3.8 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026
Дома Blog Страница 34

Зголемени квоти за победи на Египет, Нигерија, Галатасарај, а има и шест хокеј дуели и три кошаркарски меча

Комбинација од фудбал, хокеј и кошарка нуди денешната понуда во Супер типот на Sport Life. Има седум мечеви, дури шест хокеј пресметки и три кошаркарски дуели.

За мераклиите на хокејот тука се мечевите од првенствата на Русија, Финска, Шведска, Австрија и секако од најсилното НХЛ првенство. Фаворитските улоги се за Динамо Москва, Тампа, Бјоркловен, Олимпија Љубљана, Вашингтон капиталс и Отава.

Од фудбалот, возбудувања ќе има на Африканскиот куп на нации, каде Египет и Нигерија се големи фаворити да одат во следната нокаут фаза. Галатасарај да слави над Трабзонспор е со квота од 1.73, а интересно ќе биде во португалското дерби меѓу Бенфика и Порто, но ќе играат Б екипите на овие гиганти.

 

Арсенал не се шегува, на адресата на Реал Мадрид пристигна понуда од 60 милиони евра

Од Арсенал најавија дека ќе бидат активни во јануарскиот преоден рок, а сега зборовите ги претвораат во дела. Според најавите од шпанските медиуми, лондонскиот тим упатил официјална понуда на адресата на Реал Мадрид и тоа за Родриго.

Топчиите веќе подолго време го имаат таргетирано бразилскиот репрезентативец, кој е еден од најдобрите во светот на неговата позиција. Родриго во Реал Мадрид е во сенка на останатите големи ѕвезди како што се Винисиус јуниор, Килијан Мбапе и Џуд Белингам, па нема да биде изненадување ако реши да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Најавите се дека Арсенал е подготвен да плати 60 милиони евра за Родриго да пристигне во Лондон. Останува на Реал Мадрид да одлучи дали вреди да ја прифатат оваа понуда за Бразилецот.

Арсенал моментално е лидер во англиското првенство со дури шест бодови повеќе од второпласираниот Манчестер сити и Топчиите едноставно се решени оваа сезона да не потклекнат во ритамот и на крајот да ја освојат титулата во Премиерлигата.

Пет интересни комбинации во Квоти на ден носат одличен вкупен коефициент

Пет интересни комбинации има во денешната понуда во Квоти на ден, кои ако се одиграат заедно на еден тикет, ќе се добие вкупен коефициент од 41.32. Египет игра против Бенин во нокаут фазата од Африканскиот куп на нации и Египет да постигне барем еден погодок и да има повеќе голови во второто полувреме од првото е со квота од 2.35.

Галатасарај и Трабзонспор треба да одиграат натпревар на кој гол ќе дадат двете екипи, а ќе има барем по еден погодок во двете полувремиња, за да биде добитен коефицинетот од 2.15.

Нигерија да го победи Мозамбик во меч на кој ќе бидат постигнати меѓу два и четири погодоци е со квота од 2.10.

Монпеље и Данкер треба да играат средба на која во првото полувреме нема да има повеќе од еден гол, а во вториот дел да бидат постигнати меѓу еден и три погодоци. Оваа комбинација се вреднува со квота од 1.90.

Во Чемпионшип во Англија, Лестер на свој терен да постигне меѓу еден и два гола во првото полувреме против Вест Бромвич Албион е со квта од 2.05.

Гвардиола: Против себе го имавме светскиот клупски првак

Само четири дена поминаа во новата 2026 година, а Манчестер сити нареди две нерешени резултати. Откако на 1 јануари одигра без голови на гости кај Сандерленд, вчера пред своите навивачи одигра 1:1 против Челзи во дербито на денот.

Сити водеше со 1:0, но Енцо Фернандес даде гол во 90+4 минута и го спаси Челзи од поразм, што воедно значеше и разочраување на Граѓаните кои останаа без два планирани бодови во битката за титулата со Арсенал.

По 20 одиграни кола, Сити останува на второто место, но сега има шест бодови помалку од лидерот Арсенал. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола е разочаран затоа што неговиот тим не победи, но потенцира дека против себе имале опасен ривал.

„Не се сложувам дека ја загубивме контролата на играта. Да не го примевме голот, немаше да има вакви анализи. Челзи е тим кој ја освои светската клупска титула. Во своите редови немаат играчи од академијата. Тоа се големи професионални. Ние 90 минути имавме контрола на играта против еден таков тим. Во второто полувреме промашивме неколку чисти шанси од петерецот и од позиции од кои може да се погоди. Кога ќе ги реализираме таквите шанси, ќе биде подобро“, рече Гвардиола, кој не заборави да потенцира дека Манчестер сити има големи проблеми со повредените играчи и дека само уште се зголемува бројот на играчи од академијата кои мора да се приклучат на првиот тим.

Дончиќ и Џејмс блеснаа кога беше најпотребно, Лејкерс надополнија 16 поени негатива и победија (Видео)

Лос Анџелес лејкерс покажаа дека никогаш не се предаваат, посебно кога играат на домашен терен, па славеа против Мемфис гризлис со 120:114, во еден од осумте меча кои се играа синоќа во НБА лигата. Лејкерс лошо го започна мечот па гостите во најголем дел имаа контрола на резултатот. Во еден момент од втората четвртина, Мемфис водеше и со 16 разлика (59:43).

Гостите имаа целосна контрола на резултатот до пред крајот на третата четвртина кога водеа со 85:74, но тогаш како да застанаа. Лејкерс намали на 85:87, а потоа со фуриозна игра стигнаа и до 112:103, по што беше познат победникот.

Лука Дончиќ и Леброн Џејмс беа творци на победата. Дончиќ го заврши мечот со 36 поени, 9 скока и 8 асистенции, додека Џејмс на крајот имаше 26 поени, седум скока и 10 асистенции. За Лејкерс ова беше 22 победа во 33 меч.

Во останатите мечеви: Кливленд – Детроит 110:114, Орландо – Индијана 135:127, Бруклин – Денвер 127:115, Вашингтон – Минесота 115:141, Мајами – Њу Орлеанс 125:106, Феникс – Оклахома 108:105, Сакраменто – Милвоки 98:115.

Челзи денеска добива нов тренер, го „краде“ стратегот на францускиот тим

Актуелниот тренер на францускиот прволигаш Стразбур, Лиам Розениор е подготвен денеска да ја прифати понудата да биде нов предводник на англискиот прволигаш Челзи. Лондонскиот тим остана без менаџер, откако Енцо Мареска доби отказ.

Англичанецот Розениор од вчера е во Лондон, а денеска треба да има состанок на кој треба да се договорат деталите околу негово преземање на клупата на тимот од „Стемфорд Бриџ“.

Розениор има искуство во Англија и тоа како играч, кога настапуваше за екипите на Бристол сити, Фулам, Рединг, Хал и Брајтон. Играчката кариера ја заврши во 2018 година, а потоа работеше како помошник тренер во Дерби каунти, па две години седеше на клупата на Хал, за да во 2024 година беше промовиран во тренер на Стразбур.

По 17 кола во француското првенство, Стразбур е на седмото место со 24 бодови. Во Премиер лигата, Челзи е на петото место со 31 бодови, дури 17 помалку од лидерот Арсенал.

Ѓоковиќ ги шокираше сите и рече дека е доста, се повлекува!

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ го напушти Здружението на тениски професионалци (ПТПА), кој самиот го основа во 2019 година, заедно со Васек Поспишил.

Ова е неочекувана одлука на Ѓоковиќ, а Србинот преку соопштение ја образложи својата одлука.

„Внимателно размислив и одлучив во целост да се повлечам од Здружението на тениски професионалци (ПТПА). Оваа одлука ја донесов по долготрајната загриженост во врска со транспарентноста, управувањето и начинот на кој мојот глас и мојот имиџ се претставени. Горд сум на визијата која Васек и јас ја имавме кога го создававме ова здружение, со цел на играчите да им овозможиме посилен и понезависен глас, но сега е целосно јасно дека моите вредности и пристап не се вклопуваат со моменталниот правец во кој се движи организацијата“, беше пораката од Ѓоковиќ.

Рекордерот по бројот на освоени Гренд слем титули се подготвува за првиот од четирите најважни турнири во годината, Отвореното првенство на Австралија.

„Ќе продолжам да се фокусирам на тенисот, на своето семејство и на придонесот во спортот на начин на кој се водам по моите принципи и интегритет. На играчите и сите оние кои се вклучени им посакувам многу успех во понатамошната работа, но за мене ова поглавје е затворено“, додаде Ѓоковиќ.

Гренд слемот во Мелбурн ќе започне на 12 јануари, а Ѓоковиќ ќе атакува на 25-тата Гренд слем титѕула.

Атлетико освои бод на „Аноета“, а можеше и повеќе ако Гризман беше на своето ниво

Реал Сосиедад го пречека Атлетико Мадрид на „Аноета“ и пресметката заврши со реми 1-1.

Атлетико веднаш на стартот го притисна противникот, ударот на Хулијан Алварез заврши покрај голот, а потоа следеше мирен период пред бурните моменти во финишот на првото полувреме.

Сосиедад првично постигна погодок преку Серлот, но ВАР го поништи голот поради офсајд.

Норвешкиот напаѓач не се предаде и на стартот од второто полувреме ја затресе противничката мрежа овојпат без потреба за ВАР-интервенција.


Сорлот одлично реагираше на прецизниот центаршут од десната страна на Симеоне и со глава погоди во 50-тата минута за водство од 0-1.

Радоста на гостите траеше само пет минути. Гонсало Гуедеш немилосрдно ја смести топката над Облак за израмнување, 1-1.

Во продолжението Атлетико се обиде да стигне до ново водство. Антоан Гризман имаше голема шанса, излезе сам пред Ремиро, но искусниот голман го прочита неговиот потег и го одбрани ударот.

Со ова реми, Реал Сосиедад се наоѓа на 15-тата позиција со 18 бодови, додека Атлетико останува на четвртото место со 38 поени.

Интер ја победи Болоња и се врати на врвот во Серија А (Видео)

Фудбалерите на Интер ја продолжија доминацијата во Серија А со победа од 3-1 против Болоња на „Џузепе Меаца“ во 18. коло. Тимот на Кристијан Киву се реваншираше за поразот во Суперкупот и се врати на првата позиција на табелата со 39 бодови.

Од првиот судиски свиреж, на теренот владееше само еден тим. Нападите на Турам, Мартинес, Чалханоглу и Бастони создаваа континуирана опасност по голот на Болоња, додека гостите во првите моменти единствено се заканија преку Одгард, но тоа беше краткотраен момент на светлина.

Првото водство за Интер дојде во 39-та минута. Пјотр Зјелински ја круниса одличната акција на Турам и Лаутаро Мартинес и погоди за 1-0, отворајќи го патот кон новата победа.

Две минути по почетокот на второто полувреме, Лаутаро Мартинес со глава зголеми на 2-0 по корнер од Чалханоглу, оставајќи го голманот Раваља без шанса. Аргентинецот можеше да ја заокружи вечерта со уште еден гол, но прво ја погоди пречката, а потоа неговиот шут беше одбранет.

Сепак, во 74-тата минута, после одличен центаршут на Димарко од корнер, Маркус Турам со прецизен удар со рамо ги отстрани сите дилеми и ја потврди победата на Интер.


Болоња успеа да постигне само почесен погодок преку Сантјаго Кастро во 83-тата минута, но тоа не беше доволно да ја загрози доминацијата на домаќинот.

Со оваа победа, Интер се врати на врвот на табелата со 39 бодови, додека Болоња останува на седмата позиција со 26 поени.

ПСЖ ја доби битката со соседот Париз

Францускиот и европски првак Пари Сен Жермен успеа да оствари триумф од 2-1 против соседот и нов член на елитата, тимот на Париз. По овој триумф Светците одат на пауза од втората позиција, со еден бод заостанување зад лидерот Ленс, но секако остануваат главни фаворити за шампионската титула.

Дезире Дуе во 45-тата минута го доведе ПСЖ во водство, а Париз израмни од пенал, преку Губелс, во 51-та минута.

Сепак, само две минути подоцна Осман Дембеле повторно донесе предност за ПСЖ, која тимот на Луис Енрике ја задржа до крајот на мечот.