листата на клубови кои би сакале да го водат Лопес во своите редови е тимот на Челзи. Лондонскиот клуб би сакал да го види Фермин во нивниот дрес, а некои најави велат дека Челзи е подготвен дури да плати и 100 милиони евра за овој играч.

„Челзи сака да потпише со Фермин Лопес ова лето и подготвен е да плати на Барселона и 100 милиони евра“, стои во дел од медиумите кои се блиски со тимот од „Стемфорд Бриџ“.

Сепак, Барселона сигурно нема да сака да го продаде Фермин. Дека каталонскиот клуб смета на Фермин покажа и фактот дека во јануари му го продолжија договорот до јуни 2031 година. Откупната клаузула на новиот договор му е токму 100 милиони евра.

Барселона уште има проблем со финансискиот фер-плеј, па токму тоа може да биде една од причините да се реши да го продаде Фермин, за да заработи 100 милиони евра. Фермин сезонава за Барселона одигра 43 меча во сите натпреварувања и е со биланс од 12 голови и дури 16 асистенции.

Кошаркарскиот маратон започнува во 19 часот, домашните екипи ќе победат на сите натпревари (Фото)

Љубителите на најквалитетната кошаркарска лига во светот ќе имаат можност да уживаат во вистински маратон кој започнува во 19 часот по македонско време и ќе трае се до раните утрински часови. На програмата се четири меча од плејофот на НБА лигата, а според квотите во Sport Life, се очекува доминација на домашните екипи.

Бостон, Оклахома, Детроит и Сан Антонио треба да победат според квоти во Sport Life и тоа убедливо. Најголем фаворит е Оклахома со квота од 1.11, а веднаш потоа и Бостон со 1.15. Победа на било која од гостинските екипи ќе биде вистинска сензација.

Во Sport Life може да најдете и специјална понуда за најпопуларната игра меѓу типувачите – „плус-минус“ и тоа на поени, скокови, асистенции и вкупно тројки, но и збир од поените, скокови и асистенциите. Комплетната понуда може да ја најдете ТУКА.

Половина милијарда луѓе сакаат да одат на Мундијалот, премиум картите за финалето достигнаа цела од речиси 9.000 долари

Светот се подготвува за Светското првенство во фудбал во 2026 година, а побарувачката за билети достигна невидено ниво. Според најновите извештаи, повеќе од 500 милиони апликации за билети биле поднесени за време на фазата на извлекување, која траела од декември 2025 до јануари 2026 година.

Овој огромен интерес потврдува дека претстојниот турнир, чии домаќини се САД, Мексико и Канада, ќе биде најголемиот спортски настан во историјата. Навивачи од сите 211 земји-членки на ФИФА аплицирале за билети, демонстрирајќи ја универзалната привлечност на фудбалот.

Секако, најголем број од апликациите за добивање билети за СП 2026 се од фановите на земјите кои се домаќини, а тоа се САД, Канада и Мексико, но голем интерес има и кај странските фанови. Земји како Германија, Англија, Бразил, Шпанија, Португалија, Аргентина и Колумбија се на врвот на листата во однос на апликациите.

Иако финалето секогаш привлекува публика, неколку натпревари од групната фаза привлекоа неверојатно внимание. Моментално најмногу карти се бараат за дуелот меѓу Колумбија и Португалија, натпревар кој е закажан за 27 јуни на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.

Потоа следи дуелот меѓу Мексико и Јужна Африка, со кој ќе се отвори и првенството на 11 јуни на иконскиот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити. Меѓу најмногу апликации за билети има и за дуелот меѓу Мексико и Јужна Кореја кој ќе се игра на 18 јуни во Гвадалахара.

Финалето: Закажано за 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џерси, се очекува да биде еден од најтешките настани за добивање билет.

И покрај огромниот интерес, ФИФА се соочи со критики за цените на билетите. Премиум билетите за финалето чинат огромни 8.680 долари, предизвикувајќи дебата за прифатливоста на турнирот за обичните навивачи. Како одговор на оваа критика, ФИФА објави ограничен број билети по цена од 60 долари за секој натпревар.

Овие билети ќе бидат дистрибуирани првенствено преку националните фудбалски асоцијации за да се обезбеди можност вистинските навивачи да присуствуваат на натпреварите.

Работнички го победи Арсими и останува „жив“ во борбата за спас од испаѓање

Работнички стигна до многу вредна победа откако со 2:0 славеше над Арсими во меч од 28. коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Со оваа победа Работнички стигна до 28 бодови и останува на 10-тото место на табелата кое носи испаѓање од елитното друштво, но сепак има реални шанси да се бори за деветото па дури и осмото место кои водат во плеј-аутот, односно бараж за спас.

Во првото полувреме немаше голови, а на почетокот од вториот дел, односно во 54 минута Работнички изведе одличен напад, кој со погодок го круниса Сухељ Муарем за водство на домашниот тим.

Во продолжение на мечот, Арсими постојано се обидуваше да стигне до израмнување, но одбраната на домашниот тим беше на ниво на задачата. најдобрата шанса Арсими ја имаше во 87 минута, но Мерџани успеа да спаси чист погодок откако со глава ја исфрли топката од самата гол-линија.

Во последните моменти од мечот, односно во 90+3 минута, Хоџа кој во игра влезе во второто полувреме, ги постави конечните 2:0 за Работнички.

 

Мартин Алаѓозовски поднесе оставка во Брера

Екипата на Брера во финишот на сезоната ќе мора да бара нов тренер, откако Мартин Алаѓозовски поднесе оставка на функцијата шеф на стручен штаб во струмичкиот прволигаш. Брера се израдува само на една победа во последните пет кола и со 33 бодови е на осмото место кое води во плејаутот.

“Поднесов оставка на функцијата шеф на стручен штаб. Во разговор со спортскиот директор Зоран Баловалиев, одлучив да се повлечам. На тимот му е потребна нова свежина. Сакам да се заблагодарам на раководството на Брера за досегашната доверба, искрено посакувам клубот да обезбеди опстанок до крајот на првенството”, изјави Алаѓозовски.

До крајот на сезоната главна цел на Брера ќе биде да обезбеди опстанок во елитното друштво и следната сезона.

Охрид сака да испише историја и да го освои првиот трофеј, но тука се прашува и Вардар кој е најтрофеен

Најпријатното изненадување сезонава во македонскиот ракомет, ГРК Охрид е на прагот да испише историја. Тимот на Охрид вечерва од 20 часот во салата „Парк“ во Струмица ќе игра во финалето на Купот против Вардар. Ако за Охрид ова е историски меч, тогаш за Вардар е нешто на кое се навикнати.

Црвено-црните се актуелни освојувачи на Купот и вечерва ќе се обидат да стигнат до рекордниот 18-ти трофеј во ова натпреварување.

Според коефициентите во Sport Life, Вардар е голем фаворит за победа. Ако се погледнат меѓусебните дуели Вардар е апсолутен фаворит и победил во сите 28 натпревари против Охрид.

Пред машкото финале, во 17 часот ќе се игра и финалето во женска конкуренција, а силите ќе ги одмерат бранителот, Ѓорче Петров и тимот на Спартак. „Лавиците“ се борат за 19. пехар во ова натпреварување, додека ракометарките на Спартак за првиот во своја историја.

Баерн Минхен денеска може да слави титула, а тренерот Компани донесе одлука која ги шокираше навивачите

Баерн Минхен попладнево треба да слави нова титула во првенството на Германија. Баварскиот гигант има 12 бодови пред Борусија Дортмунд и доколку денеска не загуби во Минхен од Штутгарт ќе има недостижни 13 бодови на четири кола до крајот.

Јасно е дека Баварците ќе бидат шампиони на Германија оваа сезона, но тоа не е единственото нешто што Компани сака да го освои оваа сезона. Тренерот на тимот од Минхен има големи планови и за домашниот куп и за Лигата на шампионите.

Новинарите на „Билд“ тврдат дека Баерн не планира никакви големи прослави денес ако ја обезбеди шампионската титула. Традиционалните „туши“ со пиво и доделувањето на трофејот ќе се одржат дури по натпреварот во последното коло против Келн. За денеска, играчите на Баерн ќе носат само специјални маички во чест на титулата.

После тоа, ќе имаат свечена вечера со семејството и пријателите, а веднаш потоа фокусот веднаш ќе се префрли на полуфиналето од Купот на Германија. Таму, Баерн игра натпревар против Баер Леверкузен, а сите во клубот го посакуваат првото финале на ова натпреварување од 2020 година.

Навивачите на Баерн сигурно ќе бидат изненадени бидејќи денес, ако ја обезбедат титулата, нема да има многу славење, но причината е јасна. Баерн ќе има мисија до крајот на сезоната да атакува и на трофеите во Купот на Германија и во Лига на шампиони.

Халанд прв дава гол на дербито против Арсенал, додека на Мерсисајд дербито ќе има „војна“ со многу жолти картони

Посебно интересен треба да биде денешниот ден во Премиер лигата, затоа што на програмата се два супер интересни дерби натпревари. Манчестер сити го пречекува Арсенал во дербито кое може да реши многу енигми околу титулата, додека во Ливерпул, Евертон е домаќин на потрофејниот сосед.

Во последните осум меѓусебни дуели Арсенал и Манчестер сити билансот е израмнет. Двата тима имаат по две победи, а дури четири средби завршиле нерешено. На три од последните четири меѓусебни дуели првиот гол се постигнува во почетните 10 минути, а интересно е дека два пати стрелец на првиот гол е Ерлинг Халанд и тоа идентично во деветата минута погодува.

Сега Халанд да даде прв гол е со квота од 3.85, а комбинацијата за Халанд да биде стрелец, а Сити да победи носи квота од 2.20. Во понудата за стрелци вкупно има 15 фудбалери, а првиот гол да е автогол е со квота од 20.

Тука се и многуте статистички игри како што е бројот на изведени корнери, доделени жолти картони, направени фаули, упатени удари во рамките на голот на противникот…

Без разлика каде се на табелата, кога се игра дербито на Ливерпул, страстите се вжештени. Евертон е во мирната зона на 10 место, додека Ливерпул сака да се обезбеди во Топ 5 на табелата и да има мирен пласман во Лига на шампиони за следната сезона.

Кога играат градските ривали, често знае да има „војна“ на теренот, со многу дуел игра, прекршоци, а со тоа и повеќе доделени жолти картони. Во една таква ситуација поголеми се шансите и за евентуален црвен картон, опција што ја има во понудата за овој дуел и е по 6.50 квота за црвен картон за Евертон, како и 6.50 за прв црвен картон на Ливепрул.

Бизарно: Инвазија на галеби накратко прекина меч во Австралија (Видео)

Натпреварот меѓу екипите на Мелбург виктори и Њукасл џетс во рамките од австралиската А-лига имаше неочекуван проблем. Во текот во второто полувреме над стадионот „ААМИ парк“ се насобра голем број на галеби, кои буквално го окупираа теренот.

Кулминацијата се случи во последните минути од мечот, кога фудбалерот на Њукасл буквално не можеше да го изведе слободниот удар поради големиот број на галеби кои беа околу него и околу топката. Овој момент веднаш стана вирален, а коментарите на навивачите беа навистина интересни. „Се надевам дека сите платиле карта“, „Природата ја преема контролата во свои раце“, „некој требаше да донесе кофа со помфрит за да ги тргне од таму“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Освен „инцидентот“ со галебите, вредно е да се истакне дека дуелот беше возбудлив, а на крајот заврши нерешено 2:2.

„Набилдани“ квоти до 25 за најинтересните пет меча во Европа

Во денешната Бет билдер понуда има пет средби со по две комбинации, на кои коефициентите достигнуваат до 25. За Мерсисајд дербито квотата од 25 ќе биде добитна ако: има повеќе од 2,5 голови на мечот, Кого Гакпо упати над 1,5 шутеви во рамките на голот, Бето има повеќе од 1,5 шутеви во рамките на голот и има повеќе од 2,5 офсајди.

Коефициент од 25 се нуди и на француската дерби пресметка меѓу ПСЖ и Лион, а потребно е: двата тима да  дадат гол, Ендрик да даде гол, Лион да има над 3,5 корнери и ПСЖ да има над 1,5 картони.

За дуелот од италијанската Серија А меѓу Јувентус и Болоња понуда за 20 квота има, а да биде добитна потребно е: двата тима да дадат гол, Кенан Јилдиз да има над 1,5 удари во рамки на гол, Лучими да добие картон и Јувентус да изведе над 5,5 корнери.