Дома Blog Страница 7

Ван Перси доби отказ од матичниот клуб и покрај тоа што обезбеди место во Лигата на шампионите

Поранешениот напаѓач на Манчестер јунајтед и Арсенал, Робин ван Перси, е разрешен од функцијата тренер на Феенорд по 18 месеци поминати на таа позиција. Ван Перси се врати во својот матичен клуб во февруари 2025 година, но и покрај обезбедениот пласман во Лигата на шампионите, си замина по сезона без освоен трофеј.

Четириесет и двегодишниот стручњак го водеше клубот на 58 натпревари, со биланс од 30 победи и 19 порази. На местото главен тренер беше промовиран главно поради успесите со младинските категории кои ги водеше под надзор на Дик Адвокат.

Техничкиот директор на Феенорд, Деви Риго, ги објасни причините за оваа одлука:

„Спроведовме темелна внатрешна анализа. Го зедовме предвид развојот на прикажаната игра и падот во освоените бодови, како во Европа, така и во Ередивизие“, изјави Риго.

„Заклучивме дека е подобро следната сезона да започнеме со нов главен тренер. Робин ван Перси даде сè од себе за клубот во изминатата година и половина. Секако заслужува признание што тешката сезона ја заврши на второ место и со тоа обезбеди Лига на шампиони, што е многу важно.“

Ултрасите на Лацио најавија бојкот на натпреварите додека Лотито не си замине од клубот

Одлуката на една од најжестоките навивачки групи во Европа предизвика вистинска бура во фудбалските кругови откако беше потврдено дека планира целосен бојкот на домашните натпревари во следната сезона.

Најверните навивачи на Лацио официјално најавија бојкот на сите домашни натпревари во сезоната 2026/27.

Покрај тоа што нема да присуствуваат на натпреварите на домашен терен, ултрасите соопштија дека нема да купуваат ниту сезонски билети за претстојната натпреварувачка година.

Ваквата одлука претставува еден од најрадикалните навивачки потези во последните неколку години во италијанскиот фудбал.

Зад целата акција стои долгогодишното незадоволство од начинот на којшто се води клубот, а главна цел на критиките е претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.

Односот помеѓу навивачите и првиот човек на клубот веќе подолго време не е на завидно ниво, а тензиите од година во година стануваат сè поголеми.

Многумина сметаат дека Лацио не го користи својот целосен потенцијал, и покрај тоа што се работи за клуб со богата традиција и значајна историја на европската сцена.

Навивачите веруваат дека клубот во последните години стагнира и дека амбициите се многу помали од она што би требало да бидат.

Поради тоа, тие одлучија да испратат јасна порака до управата убедени дека бојкотот е единствениот начин да се покаже колку е големо незадоволството.

Сепак, постои еден исклучок од најавените мерки. Ултрасите порачаа дека ќе присуствуваат на двата градски дерби-натпревари против Рома, дуели кои имаат посебно значење за навивачите на двата клуба.

Римското дерби отсекогаш било многу повеќе од обичен фудбалски натпревар, па навивачите на Лацио одлучија токму тие средби да не ги пропуштат.

Останатите домашни натпревари, според актуелниот план, треба да се играат без присуство на најгласниот дел од публиката.

Таквито сценарио може да остави сериозни последици врз атмосферата на стадионот, но и врз финансискиот аспект поради намалената продажба на билети.

Селекторот на Португалија со јасна порака: „Бернардо Силва е идеално засилување за Барселона“

Селекторот на репрезентацијата на Португалија, Роберто Мартинес, изрази уверување дека Бернардо Силва би бил идеално засилување за Барселона.

По победата на Португалија со 2:1 над Чиле во пријателски натпревар во саботата, шпанскиот стратег беше запрашан за можниот трансфер на искусниот играч и неговото вклопување во тимот предводен од Ханси Флик.

Во својот одговор, Мартинес не штедеше пофалби за 31-годишниот играч од средниот ред.

„Мислам дека Бернардо Силва е толку извонреден фудбалер, што би се вклопил во секоја соблекувална во светскиот фудбал. Не мислам дека играч како него се појавува секој ден, но тој е фудбалер кој може да се адаптира на секој систем и стил на игра, а притоа да го подобри и она што го има околу себе“, изјави Мартинес.

Селекторот на Португалија смета дека тактичката флексибилност и фудбалската интелигенција на Силва го издвојуваат од останатите креативни играчи на трансфер-пазарот, нагласувајќи дека може да ја контролира играта од повеќе позиции на теренот.

„Не станува збор за позицијата, туку за неговата фудбалска интелигенција, а потоа и за техничкото ниво кое му овозможува да доминира во секоја ситуација во која учествува. Немам никакво сомневање дека би се вклопил во Барселона“, додаде Роберто Мартинес за поранешниот фудбалер на Манчестер сити.

Група „А“: Отворање идентично како и на СП 2010, легендарната „Ацтека“ влегува во историјата (Фото)

Групата А ќе го отвори Светското првенство 2026, а според имињата на хартија не спаѓа меѓу најатрактивните групи на турнирот. Првиот натпревар ќе го одиграат Мексико и Јужна Африка, исто како и на Мундијалот во 2010 година. Во групата се наоѓаат уште Јужна Кореја и Чешка.

На овој меч легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико сити ќе влезе во историјата како прв на кој се играле три меча од отворањето на Светските првенство – 1970, 1986 и 2026 година.

Како еден од домаќините на шампионатот, Мексико ќе има огромна поддршка од своите навивачи, што автоматски го вбројува меѓу главните фаворити за првото место во групата.

Мексиканците го дочекуваат турнирот под голем притисок од јавноста, која има високи очекувања од националниот тим. „Ел Три“ ќе се потпира на домашниот терен и традицијата бидејќи на претходните Светски првенства што ги организираше секогаш стигнуваше најмалку до четвртфиналето. Целта е јасна – пласман во нокаут-фазата и избегнување на најтешките противници во раната елиминациска рунда.

Најголем предизвик за Мексико се очекува да биде Јужна Кореја, предводена од Хеунг-мин Сон. Азиската селекција е препознатлива по дисциплинираната игра, високото темпо и опасните контранапади. Нивниот меѓусебен дуел со Мексико во второто коло би можел да биде клучен во битката за првото место.

По долго отсуство од светската сцена, Чешка повторно е дел од Мундијалот и доаѓа со репрезентација која може да им создаде проблеми на сите ривали. Цврстата дефанзивна организација и физичката доминација се нивните најсилни адути, па секој противник ќе мора сериозно да се потруди за да дојде до победа против Чесите.

На хартија, Мексико и Јужна Кореја изгледаат како фаворити за пласман во осминафиналето, но ниту Чешка ниту Јужна Африка не смеат да бидат потценети во една група каде што секој бод може да биде пресуден.

Комплетната понуда на Sport Life за Светското првенство и сите специјални игри може да ги најдете ТУКА.

Титулата на Александер Зверев се славеше и во Баерн Минхен! (Видео)

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен му честиташе на Александер Зверев за освојувањето на титулата на Ролан Гарос.

Во финалето на турнирот, германскиот тенисер го совлада Флавио Коболи со 6:1, 4:6, 6:4, 6:7(5), 6:1 и ја освои својата прва гранслем-титула.

„Ти честитаме за првата гранслем-титула, Алекс Зверев!“, објави Баерн Минхен на социјалните мрежи.

Зверев е познат како голем навивач на баварскиот гигант и често јавно ја покажува својата поддршка за клубот од Минхен.

 

Шпанија, Франција и Холандија ќе имаат успешни генералки пред Мундијалот (Фото)

6776 Холандија – Узбекистан (20:45)

Мечот во Њујорк ќе биде последна проверка и за Холандија и за Узбекистан. Двете селекции загубија на првите контролни дуели, Холанѓаните од Алжир, додека Узбекистан од Канада. Многумина ги гледаат Лалињата како еден од фаворитите на ова првенство, па сосема јасно е дека од нив се очекува победа над дебитантот на Мундијалите.

Предлог тип: 1 & 3-5 (1.93)

 

6731 Франција – Северна Ирска (21:10)

Франција по шокантниот пораз од Брегот на Слоновата Коска вечерва ќе има шанса пред својата публика да победи пред патот за Северна Америка. Противник на Триколорите е Северна Ирска, селекција која нема да учествува на Светското првенство, па тоа е одлична можност за убедлива победа.

Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.50)

 

6701 Перу – Шпанија (04:00)

Откако не успеаја да го победат Ирак со резервниот состав во Ла Коруња, Шпанија ќе има можност за победа против Перу на неутрален терен во мексиканска Пуебла. Овој меч ќе биде генерална проба за Де ла Фуенте, а очекувањата се дека Фуријата ќе забележи убедлива победа против селекцијата која не успеа да се пласира на Мундијалот.

Предлог тип: 2 & 4+ (2.65)

 

5629 Норвешка У21 – Финска У21 (18:00)

Младинските селекции на Норвешка и Финска често играат пријателски натпревари меѓу себе, а очекувањата се дека ќе има голови во двете мрежи, но и во двете полувремиња. На последните два меча победуваа домашните селекции со 2-1 (норвешка), односно со 5-1 (Финска).

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.74)

 

5630 Италија У21 – Албанија У21 (18:15)

Младинската селекција на Италија на последните три меча забележа победа и на сите три дуели постигна точно по четири гола. Слични се очекувањата и за пријателскиот меч против Албанија, на кој се очекува триумф на Италија со најмалку три постигнати гола.

Предлог тип: 1 & Т1 3+ (1.91)

Карвахал ќе го замени Реал Мадрид со италијанската сензација?!

Искусниот шпански десен бек Дани Карвахал ова лето би можел да го напушти Реал Мадрид по повеќе од две децении минати во кралскиот клуб.

Иако во последните недели најмногу се поврзуваше со трансфер во Милан, според италијанските медиуми, во трката за неговиот потпис се вклучил и амбициозниот Комо, кој од клупата го предводи поранешниот шпански репрезентативец Сеск Фабрегас.

Договорот на Карвахал со Реал Мадрид истекува на крајот од овој месец, а бројни извори наведуваат дека мадридскиот клуб нема да му понуди нов договор, со што би завршила една од најуспешните ери во поновата историја на клубот.

Милан веќе подолго време ја разгледува можноста за негов ангажман, верувајќи дека со своето искуство и лидерски квалитети може да донесе дополнителна стабилност во одбраната. Сепак, сега како сериозен кандидат се појави и Комо.

Клубот, кој под водство на Сеск Фабрегас стана едно од најпријатните изненадувања во италијанскиот фудбал, сака да продолжи со ангажирање на звучни имиња, а Карвахал совршено се вклопува во профилот на играч кој би можел да му помогне на тимот во наредните сезони.

Фабрегас наводно смета дека токму шпанскиот репрезентативец би можел да биде еден од клучните фудбалери околу кои ќе го гради амбициозниот проект на Комо.

Дополнителна предност за италијанскиот клуб може да биде фактот што Карвахал и Фабрегас ги поврзува долгогодишно пријателство и соработка од деновите во репрезентацијата на Шпанија.

Останува да се види дали кариерата ќе ја продолжи во дресот на Милан или ќе го прифати предизвикот што му го нуди Комо на Фабрегас.

Едно е сигурно – по повеќе од 20 години верност кон Реал Мадрид, Карвахал го очекува една од најважните одлуки во завршницата на својата богата кариера.

Микс од три спорта со зголемени квоти во Супер типот на Sport Life (Фото)

Натпревари од три различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Доминира тенисот со осум од 16-те понудени меча. Шест натпревари се од фудбалот, а два од кошарката.

Првиот натпревар започнува веќе во 11 часот, а тоа значи дека треба да побрзате, да го одберете вашиот пар, да ги посетите уплатните места на Sport Life и да ја зголемите добивката на тикетите.

Понеделничкиот Супер тип започнува со осумте тениски натпревари, а првиот фудбалски натпревар на програмата е од 17:30 часот.

Дембеле ја „презема“ соблекувалната на Франција, веќе му најавил на Мбапе што се очекува од него

Усман Дембеле наводно побарал од својот репрезентативен соиграч Килијан Мбапе да преземе поголема одговорност во дефанзивните задачи и повеќе да придонесува за тимската игра.

Според француските медиуми, Дембеле во последниот период станал една од највлијателните фигури во соблекувалната на француската репрезентација и директно му порачал на капитенот дека за доброто на тимот мора повеќе да учествува во одбраната.

„Усман Дембеле достигна сосема ново ниво во репрезентацијата на Франција. Не се двоуми да му каже директно на Килијан Мбапе што мисли. Неодамна му порача дека мора многу повеќе да придонесува во дефанзивата“, пишуваат француските медиуми.

Не е познато како реагирал Мбапе на оваа забелешка, но јасно е дека станува збор за тема која често се дискутира кога се анализира неговата игра. Иако важи за еден од најдобрите фудбалери во светот, француската ѕвезда честопати е критикувана поради ограничениот ангажман во дефанзивната фаза.

Во последните месеци Мбапе беше цел на критики и од дел од навивачите на Реал Мадрид, особено поради резултатите на тимот и неговите настапи во одредени натпревари.

Франција влегува на Светското првенство како еден од главните фаворити за титулата, но поразот во пријателскиот натпревар против Брегот на Слоновата Коска очигледно бил сигнал дека во тимот е потребна поголема дисциплина и посветеност од сите играчи.

Триколорите ќе настапат во група со Сенегал, Ирак и Норвешка, а од Мбапе и Дембеле ќе се очекува да ја предводат селекцијата во борбата за светската титула.

Одлична понуда: Коефициенти и до 2.25 во Квотите на денот (Фото)

Три клупски и два репрезентативни меча се дел од Квотите на денот во Sport Life за понеделник. Понудените квоти се движат помеѓу 1.85 и 2.25, додека петте меча искомбинирани на ист тикет прават квота од 38.5.

На мечот од финското првенство помеѓу КТП и Хака се очекува дека една од екипите ќе има водство на полувремето, а на крајот ќе има победник. Доколку тоа се случи, тогаш квотата од 2.00 ќе биде добитна.

Понудената квота од 2.20 за дуелот на Енпи и Ал-Масри ќе биде добитна само ако се затресат двете мрежи, но и ако има најмалку еден гол во второто полувреме.

Беркане треба да го победи Итихад, а за да биде добитна квотата од 2.25, потребно е на мечот да има и помеѓу два до пет гола.

На пријателскиот меч помеѓу Холандија и Узбекистан се очекуваат голови за да биде добитна квотата од 2.10. Нив треба да ги има еден или два во првото полувреме, односно помеѓу еден и три во вториот дел.

Квотата од 1.85 за дуелот на Франција и Северна Ирска ќе биде добитна само ако Триколорите имаат водство на полувреме и на крајот победат во меч на кој ќе има помеѓу два и пет гола.