Дома Blog Страница 8

Карвахал ќе го замени Реал Мадрид со италијанската сензација?!

Искусниот шпански десен бек Дани Карвахал ова лето би можел да го напушти Реал Мадрид по повеќе од две децении минати во кралскиот клуб.

Иако во последните недели најмногу се поврзуваше со трансфер во Милан, според италијанските медиуми, во трката за неговиот потпис се вклучил и амбициозниот Комо, кој од клупата го предводи поранешниот шпански репрезентативец Сеск Фабрегас.

Договорот на Карвахал со Реал Мадрид истекува на крајот од овој месец, а бројни извори наведуваат дека мадридскиот клуб нема да му понуди нов договор, со што би завршила една од најуспешните ери во поновата историја на клубот.

Милан веќе подолго време ја разгледува можноста за негов ангажман, верувајќи дека со своето искуство и лидерски квалитети може да донесе дополнителна стабилност во одбраната. Сепак, сега како сериозен кандидат се појави и Комо.

Клубот, кој под водство на Сеск Фабрегас стана едно од најпријатните изненадувања во италијанскиот фудбал, сака да продолжи со ангажирање на звучни имиња, а Карвахал совршено се вклопува во профилот на играч кој би можел да му помогне на тимот во наредните сезони.

Фабрегас наводно смета дека токму шпанскиот репрезентативец би можел да биде еден од клучните фудбалери околу кои ќе го гради амбициозниот проект на Комо.

Дополнителна предност за италијанскиот клуб може да биде фактот што Карвахал и Фабрегас ги поврзува долгогодишно пријателство и соработка од деновите во репрезентацијата на Шпанија.

Останува да се види дали кариерата ќе ја продолжи во дресот на Милан или ќе го прифати предизвикот што му го нуди Комо на Фабрегас.

Едно е сигурно – по повеќе од 20 години верност кон Реал Мадрид, Карвахал го очекува една од најважните одлуки во завршницата на својата богата кариера.

Микс од три спорта со зголемени квоти во Супер типот на Sport Life (Фото)

Натпревари од три различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Доминира тенисот со осум од 16-те понудени меча. Шест натпревари се од фудбалот, а два од кошарката.

Првиот натпревар започнува веќе во 11 часот, а тоа значи дека треба да побрзате, да го одберете вашиот пар, да ги посетите уплатните места на Sport Life и да ја зголемите добивката на тикетите.

Понеделничкиот Супер тип започнува со осумте тениски натпревари, а првиот фудбалски натпревар на програмата е од 17:30 часот.

Дембеле ја „презема“ соблекувалната на Франција, веќе му најавил на Мбапе што се очекува од него

Усман Дембеле наводно побарал од својот репрезентативен соиграч Килијан Мбапе да преземе поголема одговорност во дефанзивните задачи и повеќе да придонесува за тимската игра.

Според француските медиуми, Дембеле во последниот период станал една од највлијателните фигури во соблекувалната на француската репрезентација и директно му порачал на капитенот дека за доброто на тимот мора повеќе да учествува во одбраната.

„Усман Дембеле достигна сосема ново ниво во репрезентацијата на Франција. Не се двоуми да му каже директно на Килијан Мбапе што мисли. Неодамна му порача дека мора многу повеќе да придонесува во дефанзивата“, пишуваат француските медиуми.

Не е познато како реагирал Мбапе на оваа забелешка, но јасно е дека станува збор за тема која често се дискутира кога се анализира неговата игра. Иако важи за еден од најдобрите фудбалери во светот, француската ѕвезда честопати е критикувана поради ограничениот ангажман во дефанзивната фаза.

Во последните месеци Мбапе беше цел на критики и од дел од навивачите на Реал Мадрид, особено поради резултатите на тимот и неговите настапи во одредени натпревари.

Франција влегува на Светското првенство како еден од главните фаворити за титулата, но поразот во пријателскиот натпревар против Брегот на Слоновата Коска очигледно бил сигнал дека во тимот е потребна поголема дисциплина и посветеност од сите играчи.

Триколорите ќе настапат во група со Сенегал, Ирак и Норвешка, а од Мбапе и Дембеле ќе се очекува да ја предводат селекцијата во борбата за светската титула.

Одлична понуда: Коефициенти и до 2.25 во Квотите на денот (Фото)

Три клупски и два репрезентативни меча се дел од Квотите на денот во Sport Life за понеделник. Понудените квоти се движат помеѓу 1.85 и 2.25, додека петте меча искомбинирани на ист тикет прават квота од 38.5.

На мечот од финското првенство помеѓу КТП и Хака се очекува дека една од екипите ќе има водство на полувремето, а на крајот ќе има победник. Доколку тоа се случи, тогаш квотата од 2.00 ќе биде добитна.

Понудената квота од 2.20 за дуелот на Енпи и Ал-Масри ќе биде добитна само ако се затресат двете мрежи, но и ако има најмалку еден гол во второто полувреме.

Беркане треба да го победи Итихад, а за да биде добитна квотата од 2.25, потребно е на мечот да има и помеѓу два до пет гола.

На пријателскиот меч помеѓу Холандија и Узбекистан се очекуваат голови за да биде добитна квотата од 2.10. Нив треба да ги има еден или два во првото полувреме, односно помеѓу еден и три во вториот дел.

Квотата од 1.85 за дуелот на Франција и Северна Ирска ќе биде добитна само ако Триколорите имаат водство на полувреме и на крајот победат во меч на кој ќе има помеѓу два и пет гола.

Ирански ракетен напад прекина кошаркарски меч во Израел (Фото)

Вистински хаос се случи за време на полуфиналниот натпревар од израелското кошаркарско првенство меѓу Хапоел Тел Авив и Хапоел Ерусалим.

Натпреварот беше прекинат во третата четвртина, поради ракетна тревога поврзана со напади од Иран, што предизвика сериозна загриженост за безбедноста на сите присутни во салата.

Во моментот на прекинот, Хапоел Тел Авив имаше предност од 77:67.

Судиите веднаш ја прекинаа средбата за да ги заштитат кошаркарите, стручните штабови, навивачите и останатите присутни во арената.

Засега не е познато кога натпреварот ќе биде доигран и на кој начин ќе заврши полуфиналната серија. Се очекува раководството на лигата наскоро да излезе со официјални информации и евентуални измени во распоредот.

Сепак, сите понатамошни одлуки ќе зависат од безбедносната состојба во земјата и проценките на надлежните институции.

Сензација: Мондо Дуплантис загуби по три години и 40 последователни победи

Големо изненадување се случи на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм, каде што пред домашната публика беше прекината неверојатната победничка серија на Арманд Дуплантис.

Популарниот Мондо го доживеа својот прв пораз по речиси три години и серија од 40 последователни победи на официјални натпреварувања. Последен пат шведскиот феномен беше поразен во јули 2023 година на митингот во Монако, кога заврши на четвртото место.

За сензацијата се погрижи Куртис Маршал, освојувач на бронзен медал на последните две Светски првенства.

Австралиецот ја прескокна висината од 5,90 метри во третиот обид, додека Дуплантис реши да ја прескокне таа висина откако претходно без проблеми ја совлада границата од 5,80 метри.

Швеѓанецот потоа се обиде да дојде до победата на 6,00 и 6,05 метри, но во сите три обиди ја собори летвичката и не успеа да го надмине резултатот на Маршал.

Така, Куртис Маршал стигна до една од најголемите победи во својата кариера, додека Дуплантис остана без триумф за првпат по речиси три години доминација во скокот со стап.

Флорентино Перес победи на клупските избори, па објави: „Жозе Мурињо е нов тренер на Реал“

Флорентино Перес останува претседател на Реал Мадрид и во следните четири години откако убедливо победи на претседателските избори во клубот.

Неговиот противкандидат Енрике Рикелме во кампањата ветуваше дека ќе го донесе Ерлинг Халанд на „Сантијаго Бернабеу“, но очигледно не успеа да ја добие довербата на мнозинството членови на клубот.

Перес освои околу две третини од гласовите, а сега вниманието е насочено кон неговото ветување дека ќе реализира големо засилување вредно 150 милиони евра.

„Со мене во Реал Мадрид секогаш ќе играат најдобрите фудбалери во светот, а така ќе биде и следната сезона“, изјави Перес за време на изборната кампања.

Првото ветување веќе го исполни. Веднаш по прогласувањето на победата, за време на победничкиот говор, тој потврди дека Жозе Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид.

„Горд сум што можам да го објавам враќањето на еден од најдобрите тренери во светот, Жозе Мурињо“, изјави Флорентино Перес по победата на претседателските избори во Реал Мадрид.

Самите избори не поминаа без контроверзии. Броењето на гласовите започнало дури час и половина по затворањето на избирачките места, откако биле поништени околу 400 гласа за Перес поради двојни потписи.

На крајот тие гласачки ливчиња не биле земени предвид, но од изборниот штаб на Енрике Рикелме тврдат дека требало да бидат поништени најмалку уште илјада гласа во корист на Перес.

Според официјалните резултати, изборите донеле рекордна излезност меѓу членовите на клубот. Перес освоил 65 проценти од гласовите, односно поддршка од 21.741 член, додека Рикелме добил 35 проценти или 11.814 гласа.

Перес со оваа победа ќе го започне својот осми мандат на чело на Реал Мадрид.

Шок за Бразил пред СП: Анчелоти остана без единствениот вистински десен бек

Петкратниот светски првак Бразил претрпе тежок удар непосредно пред стартот на Светското првенство. Селекторот Карло Анчелоти остана без единствената вистинска опција на позицијата десен бек, откако Весли Франк заработи повреда на мускулот на левата нога за време на контролниот меч против Египет.

По направената магнетна резонанца, лекарите потврдија дека повредата е сериозна и Весли е тој е „прешкртан“ од составот. На негово место, селекторот Анчелоти го повика новиот играч за врска на Манчестер јунајтед, Едерсон.

„ЦБФ искрено жали за оваа повреда. Весли е играч кој е исклучително сакан од тимот и секогаш ќе се смета за дел од овој тим во нашата потрага по шестата титула светски шампион“, се вели во соопштението на бразилската федерација.

Резултатот од магнетната резонанца предизвика огромна главоболка за Карло Анчелоти, со оглед на тоа што Весли беше единствениот вистински десен бек меѓу 26-те играчи што италијанскиот стручњак ги вклучи на конечниот список.

Анчелоти сега ќе биде принуден да импровизира и да го „поправи“ десното крило, а се очекува дека оваа позиција ќе ја покријат  дефанзивци како што се искусните Данило или Ибањез, кои природната позиција им е на централната бековска позиција.

Новиот играч на Кариока, Едерсон, ќе се приклучи на националниот тим во понеделник во САД, каде што Бразилците ги спроведуваат последните подготовки. Кариоките го отвораат натпреварувањето во Групата Ц во сабота, кога ги очекува исклучително непријатен и тежок натпревар против Мароко. Покрај Мароканците, Бразил ќе бара пласман во нокаут фазата преку репрезентациите на Хаити и Шкотска.

Италијанците сега редат победи, ама џабе им се, СП ќе го гледаат на телевизија (Видео)

Италија минимално со 1:0 славеше на гости кај Грција во контролен меч. За Аѕурите ова е втора победа во последните пет дена, откако претходно со 1:0 славеше и над Луксембург.

Интересно е тоа дека како на мечот против Луксембург, така и сега против Грција, стрелец на единствениот гол беше младиот напаѓач на Интер, Франческо Еспозито и тоа во 17 минута. Погодокот со кој Италија славеше над Грција може да го видите ТУКА.

Овие две победи на Италија се мала утеха за Аѕурите кои сепак нема да бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Хрватска ја победи Словенија, Модриќ со мајсторски гол (Видео)

Репрезентацијата на Хрватска со 2:1 славеше над Словенија во пријателски меч одигран вечерва во Вараждин. Ова беше последна средба на Коцкестите пред патувањето во САД, каде ќе бидат дел од Светското првенство.

Откако во првото полувреме немаше голови, серијата погодоци ја најави капитенот на Хрватска, Лука Модриќ. Фудбалерот кој во септември ќе наполи 41 година, уште еднаш покажа дека е вистински виртуоз и погоди со шут надвор од шеснаесетникот. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Пред крајот на мечот, односно во 83 минтуа Словенија израмни на 1:1 кога Шпорар погоди по еден кикс на средниот ред на домашниот тим.

Да може Хрватска со победнички ритам да замине кон САД се погрижи Пашалиќ кој погоди во 90+3 минута за 2:1 и победа на селекцијата која заврши на третото место на Мундијалот кој пред четири години се играше во Катар.