11.8 C
Skopje
вторник, 16 септември 2025
Дома Blog Страница 9445

Мбела дебитираше со гол за Ренова, Шкендија подобра во тест-меч

Емануел Мбела постигна гол на дебито за Ренова, а лидерот и шампион Шкендија беше подобра и ги победи „гипсарите“ со 2-1 во пријателскиот меч во Тетово.

Мбела пристигна во Ренова од Силекс и во овој преоден рок ќе биде големо засилување за клубот. Тоа го покажа и на првиот тест-меч, иако со пресврт и два гола во второто полувреме Шкендија успеа да победи.

Изаир Емини со гол во 63-тата минута израмни на 1-1, а во самиот финиш Валмир Нафиу ѝ донесе победа на Шкендија.

Квалитет пред ривалитет – Умит Каран е легенда на Галатасарај, во Шкупи доведе поранешен играч на Бешикташ

Махарафа Тандина ќе биде нов член на Шкупи, а 21-годишниот играч ќе им се приклучи на подготовките на Чаирчани и со нив ќе патува во Анталија.

Тандина игра на позицијата лево крило и е државјанин на Мали. И што е најинтересно, има играно за младинскиот тим на Бешикташ. Клуб кој е голем ривал на Галатасарај во Турција. Тренерот на Шкупи, Умит Каран, е една од легендите на Галата, па сега ќе има под команда екс фудбалер на големиот ривал Бешикташ.

Претходно во клубот пристигнаа поранешниот голман на јуниорите на Пари Сен Жермен, Енес Азизи и нашиот поранешен младински репрезентативец Филип Ристовски.

Динамо Загреб ја користи кризата на Вардар, ќе го „грабне“ Филип Антовски

Филип Антовски е многу блиску до трансфер во Динамо Загреб откако не замина со Вардар на подготовките во Аланија. Левиот бек е мошне талентиран и лидерот во хрватското првенство ако се остварат најавите за ангажман на Антовски, ќе си добие перспективен фудбалер.

Од Вардар си заминува и Бесар Исени, исто така млад играч кој има 21 година и е две години повозрасен од Антовски.

Тој дојде во таборот на најтрофејниот македонски клуб од Шкупи во летниот преоден рок во 2017 година, а можно е повторно да се врати на „Чаир“, иако и Работнички се интересира за ангажман на играчот од средниот ред.

Нема опуштање и потценување против Зрињски

МЗТ Скопје Аеродром без потценување ќе му пристапи на вечерашниот меч (19 часот) во „Јане Сандански“ против Зрињски од втората АБА-лига бидејќи иако тимот од Мостар има само пет победи, двојно помалку од МЗТ, сепак станува збор за шампион на Босна и Херцеговина.

Една од победите на Зрињски сезонава беше токму против МЗТ, кога Рамљак со 35 и Миличевиќ со 25 поени ја уништија одбраната на „штрковите“. Но, од тој меч на 24-ти октомври, досега се сменија некои работи, во екипите има нови играчи, а други си заминаа или се повредени.

„Ова е одлична шанса со победа дома да влеземе во победничка серија и да ја потврдиме гостинската победа кај Ловќен. Нема релаксирање, во мечот влегуваме максимално и верувам дека ќе ги освоиме бодовите за задржување на второто место“, изјави Дарко Соколов.

Тренерот Ѓорѓи Кочов нема да смета на Лестер Медфорд, но и без него „металците“ славеа кај Ловќен, кога помош дојде и од ветеранот Предраг Самарџиски, кој по подолго време, повторно ќе заигра во Аеродром.

„Никако не смее да ги потцениме, без разлика на пласманот на табелата. Зрињски е тим кој може да биде многу опасен ако му се дозволи да се разигра. Ние тоа добро го почувствувавме на гостувањето во Мостар. Сигурен сум дека со фокусирана игра, добра одбрана, ќе успееме да триумфираме“, смета Кочов.

Зрињски има проблеми со повредени играчи и долго патување до Скопје, па фаворитската улога му ја препуштаат на МЗТ, кој се бори за освојување на втората позиција и предност во полуфиналето на плејофот.

Надал го претрка Едберг со победа против Ебден

Рафаел Надал се проби на третото место на вечната листа тенисери со најмногу победи на Отвореното првенство на Австралија по лесниот триумф во три сета против Метју Ебден.

Шпанецот сега има вкупно 57 победи во Мелбурн и го претрка легендарниот Швеѓанец Стефан Едберг. Се сметаат само успесите во таканаречената тениска „Опен ера“ од 1968 година досега.

Надал беше супериорен, во секој сет успеа да направи барем еден брејк, а не му дозволи ниту еден на австралискиот тенисер и се пласира во третата рунда на АО.

Таму го чека дуел со уште еден домашен тенисер, Алекс де Минаур, кој успеа во маратонски меч да го победи Лаксонен од Швајцарија со 3:2 во сетови. Досега имаат играно само еднаш, на Вимблдон лани, и Надал рутински победи со 3:0 во сетови.

„Црвената фурија“ колективно е безмилосна кон Македонија

Шпанија е сурово безмилосна против Македонија во колективните спортови и има неверојатен биланс од 18 победи без реми и пораз во трите главни спортови, фудбалот, кошарката и ракометот.

Вечерва во Минхен на ред е дуелот број 19, ќе се игра ракомет, но ништо не е сменето, барем до 20.30 часот до почетокот на новото соочување со „црвената фурија“.

Повторно Шпанците се апсолутни фаворити, играат стандардно добро, победија на сите три меча досега во групата Б, а реалноста е дека ќе биде чудо и вечерва да не ги освои бодовите.

Едноставно, досега немаме рецепт како да ги надиграме и победиме, а не ни помогна ниту ангажманот на Шпанецот Раул Гонзалес. Со него на кормилото, Шпанците не декласираа лани, во јануари, на Европското првенство во Хрватска и славеа со 31:20.

Во ракометот имаме шест порази, а најмала разликата беше на СП во 2017 година, кога Шпанците нè победија со четири гола разлика, 29:25.

Поинаку не е ниту во фудбалот, каде што веќе имаме 7 од 7 порази и сè уште сонуваме барем за реми против ривал со кого често играме квалификациски мечеви за ЕП и СП.

Во кошарката го паметиме плуфиналето на ЕП во Литванија, во 2011 година, кога Карлос Наваро, Ла Бомба, нè растажи со неверојатна партија и заедно со соиграчите од шпанската репрезентација нè спречи да ја разубавиме кошаркарската историја со финале. Имаме играно уште пет пријателски дуели со Шпанците и сите ги загубивме.

 

Има разлика – Само со специјалите на Sport Life погодете го победникот и разликата во голови на мечот Македонија – Шпанија

Обложувалниците на Sport Life ја проширија понудата во специјалот со различни игри за ракометниот дуел меѓу Македонија и Шпанија, а новитет е типувањето на победник со 7 маргини во кои е вклучена и разликата во голови во корист на победникот.

Понудата е мошне интересна, а може да се типува на триумф на двете репрезентации со маргини од 1 до 3 голови разлика, од 4 до шест, од 7 до 9, од 10 до 12, од 13 до 16, од 17 до 20 и 21 или повеќе голови разлика во корист на победникот.

Коефициентите се одлични, па вреди да се обидете со играта која е новитет во обложувалнците на Sport Life. На пример, победа на Македонија од 4 до 6 голови разлика е со коефициент 25, а ако приредиме чудо и ја победиме Шпанија со 7 до 9 голови разлика, добитниот коефициент би бил 85.

Денеска во богатиот специјал за мечот во Минхен меѓу нашата и шпанската репрезентација има понуда и за тоа која селекција прва ќе постигне гол. Исто така можете да се обложите и на последен гол на мечот, на прво и последно исклучување, прв и последен седмерец и кој ракометар ќе го постигне првиот гол.

Тука се веќе и стандардните игри кои ги има специјално од почетокот на Мундијалот, со типови „Паѓаат повеќе голови во полувреме“, „Кој прв до 3, 5 и 10 голови“, како и една од најатрактивните игри со индивидуални тотали со голови на ракометарите.

 

 

Де Хеа сака 50 отсто поголема плата за да остане во Манчестер јунајтед

Давид де Хеа сака зголемување на платата за 100.000 фунти неделно за да остане во Манчестер јунајтед. Голманот има само уште шест месеци од договорот со најтрофејниот англиски клуб и сега е во ситуација да бара многу поголема плата од 200.000 фунти кои ги добива сега на неделно ниво.

Шпанскиот чувар на мрежата сезонава ја започна слабо, но полека влегува во посакуваната форма. На дербито против Тотенхем, Де Хеа беше убедливо најдобриот на теренот. Имаше неверојатни 11 одбрани и го предводеше Манчестер до победа од 1-0.

За Де Хеа се интересира францускиот првак Пари Сен Жермен, кој, секако, може да ги исплати посакуваните 300.000 фунти неделна плата за голманот. И Јувентус се поврзува како можен нов клуб за Де Хеа, но Манчестер сепак ќе се обиде во следниов период да го задржи чуварот на мрежата кој од 2011 година е на „Олд Трафорд“.

 

 

Реал Мадрид брише сè што е поврзано со Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо помина девет сезони во дресот на Реал Мадрид и им донесе многу радости на навивачите на шпанскиот гигант. Сепак, речиси по една деценија помината на „Сантијаго Бернабеу“, минатото лето Португалецот си замина од Реал и потпиша за Јувентус. Тоа како да беше знак дека Реал Мадрид веднаш треба да го заборави играчот кој стана најдобар стрелец во историјата на клубот, а благодарение на неговите голови, во витрините на мадридскиот гигант дојдоа многу од највредните трофеи.

На официјалната интернет-страница на Реал Мадрид, Роналдо го нема речиси никаде. Во изборот на УЕФА за најдобар тим за минатата сезона во Лигата на шампионите се најдоа дури петмина играчи кои беа најзаслужни што Реал Мадрид повторно го одбрани европскиот трон. Сепак, на фотографијата поставена на страната на Реал ги има Рамос, Варан, Модриќ и Марсело, додека Роналдо, кој беше најдобар и најзаслужен за освоената титула, го нема на фотографијата. Точно е тоа дека Роналдо сега игра за Јувентус, но тоа е избор за минатата сезона, кога Роналдо беше во Реал.

Реал на своите официјални профили на социјалните страници, „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“, престана да го следи Роналдо, и тоа веднаш откако беше објавено дека Португалецот ќе биде играч на Јувентус. Колку за споредба, кога Роналдо од Манчестер јунајтед се пресели во Реал Мадрид, англискиот гигант остана да биде „следбеник“ на Португалецот.

Со Роналдо во тимот, Реал освои дури четири титули во Лигата на шампионите, две во Примера дивисион, како и по две во Купот и Суперкупот на Шпанија. Реал со Роналдо двапати се радуваше и во Суперкупот на УЕФА и трипати на Светското клупско првенство. И покрај сите овие успеси и трофеи и вкупно 450 постигнати голови во 438 меча, за Роналдо нема место меѓу легендите на клубот, како што се Алфредо ди Стефано и Зинедин Зидан.

Јувентус и Милан во Џеда по суперпобеда

Јувентус е фаворит против Милан во Џеда, во меч од Суперкупот на Италија, Монако има императив да ја победи Ница, додека во реванш-мечевите во Копа дел Реј блиску до пласман во четврт-финалето се Атлетико, Севилја и Реал Мадрид.

 

Јувентус – Милан (18.30 часот)

Јувентус со апсолутната доминација во Италија во оваа декада си набилда уште подобар биланс со сите екипи, па и Милан не е исклучок и има шест порази во низа против шампионот.

На ред е меч во Суперкупот на Италија меѓу двете екипи, а ќе се игра на егзотично место, во Џеда, Саудиска Арабија. На стадинот „Кинг Абдулах“ фаворитот се знае, повторно тоа е Јувентус, екипа која има двојни круни во Италија во последните четири години.

Двете екипи имаат долга традиција на меѓусебни дуели, а Јуве има предност со 105 победи, наспроти 96 на Милан во сите натпреварувања. Вечерва ќе се игра 286-тиот меч на ривалите од Торино и Милано.

Кај Милан ќе недостасува Сусо, кој е под суспензија, а нема да играат ниту Билја, Калдара и Бонавентура, кои се повредени.

И кај Јувентус нема да игра еден од клучните играчи, Марио Манџукиќ, кој според формата веројатно е најдобриот фудбалер на „старата дама“ сезонава. Во аут се и Кансело, Барѕалји, Ругани и Бенатја, но Јувентус полесно ќе ги прегрми отсуствата бидејќи има поголем фонд на квалитетни играчи од Милан во моментов.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.80) Квота на денот

 

Монако – Ница (19 часот)

За Монако магично изгледаат последните пет сезони пред оваа, кога тимот редовно завршуваше во најдобрите три состави на табелата. Од 2013 година, кога клубот од Кнежевството се врати во елитниот ранг на натпревари во Франција, редовно беше меѓу трите најдобри екипи.

Сезонава ја почнаа катастрофално и се борат за опстанок, па Тјери Анри бара начин како да ја спаси екипата од пад во понизок ранг. Доаѓањето на Сеск Фабрегас, кој имаше деби против Марсеј, донесе свежина и квалитет во средниот ред, па Монако може да се надева на подобри игри и на бегство од долниот дел на табелата.

Ница игра многу подобро и е само 4 бода зад екипите кои се надеваат на излез во Европа, но тешко победува како гостин во Монако.

Предлог тип: 1&ГГ (2.65) Квота на денот

 

Атлетико Мадрид – Жирона (19.30 часот)

Голот на Гриезман на првиот меч во Каталонија и ремито од 1-1 му носи предност на Атлетико на реваншот од осминафиналето во Копа дел Реј.

Атлетико е поквалитетна екипа, а сезонава и Жирона игра одличен фудбал, иако моментно е во лоша серија од пет меча без победа.

Вистински куриозитет на меѓусебните дуели на овие две екипи е дека во четирите досегашни средби играле само нерешено. Време е за прва победа на „јорганџиите“.

Предлог тип: 1&2-4 гола (2.15) 

 

Севилја – Атлетик Билбао (20.30 часот)

Двете екипи ќе го играат третиот меч меѓусебе во последните шест дена, а денеска ќе се одлучува за четврт-финалистот во шпанскиот куп. Севилја има огромна предност од првиот меч, кога славеше со 3-1, па на Атлетик ќе му треба чудо за подвиг. Игра многу подобро откако на клупата пристигна Гаиска Гаритано и има само еден пораз во 7 меча, токму од Севилја на „Сан Мамеш“.

Двете екипи имаат тешки мечеви во Ла Лига викендов, па можно е да се чуваат главните адути. Севилја ќе му биде гостин на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во сабота, а Атлетик ќе патува за Валенсија на мегдан со Вилјареал, кој е конкурент во битката за опстанок.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.80)

 

Леганес – Реал Мадрид (21.30)

Слично како и на реваншот меѓу Севилја и Атлетик, и овде двете екипи повеќе ќе мислат на следниот предизвик во Ла Лига отколку на денешниот реванш во Копа дел Реј. Реал победи на првиот меч со 3-0, па патникот во четврт-финалето веројатно е решен, ако не се случи сензација на векот.

Поверојатна варијанта е Леганес да се подготвува за жешкото гостување кај лидерот Барселона, во мечот закажан за в недела, на 20-ти јануари. Реал ја чека Севилја ден претходно, во дербито на 20-тата рунда во шпанското првенство, па јасно е дека мора да се чуваат силите во ситуација кога кралскиот клуб има огромна предност од 3-0 против градскиот ривал од Мадрид.

Предлог тип: Х2&0-3 гола (2.85)