0.8 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026
Дома Blog Страница 46

Леао му донесе победа на Милан, но беше критикуван од тренерот Алегри

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, по победата од 1-0 на гости кај Каљари, рече дека Рафаел Леао кој беше стрелец на голот, подобро функционира како централен напаѓач бидејќи е помалку веројатно да „заспие“ отколку кога игра како лево крило.

Макс не беше задоволен од играта на Милан во првото полувреме. 

„Првото полувреме беше лошо и полно со грешки. Кога Леао игра лево, повремено може да заспие и да биде како исклучен од играта. Тој има карактеристики за да игра добро во центарот, но не беше 100 проценти подготвен и не го напаѓаше просторот на вистински начин во текот на првото полувреме. Сепак, постигна шест гола во Серија А оваа сезона, и покрај тоа што пропушти доста натпревари поради повреда“, изјави Алегри. 

Милан по дури 12-ти пат сезонава постигна гол од првиот удар во рамки на противничкиот гол, потврдувајќи ја својата убоитост.

„Во првото полувреме дозволивме три удари кон голот во првите неколку минути, па бев загрижен, но како што времето одминуваше, така се подобрувавме. Исто така, многу се лизгавме на теренот, грешевме во додавањата, но во второто полувреме Каљари го изгуби интензитетот и засиливме на брзина. Требаше да постигнеме втор гол“, додаде Алегри. 

Вестбрук стана најефикасен плеј во историјата, „Брончиќ“ му носи победа на Лејкерс

Расел Вестбрук со своите 17 поени во убедливиот пораз на Сакраменто од Феникс од 102-129, го надмина славниот Оскар Робертсон и со 26.711 поени во кариерата стана најдобар стрелец меѓу плејмејкерите во историјата на НБА лигата.

Вестбрук сега е 15-ти на вечната листа, а од 14-мината кои се пред него, има само тројца бекови шутери и тоа Коби Брајант, Мајкл Џордан и Џејмс Харден, сите други се центри или крила. Популарниот Рас е лидер во историјата и според бројот на направени трипл-дабли, а има и најмногу скокови меѓу бековите.

Најинтересниот меч синоќа се одигра во Милвоки, каде Јанис Адетокумбо со забивање на 4,7 секунди до крајот му донесе победа на Бакс над Шарлот од 122-121.

Оклахома Сити тандер го разби Голден стејт со 131-94 и стана првиот тим со 30 победи сезонава. Тандер има и пет порази, и останува на патот регуларната сезона да ја заврши со 70 или повеќе триумфи, нешто што досега во историјата на НБА се случило само двапати.

Лука Дончиќ со 34 и Леброн Џејмс со 31 поен беа творци на победата на Лос Анџелес лејкерс над Мемфис од 128-121, па во американските медиуми на овој пеколен тандем му дадоа прекар „Брончиќ“.

На мечот во кој Чикаго го совлада Орландо со 121-114, беше видено веројатно најатрактивното забивање сезонава во изведба на Матас Бузелис. Погледнете:

Довбик оваа зима ја напушта Рома?

Иднината на Артeм Довбик во Рома станува сè по неизвесна. Според информациите, украинскиот напаѓач е меѓу играчите кои можат да ја напуштат Волчицата од Рим уште во претстојниот зимски трансфер период.

Тренерот Џанпјеро Гасперини, не го смета Довбик за клучен дел од тактичката поставеност на тимот, што дополнително ја зголемува можноста Рома да се раздели со него во блиска иднина.

Интерес за 27-годишниот напаѓач веќе покажал еден турски клуб, чиј идентитет сè уште не е откриен. Преговорите се во рана фаза и засега нема сигурност дали ќе се постигне конкретен договор.

Во тековната сезона, Довбик има 14 настапи за Рома во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и додавајќи уште два асистенции.

Хетафе во финишот освои бод на „Ваљекас“

Рајо Ваљекано и Хетафе одиграа 1-1 во натпреварот од 18-тото коло на шпанската Примера, одигран на стадионот „Ваљекас“.

Приградското дерби на Мадрид понуди нешто повеќе возбудувања од очекуваното, иако првото полувреме помина во мирен ритам. По половина час игра прв се закани Хетафе преку Лис, додека на спротивната страна возврати Гарсија, што беше најава за водечкиот погодок на домаќините.


Во првата минута од судиското продолжение од првиот дел, Хорхе де Фрутос со удар од прва ја погоди мрежата на немоќниот Баталја за 1-0.

Во вториот дел доминираше цврста и борбена игра, со вкупно шест жолти картони, а драмата кулминираше во самиот финиш. Кога се чинеше дека Рајо ќе ги освои трите бода, Мауро Арамбари имаше поинакви планови.


Уругваецот одлично реагираше на центаршутот на Мила и со удар со глава во првата минута од надополнувањето го постави конечниот резултат 1-1.

Ремито не донесе промени на табелата. Рајо се наоѓа на 12-тата позиција со 19 бодови, додека Хетафе е десетти со два бода повеќе.

Ленс се погрижи ПСЖ да не презими на првото место во Франција

Фудбалерите на Ленс остварија сигурна победа од 0-3 на гостувањето кај Тулуз во 17-тото коло од француската Лига 1 и на најдобар можен начин го заокружија есенскиот дел од сезоната.

Тимот на Пјер Саж ја искористи бројната предност уште од 23-тата минута, кога Емерсон доби директен црвен картон, по што гостите целосно ја презедоа контролата на натпреварот.

Домашниот тим одолеваше речиси еден час, но во 57-та минута Весли Саид со прецизен удар ја затресе мрежата и го отвори резултатот. Прашањето околу победникот беше решено во 85-тата минута, кога Адриен Томасон најдобро се снајде по еден одбиток и погоди за 0-2.

Конечните 0-3 за Ленс ги постави Исмаело Гану во петтата минута од судиското продолжение, со силен удар од десната страна по асистенција на Томасон.

Со оваа победа, Ленс оди на зимска пауза како лидер на табелата со 40 бодови, четири повеќе од Пари Сен Жермен кој има натпревар помалку. Тулуз се наоѓа на осмата позиција со 23 бодови.

Рафа Леао обезбеди триумф за Милан на Сардинија (Видео)

Фудбалерите на Милан го совладаа Калјари како гости со минимални 0-1 во 18-тото коло на Серија А. Единствениот гол беше постигнат во 50-та минута кога Адриен Рабио асистираше до Рафаел Леао, кој го совлада голманот Каприеле.

Милан ја оправда улогата на фаворитот, играјќи во одбраната без примен гол, а дебитантот Никлас Фулкруг од Вест хем влезе во игра без да го смени темпото на натпреварот.

Со овој триумф, Росонерите се на првата позиција со 38 бода, два повеќе од Интер кој има и натпревар помалку. Калјари е 14-ти со 18 бода.

Олимпијакос го доби грчкото дерби во „ОАКА“ арената

Олимпијакос славеше во „OAKA“ арената против големиот ривал Панатинаикос со 82-87, во натпревар полн со драма и пресврти до самиот крај. Тимот од Пиреја блескаше во првите 10 минути, предводен од одличниот Везенков и доминацијата на Милутинов под кошот, отворајќи со предност од 28-13.

Панатинаикос се врати со серија од тројки на Кендрик Нан, Грент и Рогавопулос, по што на полувремето беше 43-43.


Иако третата четвртина беше израмнета, Олимпијакос направи одлучувачка серија во последните осум минути од четвртата, предводен од Везенков и Хол, и ја одржа предноста до крајот.

Везенков заврши со 24 поени и девет скока, Милутинов имаше 10 поени, девет скока и три асистенции, а Дорси додаде 21 поен.


Кај Панатинаикос, Нан постигна 32 поени, а Осман 13.

Незадоволниот Родриго се подготвува за заминување од Реал Мадрид

Бразилскиот напаѓач Родриго сè поотворено размислува за можноста да ги напушти редовите на Реал Мадрид. Силната конкуренција во офанзивната линија на „Сантијаго Бернабеу“ го турка 24-годишниот фудбалер во втор план што предизвикува сè поголемо незадоволство кај него.


Во меѓувреме, ситуацијата будно ја следат неколку премиерлигашки гиганти, меѓу кои Ливерпул, Арсенал и Манчестер сити.

Родриго е дел од Кралскиот клуб од 2019 година и е на чекор од 300 официјални настапи, со ефект од околу 70 погодоци и бројни трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите. Сепак, во актуелните планови на тренерот Чаби Алонсо, напаѓачките позиции се резервирани за ѕвезди како Винисиус јуниор, Килијан Мбапе и Џуд Белингам, што значително ја ограничува минутажата на Бразилецот.

И покрај реномето и квалитетот, оваа сезона Родриго започна само седум натпревари и постигна два гола, бројки кои не одговараат на неговиот потенцијал.

Шпанскиот весник „Спорт“ открива дека Родриго веќе ги анализира следните чекори во кариерата и води разговори со двајца реномирани супер-агенти кои би можеле да го преземат менаџирањето на неговите интереси. Досега за тоа беше задолжен неговиот татко, Ерик Гоес, кој не е лиценциран агент, а односите со челниците на Реал наводно се влошиле во последната година.

Во моментов не се разгледува трансфер во зимскиот преоден рок, туку плановите се насочени кон долгорочно сценарио, при што Родриго би останал во Реал Мадрид најмалку до крајот на сезоната 2025/26.

И покрај шпекулациите, Реал Мадрид не покажува подготвеност да се откаже од Бразилецот. Чаби Алонсо во повеќе наврати потенцираше дека Родриго има важна улога во тимот, иако признава дека не секогаш е лесно да му се најде место во стартниот состав.

„Има многу гласини, но тој работи одлично. Сакам да биде целосно посветен и да дава максимум. Верувам во сите играчи кои секојдневно тренираат со нас“, изјави Чаби Алонсо, додавајќи дека никој не се сомнева во квалитетот и карактерот на Родриго, туку само се чека моментот кога ќе ја прекине голгетерската криза.

Доколку сепак дојде до разделба, интересот нема да изостане. Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул уште минатото лето ја следеа неговата ситуација. Пеп Гвардиола отворено го пофали Родриго по еден дуел во Лигата на шампионите, нарекувајќи го „играч од друго ниво“.

Иако Манчестер сити е блиску до ангажман на Антоан Семењо од Борнмут, Арсенал би можел да тргне по Родриго, доколку Габриел Мартинели го напушти клубот, додека во Ливерпул иднината на Мохамед Салах сè уште е неизвесна.

Милан ја засилува одбраната со играч на Баерн Минхен

Италијанскиот калчолигаш Милан активно работи на засилување на тимот пред продолжението на сезоната, а како приоритет се издвојува доведувањето на нов стопер, јавуваат италијанските медиуми.

„Газета дело Спорт“ наведува дека челниците на Росонерите веќе идентификувале неколку потенцијални кандидати за дефанзивната линија, при што главна цел е Ким Мин-Јае, стоперот на Баерн Минхен.

Јужнокорејскиот репрезентативец има богато искуство на највисоко ниво, а италијанската публика добро го памети од периодот во Наполи. Во Серија А остави силен впечаток, што дополнително ја зголемува желбата на Милан да го врати на италијанските терени.


Сепак, преговорите со Баерн нема да бидат едноставни поради финансиските барања на германскиот клуб.

Покрај Ким, Милан разгледува и друга опција, Луиз Фелипе, стопер на шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано. Фелипе се профилира како сигурен дефанзивец, познат по цврстината, правилната поставеност и способноста да игра од задната линија. Неговото име сè почесто се поврзува со враќање во италијанскиот фудбал, каде веќе остави солиден впечаток.

Стручниот штаб смета дека дополнителна конкуренција во одбраната е неопходна за тимот да остане конкурентен до крајот на сезоната. Управата е свесна за предизвиците, но сака да реагира на време и да избегне проблеми во клучниот дел од шампионатот.

Преговорите се во рана фаза, а многу ќе зависи од условите што ќе ги постават Баерн и Рајо Ваљекано.

Гвардиола: Сити е мојот клуб, останувам до 2027 година

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ги демантира шпекулациите за заминување и потврди дека има намера да го исполни договорот со клубот до летото 2027 година. Ова следува по инсинуациите дека поранешниот тренер на Челзи, Енцо Мареска, би можел да го замени Гвардиола доколку тој реши да се повлече.

„Имам договор и среќен сум тука. Сити е мојот клуб, сакам да се борам со тимот и ќе видиме што ќе се случи“, изјави Гуардиола, кој во 2026 година го прославува десетгодишниот ангажман на „Етихад“.

Шпанскиот стратег додаде дека моментно не знае што да очекува од Челзи, кој е следниот ривал на Граѓаните во Премиер лигата.