Дома Blog Страница 9

Сензација: Мондо Дуплантис загуби по три години и 40 последователни победи

Големо изненадување се случи на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм, каде што пред домашната публика беше прекината неверојатната победничка серија на Арманд Дуплантис.

Популарниот Мондо го доживеа својот прв пораз по речиси три години и серија од 40 последователни победи на официјални натпреварувања. Последен пат шведскиот феномен беше поразен во јули 2023 година на митингот во Монако, кога заврши на четвртото место.

За сензацијата се погрижи Куртис Маршал, освојувач на бронзен медал на последните две Светски првенства.

Австралиецот ја прескокна висината од 5,90 метри во третиот обид, додека Дуплантис реши да ја прескокне таа висина откако претходно без проблеми ја совлада границата од 5,80 метри.

Швеѓанецот потоа се обиде да дојде до победата на 6,00 и 6,05 метри, но во сите три обиди ја собори летвичката и не успеа да го надмине резултатот на Маршал.

Така, Куртис Маршал стигна до една од најголемите победи во својата кариера, додека Дуплантис остана без триумф за првпат по речиси три години доминација во скокот со стап.

Флорентино Перес победи на клупските избори, па објави: „Жозе Мурињо е нов тренер на Реал“

Флорентино Перес останува претседател на Реал Мадрид и во следните четири години откако убедливо победи на претседателските избори во клубот.

Неговиот противкандидат Енрике Рикелме во кампањата ветуваше дека ќе го донесе Ерлинг Халанд на „Сантијаго Бернабеу“, но очигледно не успеа да ја добие довербата на мнозинството членови на клубот.

Перес освои околу две третини од гласовите, а сега вниманието е насочено кон неговото ветување дека ќе реализира големо засилување вредно 150 милиони евра.

„Со мене во Реал Мадрид секогаш ќе играат најдобрите фудбалери во светот, а така ќе биде и следната сезона“, изјави Перес за време на изборната кампања.

Првото ветување веќе го исполни. Веднаш по прогласувањето на победата, за време на победничкиот говор, тој потврди дека Жозе Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид.

„Горд сум што можам да го објавам враќањето на еден од најдобрите тренери во светот, Жозе Мурињо“, изјави Флорентино Перес по победата на претседателските избори во Реал Мадрид.

Самите избори не поминаа без контроверзии. Броењето на гласовите започнало дури час и половина по затворањето на избирачките места, откако биле поништени околу 400 гласа за Перес поради двојни потписи.

На крајот тие гласачки ливчиња не биле земени предвид, но од изборниот штаб на Енрике Рикелме тврдат дека требало да бидат поништени најмалку уште илјада гласа во корист на Перес.

Според официјалните резултати, изборите донеле рекордна излезност меѓу членовите на клубот. Перес освоил 65 проценти од гласовите, односно поддршка од 21.741 член, додека Рикелме добил 35 проценти или 11.814 гласа.

Перес со оваа победа ќе го започне својот осми мандат на чело на Реал Мадрид.

Шок за Бразил пред СП: Анчелоти остана без единствениот вистински десен бек

Петкратниот светски првак Бразил претрпе тежок удар непосредно пред стартот на Светското првенство. Селекторот Карло Анчелоти остана без единствената вистинска опција на позицијата десен бек, откако Весли Франк заработи повреда на мускулот на левата нога за време на контролниот меч против Египет.

По направената магнетна резонанца, лекарите потврдија дека повредата е сериозна и Весли е тој е „прешкртан“ од составот. На негово место, селекторот Анчелоти го повика новиот играч за врска на Манчестер јунајтед, Едерсон.

„ЦБФ искрено жали за оваа повреда. Весли е играч кој е исклучително сакан од тимот и секогаш ќе се смета за дел од овој тим во нашата потрага по шестата титула светски шампион“, се вели во соопштението на бразилската федерација.

Резултатот од магнетната резонанца предизвика огромна главоболка за Карло Анчелоти, со оглед на тоа што Весли беше единствениот вистински десен бек меѓу 26-те играчи што италијанскиот стручњак ги вклучи на конечниот список.

Анчелоти сега ќе биде принуден да импровизира и да го „поправи“ десното крило, а се очекува дека оваа позиција ќе ја покријат  дефанзивци како што се искусните Данило или Ибањез, кои природната позиција им е на централната бековска позиција.

Новиот играч на Кариока, Едерсон, ќе се приклучи на националниот тим во понеделник во САД, каде што Бразилците ги спроведуваат последните подготовки. Кариоките го отвораат натпреварувањето во Групата Ц во сабота, кога ги очекува исклучително непријатен и тежок натпревар против Мароко. Покрај Мароканците, Бразил ќе бара пласман во нокаут фазата преку репрезентациите на Хаити и Шкотска.

Италијанците сега редат победи, ама џабе им се, СП ќе го гледаат на телевизија (Видео)

Италија минимално со 1:0 славеше на гости кај Грција во контролен меч. За Аѕурите ова е втора победа во последните пет дена, откако претходно со 1:0 славеше и над Луксембург.

Интересно е тоа дека како на мечот против Луксембург, така и сега против Грција, стрелец на единствениот гол беше младиот напаѓач на Интер, Франческо Еспозито и тоа во 17 минута. Погодокот со кој Италија славеше над Грција може да го видите ТУКА.

Овие две победи на Италија се мала утеха за Аѕурите кои сепак нема да бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Хрватска ја победи Словенија, Модриќ со мајсторски гол (Видео)

Репрезентацијата на Хрватска со 2:1 славеше над Словенија во пријателски меч одигран вечерва во Вараждин. Ова беше последна средба на Коцкестите пред патувањето во САД, каде ќе бидат дел од Светското првенство.

Откако во првото полувреме немаше голови, серијата погодоци ја најави капитенот на Хрватска, Лука Модриќ. Фудбалерот кој во септември ќе наполи 41 година, уште еднаш покажа дека е вистински виртуоз и погоди со шут надвор од шеснаесетникот. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Пред крајот на мечот, односно во 83 минтуа Словенија израмни на 1:1 кога Шпорар погоди по еден кикс на средниот ред на домашниот тим.

Да може Хрватска со победнички ритам да замине кон САД се погрижи Пашалиќ кој погоди во 90+3 минута за 2:1 и победа на селекцијата која заврши на третото место на Мундијалот кој пред четири години се играше во Катар.

Ја освоија титулата па на теренот влегоа со трактор да слават (Видео)

Фудбалерите на Раковица ја освоија титулата во Меѓуопштинската лига Белград – група Б и од следната сезона нема да бидат во најнискиот ранг на нтпреварување. Пресреќни беа фудбалерите и навивачите на овој тим, па веднаш по завршување na последниот меч започна големо славје.

Вистински хит беше кога на теренот се појави трактор, кој извозе победнички круг со трофејот освоен за првото место во оваа лига.

Оваа Меѓуопштинска лига Белград Б група е една од најмалите во српскиот фудбал. Во неа учествуваат само осум екипи, а тимот на Раковица стана шампион со освоени 35 бодови.

 

Пеп Гвардиола: „Ни самиот не знам што ќе правам во иднина“

Пеп Гвардиола призна дека во моментов нема јасна претстава кој ќе биде неговиот следен чекор во кариерата. Ова е негово прво јавно обраќање откако минатиот викенд го напушти кормилото на Манчестер сити.

Каталонецот присуствуваше на настан организиран од фондацијата на Јохан Кројф, каде што се осврна на десетте години поминати на „Етихад“ и зборуваше за својата иднина.

Неговиот последен натпревар на клупата на Сити беше поразот од 2:1 против Астон Вила. Натпреварот беше и проштален за Бернардо Силва и Џон Стоунс.

„Беше навистина убаво, навистина забавно. Тоа беше неверојатно искуство. Не можев ни да замислам дека ќе останам таму десет години“, изјави Гвардиола за својот период во Манчестер сити.

На прашањето што следува во неговата кариера, тој кратко одговори:

„Ниту јас самиот не знам.“

Во последните недели Гвардиола неколкупати нагласуваше дека за него е време за заминување кога ќе почувствува дека енергијата и страста почнуваат да исчезнуваат, а токму тоа, според неговите зборови, било главната причина за крајот на неговата десетгодишна ера во Манчестер сити.

Македонија се намачи, но го победи Луксембург

Македонската одбојкарска репрезентација потешко од очекувањата славеше над селекцијата на Луксембург со 3:1 во меч од второто коло на европската лига.

Нашата селекција според квотите пред мечот важеше за голем фаворити, па многумина можеби очекуваа лесна победа, но не беше така.

Во првиот сет Македонија ниту една од двете репрезентации немаше повеќе од два поени предност. Македонија водеше со 22:20, но кога беше најпотребно попушти концентрацијата кај македонските одбојкари, па Луксембург со серија од 5:1 го освои сетот со 25:22.

Во вториот сет Македонија започна добро и поведе со 5:2, а три поени предност имаше и при 16:13 и 18:15, па на крајот нашата селекција го доби овој сет со 25:21.

Во третиот сет Македонија имаше целосна контрола на резултатот. Нашите одбојкари во ниту еден момент не му доволија на противникот да се понадева да поведе, но во завршницата се решаваше кој ќе го добие. Македонија водеше со 20:18, а потоа следуваше најдобриот период во играта во овој сет кој припадна на нашата селекција со 25:20.

Единствено во четвртиот сет немаше неизвесност. Доминираа македонските одбојкари и сетот го добија со убедливи 25:13 за голема радост на домашната публика во Струмица.

 

Докторот со први информации по колабирањето на Кристијан Ериксен (Видео)

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен (34) се струполи на теренот на средина од второто полувреме од пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина. Тоа е истиот фудбалер кој доживеа срцев удар за време на натпреварот на Европското првенство пред пет години.

Тогаш, Ериксен беше реанимиран на теренот и веднаш беше пренесен во болница. Потоа од болницата стигнаа добри вести дека брзо се освестил, па нецела година подоцна се врати на фудбалот во март 2022 година.

Потоа Ериксен немаше никакви посериозно здравствени проблеми, се до вечерва. На мечот во Оденсе, се играше 65 минута кога ѕвездата на данската репрезентација колабираше.

„Не, не, не. Кристијан Ериксен паѓа на тревата и лежи сосема мирно. Ова се навистина непријатни слики. Целиот стадион е целосно тивок, а сите играчи стојат околу него. Нереален момент. Апсолутно, апсолутно ужасен. Повеќето играчи стојат во круг околу Кристијан Ериксен, но има и такви играчи кои не можат. Неколку дански играчи се скршени. Ова навистина не се убави сцени. Играчите плачат додека работат под голем притисок околу Ериксен. Се бараат ќебиња за дополнителна заштита“, веднаш извести данската ТВ2.

Веднаш реагираа лекарите, а Ериксен за среќа повторно е добро.

„Првиот извештај е дека Ериксен е свесен. Ова го потврди и DBU (Данската фудбалска асоцијација)“, веднаш пренесоа данските медиуми. „Тешко е да се најдат зборови за да се опише што се случува. Сите играчи ги опкружуваат Ериксен и неговата сопруга на пат кон амбулантното возило, кое е подготвено да ги однесе од стадионот“, напиша данската ТВ2.

Мечот беше прекинат и не се доигра. Потоа брзо стигнаа и првите информации од докторот на данската репрезентација Мортен Боесен, кој за ТВ2 изјави:

„Онака како што јас го разбирам, мислам дека неговиот пејсмејкер го предизвикал шокот додека играл. Мислам дека го видов како се држи за градите и можеби дури и вика: „Ау“. А потоа се сруши. Тогаш отидов до него. Сега неговиот пејсмејкер се анализира бидејќи може да покаже која е основната причина. Тој се освести доста брзо. Мислам дека уредот го направи она за што беше дизајниран – го врати во живот.“

 

Кристијан Ериксен повторно колабираше, за среќа брзо дојде при свест (Видео)

Прославениот дански фудбалер Кристијан Ериксен повторно колабираше на теренот и тоа повторно на меч во дресот на данската репрезентација. Се играше 65 минута на дуелот против Украина, кога Ериксен ненадејно падна на теренот.

Веднаш реагираа лекарските екипи, Ериксен беше пренесен во болница, а првичните информации велат дека данскиот фудбалер е при свест.