21.8 C
Skopje
вторник, 16 септември 2025
Дома Blog Страница 9446

Кевин Андерсон елиминиран во Мелбурн од сензационалниот Тифо

Франсис Тифо во вистинско време на Гренд слем турнирот во Австралија ја прекина серијата од три порази против Кевин Андерсон и со победа од 4:6, 6:4, 6:4, 7:5 за првпат се проби во второто коло во Мелбурн.

„Како да го освоив светот. Ова е најголемата победа во мојата кариера, но со ваква поддршка лесно се игра. Ви благодарам“, ѝ се обрати на публиката 20-годишниот Американец.

Тој е 39-ти на АТП-листата, а го исфрли од игра петтиот носител. Од турнирот се прости и Гаел Монфис, а успешен настап имаа шесткратниот шампион и лански победник во Мелбурн, Роџер Федерер, потоа и шестиот носител Марин Чилиќ, Циципас, Бердих, Вердаско..

Кај дамите немаше изненадувања, а понатаму од фаворитките одат Каролина Возњацки и Арина Сабаленка.

 

Аланија од денеска е зимската база на Вардар

Вардар од денеска ќе се подготвува во Аланија, а „црвено-црните“ си закажаа четири тест-натпревари кои ќе ги почнат на 19-ти јануари. Предвидено е да има уште три контролни дуели, а имињата на противниците ќе се знаат деновиве.

Во главниот дел од подготовките, Вардар ќе игра со Иртиш од Казахстан на 19-ти јануари, потоа следува меч против Сумгаит од Азербејџан на 22-ри јануари, следниот тест е четири дена подоцна, но против кого ќе се знае при пристигнувањето во Аланија.

На 28-ми јануари на ред е пријателски дуел со Александрија од Украина, за 30-ти јануари се бара ривал, а сигурно е дека ќе се игра со Ботев на втори февруари и следниот ден со уште еден противник, кој ќе биде дополнително познат.

Враќањето е на четврти февруари, а пролетниот дел од шампионатот за Вардар почнува со големото дерби во Тетово, против лидерот Шкендија на 17-ти февруари.

Голден стејт постави нов НБА-рекорд, Филаделфија дадe најмногу поени во послeдните 29 години

Актуелниот шампион на НБА, Голден стејт, уште еднаш покажа дека нападот е најсилното оружје на „воините“. На гостувањето кај Денвер, Голден стејт победи со 142:111, во меч кој ќе биде запишан во историјата на НБА-лигата. Гостите успеаја во првата четвртина да постигнат 51 поен. Никогаш претходно во НБА, ниту еден тим не успеал да даде 51 поен во првите 12 минути од средбата.

Претходниот рекорд за најмногу постигнати поени во првата четвртина беше 50, а го држеа дури пет екипи. Последен пат 50 поени во воведните 12 минути биле постигнати од страна на Феникс во ноември 1990 година. Голден стејт имаше шут од поле со прецизност од 60 отсто во првата четвртина, кога постигнаа и 10 тројки. На крајот на мечот имаа погодено 21 тројка од 39 удари. Кари имаше 8 од 13, а Томпсон 5 погодени од 8 удари.

Кога се работи за постигнати поени, свое шоу имаа и грачите на Филаделфија. На свој терен „76-ките“ ја победија Минесота со 149:107, во меч на кој постигнаа најмногу поени во последниве 29 години. Од 1990 година, ниту еден состав на Филаделфија не успеал да даде 149 поени на еден меч.

Резултати: Индијана – Феникс 131:97, Филаделфија – Минесота 149:107, Атланта – Оклахома 142:126, Милвоки – Мајами 124:86, Денвер – Голден стејт 111:142, ЛА Лејкерс – Чикаго 107:100.

Мина им обезбеди на „лилјаците“ четврт-финале во Кралскиот куп

Валенсија е вториот тим кој обезбеди учество во четврт-финалето на Кралскиот куп откако со 3-0 го совлада второлигашот Спортинг Хихон. На „лилјаците“ им беа доволни два гола за пласман во следната фаза, откако во првиот дуел претрпеа пораз со 2-1.

Санти Мина беше човекот кој ја донесе одлуката на „Месталја“. Шпанскиот голгетер влезе од клупа на стартот од второто полувреме, па во период од 10 минути (66-тата и 76-тата минута) на двапати ја тресеше мрежата на гостите. Во моменти кога победникот веќе беше познат, младиот Феран Торес се запиша во листата на стрелците за триумфот да биде поубедлив.

Пред Валенсија, Хетафе се пласираше во четврт-финалето откако против Валјадолид на гости издвои реми од 1-1, а минималната победа на домашен терен во првиот дуел се покажа како доволна за пласман.

УЕФА го одреди датумот за финалето во Лигата на шампиони за следната сезона

УЕФА го одреди датумот за финалето од Лигата на шампионите во сезоната 2019/20. Битката за престижниот трофеј ќе се одржи на 30-ти мај 2020 година. Спектаклот во Истанбул на стадионот „Кемал Ататурк“ ќе се игра за првпат по 2005 година, во она славно финале во кое Ливерпул се врати од три гола негатива против Милан и на пенали ја освои петтата и последна европска титула.

Првите полуфинални средби ќе се играат на 28-ми, односно 29-ти април, додека реваншите се предвидени за петти, односно шести мај. Истанбул и годинава ќе биде домаќин на собир на УЕФА – на 14-ти август на „Водафон арената“ ќе се игра Суперкупот на Европа.

Финалето во ЛШ  оваа сезона ќе се игра на први јуни во Мадрид, во модерниот „дом“ на Атлетико Мадрид, „Ванда Метрополитано“.

Колку едноставно: Земи ја топката, претрчај го цел терен и дај гол (видео)

Бордо го совлада Анже со 2-1 во рамките од презакажаниот меч во 17-тото коло од Лига 1. „Жирондинците“ до шестата победа оваа сезона стигнаа откако младиот Јан Карамо одлучи сам да го реши мечот.

Во втората минута од судиското надополнување, фудбалерот кој е позајмен од Интер ја зеде топката од својата половина и сам го претрча речиси целиот терен, а потоа без многу размислување ја смести топката во мрежата на домаќините.

Голот на Карамо можете да го погледнете на 3:33 минути во следното видео:

https://www.dailymotion.com/video/x70pj37

Борба во вистинска смисла – Н‘гесан во последна секунда издвои реми за светскиот првак

Дербито во рамките на четвртото коло во групата А помеѓу Франција и Германија заврши без победник, 25-25. Во  преполната „Мерцедес-Бенц арена“ се водеше вистинска битка, во која на крајот домаќинот и светскиот првак ги поделија бодовите. Франција со седум бода е сигурен учесник во следната фаза, домаќинот има еден бод помалку по овој меч.

Битката започна од првата секунда, дури пет минути им беа потребни на двете екипи да постигнат по еден гол, Германија најави иницијатива, па така по паузата, заслужено имаа предност од два гола (12:10). „Триколорите“ подобро го отворија второто полувреме, трудот се исплатеше бидејќи во еден момент резултатот беше во нивна корист. Сепак, домаќинот одново ја презеде контролота до самата завршница.

И кога се мислеше дека е готово, Франција доби шанса да израмни во последниот напад, а откако на три секунди до крајот беше досудено 9 метри за „триколорите“, Н‘гесан успеа да ја затресе мрежата за конечни 25-25.

Во последниот меч од денешната програма, Данска лесно ја совлада Австрија со 28-17 за четврта победа од исто толку натпревари и заедно со Норвешка од групата Ц ќе играат во втората рунда од шампионатот.

Гатузо: Храбро против Јувентус

Милан мора да покаже храброст против Јувентус доколку сака да го освои пехарот во Суперкупот на Италија, смета тренерот на „росонерите“, Џенаро Гатузо. Јуве и Милан утре во Џеда ќе ги одмерат силите во борбата за првиот трофеј во 2019 година.

Двете најтрофејни екипи (по седум) во оваа конкуренција последен пат во меч од овој тип се сретнаа во 2016 година, кога Милан по пенал-рулетот ја доби битката против „старата дама“.

„Се соочуваме со екипа која доминирива во Италија изминативе неколку години, но тоа не значи дека ние треба да се откажеме веднаш од трофејот. Ова е добро искуство за нас, така што очекувам да одиграме храбро, подготвени сме за тешка борба“, вели Гатузо.

Дуелот ќе се игра на стадионот „Крал Абдула“, во терминот од 18:30 часот.

Рајан Бабел се врати во Премиер лигата, потпиша за Фулам

Рајан Бабел по седум и пол години, повторно ќе игра во Премиер лигата. Искусниот Холанѓанец потпиша за Фулам, каде што до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч од Бешикташ, а екипата која ја предводи Клаудио Раниери исплати два милиони евра за неговите услуги.

Бешикташ мораше да се ослободи од Бабел и неговата сезонска плата која изнесува три милиони евра, која до крајот на шампионатот ќе ја исплаќа Фулам. Турскиот првак е во финансиски проблеми и не може да ги покрие трошоците, поради тие причини пред извесно време и Пепе спогодбено ја раскина соработката со турскиот гигант.

„Дефинитивно верувам во опстанок и сметам дека Фулам може да ја оствари таа цел. Токму затоа и дојдов тука, го прифатив предизвикот да ѝ помогнам на оваа екипа да остане во елитата“, истакна Бабел во првото интервју за новиот клуб.

Бабел во периодот од 2007 година до 2011 година го носеше дресот на Ливерпул, за „црвените“ настапи вкупно на 146 натпревари, на кои постигна 22 гола и 18 асистенции.

Триесет и двегодишниот офанзивец ќе може да дебитира за Фулам веќе во недела, кога на домашен терен ќе го пречекаат Тотенхем во рамките од 23-тото коло во Премиер лигата.

И Атлетико го сака Мората на позајмица

Атлетико Мадрид ќе се обиде да го ангажира Алваро Мората од Челзи како позајмен играч до крајот на сезоната. Диего Симеоне нема многу опции за нападот, Диего Коста цело време се мачи со повреди, ниту неговата форма не блеска, па „јорганџиите“ одлучија да бараат партнер за Гриезман во последната линија.

За шпанскиот фудбалер на „сините“, исто така, се интересираат и Севилја и Барселона, но клубот од Лондон посакува во целост да се ослободи од Мората. Кај Маурицио Сари комплетно ја загуби довербата, а италијанскиот стратег веќе извесно време се обидува да го доведе Гонзало Игуаин.

Челзи го доведе Мората во летото 2017 година од редовите на Реал Мадрид за сума од 60 милиони фунти.