31.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025
Дома Blog Страница 9457

Питсбург губеше со 3-0, а потоа „патките“ го налутија Гентзел

Пистбург пингвинс славеше на гостувањето кај Анахејм дакс со висони 7-4. Пингвините ја остварија 25-тата победа со пресврт, откако по воведните 20 минути се најдоа во негатива од три гола.

Сепак, за помалку од 12 минути во втората третина, Пистбург успеа да се врати резултатски, пред Силфверберг да им донесе нова предност на „патките“. Но, до сензационалната победа „пингвините“ дојдоа откако во решавачкиот период го погодија голот на домаќинит ево четири наврати, а Џејк Гентзел го запиша хет-трикот со последниот гол на средбата.

 

Калгари флејс се зацврсти на врвот во Западната конференција, откако ноќеска со победа од 4-3 над „пантерите“ од Флорида го запишаа четвртиот последователен триумф, вкупно 29-ти сезонава.

Домаќините на стартот од втората третина беа во негатива од два гола, но тоа за нив не беше проблем бидејќи брзо го свртеа резултатот во своја корист, а Даданов доцна го постигна третиот гол за Флорида, па поразот беше неизбежен.

Резултати НХЛ:

Анахејм дакс – Питсбург пингвинс 4-7

Калгари флејмс – Флорида пантерс 4-3

Винипег џетс – Детроит ред вингс 4-2

Каролина хурикејнс – Бафало сејберс 4-3

Што му недостасува на Харден да биде како Брајант?

Нова вечер, нов натпревар за Џејмс Харден во кој брилјираше во дресот Хјустон. „Ракетите“ го растурија Кливленд со 141:113, а „Брадата“ заврши со троен учинок од 43 поени, 12 асистенции и 10 скока, веќе негов шести оваа сезона.

Харден по овој меч се издвои од останатите актуелни и поранешни ѕвезди во НБА лигата. Стана првиот кошаркар во историјата кој успеал да забележи троен учинок за помалку од 30 минути и при тоа погодил 40 или повеќе поени. Токму така, Харден постина 40 поени пред почетокот на решавачката четвртина, додека во последните 15 меча одржува просек од 40.5 поени по натпревар, учинок кој претходно го остварил само Коби Брајант.

Но, што му недостасува да биде како легендарниот „езерџија“? Шампионски прстен, поточно пет шампионски прстени. Харден игра за него, победува за Хјустон, но му недостасува најпосакуваниот кошаркарски „накит“, за да биде на рамниште со Брајант.

Со вакви настапи, прашање е на време кога ќе ја донесе титулата во Тексас.

Харден не знае за доста, Дончиќ не се плаши од планински волци (видео)

Хјустон рокитс лесно го совлада тимот на Кливленд кавалирс со 141:113 за вкупно 24-та победа сезонава. Како по обичај, Џејмс Харден ги предводеше „ракетите“, ноќеска го оствари шестиот трипл-дабл оваа сезона, а стана првиот играч во историјата кој успеал да забележи троен учинок за три четвртини и при тоа постигнал најмалку 40 поени.

„Брадата“ ја заврши средбата со 43 поени, 12 асистенции и 10 скока, додека реализираше осум тројки од 16 обиди. Разликата во поени е огромна во однос на вториот најефикасен играч на средбата, Клинт Капела забележа 19 поени, додека кај Кливленд најрасположен беше Анте Жижиќ со 18 поени.

 

Нова извонсредна партија на Лука Дончиќ, Словенецот ги постигна одлучувачките поени за Далас во победата над Минесота тимбервулвс со 119:115. Во последната минута Дончиќ со забивање донесе минимална предност за Далас, а потоа во следниот напад погоди тројка за 117:115 на 22 секунди до крајот, поени кои се покажаа како клучни за 20-тата победа на франшизата од Тексас.

Дончиќ мечот го заврши со двоен учинок од 29 поени и 12 асистенции, Барнс исто така придонесе за триумфот со 23 поени, додека од редовите на Минесота најефикасен беше Карл Ентони Таунс со 30 поени и 11 скока.

https://www.youtube.com/watch?v=dyrTmeohJo4

 

Шампионот Голден стејт вориос немаше проблеми против Чикаго булс совладувајќи ги со 146:109. Кари и Томпсон потсетија зошто ги викаат „Сплеш браќа“, комбинираа 12 тројки и беа најзаслужни за третата последователна победа на „воините“.

Томпсон реализираше 30 поени, Кари постигна два помалку, додека Дурант постигна за него скромни 22 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=aSDbtBcOYRY

 

Резултати НБА:

Хјустон рокитс – Кливленд кавалирс 141:113

Минесота тимбервулвс – Далас маверикс 115:119

Голден стејт вориорс – Чикаго булс 146:109

Филаделфија севентисиксерс – Атланта хокс 121:123

Вашингтон визардс – Милвоки бакс 113:106

Њујорк никс – Индијана пејсерс 106:121

Торонто репторс – Бруклин нетс 122:105

Портланд трејлблејзерс – Шарлот хорнетс 127:96

Јута џез – ЛА лејкерс 113:95

 

Димитриевски е таличен за Рајо Валјекано

Столе Димитриевски прими два гола вечерва против Селта, за малку повторно ќе одбранеше пенал, а неговиот соиграчи и дадоа дупла доза голови на екипата од Виго.

Рајо Валјекано победи со 4:2 и има серија од три триумфи, со што е чекор поблиску да побегне од зоната од која се испаѓа во популарната Сегунда во Шпанија.

Димитриевски повторно бранеше одлично, а во 18. минута за влакно не му го одбрани пеналот на Гомез. Нашиот репрезентативец ја погоди страната на која беше упатен ударот, но немаше среќа две кола по ред да има одбранет пенал. Неговиот тим приреди подвиг и од негатива од 1:2 со три гола стаса до победа од 4:2.

Рајо сега има 16 бодови само три помалку од екипите кои се надвор од опасната зона.

Алиоски ужива на врвот со Лидс

Езџан Алиоски ужива на врвот на табелата со Лидс, а вечерва имаше значаен придонес во победата против Дерби во дербито на 27. коло во Чемпионшип.

Македонскиот репрезентативец со асистенција до Џек Харисон во 47. минута ја потврди одличната партија на „Еланд Роуд“, а неговиот соиграч со погодок само стави печат на значајната победа на лидерот. Претходно Руфи во 20. минута му донесе предност на Лидс од 1:0.

По 27 одиграни натпревари тимот од Јоркшир е цврсти на врвот на табелата со 54 бодови и е најсериозен кандидат за промоција во Премиерлигата. Алиоски е важна алка во успесите на Лидс и има постигнато 4 голови, комбинирани со 4 асистенции.

Бахреин е рутина за Шпанија, светскиот првак се мачеше со Бразил

Шпанија го декласира Бахреин со 33:23 во последниот меч од првото коло во нашата група и потврди дека е еден од фаворитите за медал, па и за титулата на ракометниот Мундијал.

Избраниците на Рибера рутински ја завршија задачата, а Бахреин не им беше дораснат противник. Шпанците рамномерно ги распределија силите и ги добија двете полувремиња со по пет голови разлика, за десетка на крајот.

Соле беше најефикасен кај победникот со 7 голови, Алекс Душебаев даде пет, а Гвардиола четири. Ал Сајад и Хабиб беа најистакнати кај Бахреин со по седум погодоци, а токму оваа селекција ќе н и биде противник, задутре во меч од второто коло во Б групата.

Сензација на стартот од натпреварите по групи избегна актуелниот светски првак Франција со тешка победа против Бразил. Триколорите се мачеа, но ги освоија бодовите со триумф од 24:22.

Потешко од очекувањата Мундијалот го почна и Шведска со победа од 27:24 против Египет. Норвешка одигра ефикасно и ефектно против Тунис и го декласира првиот ривал во Ц групата со 34:24.

Наполи рутински одбива баснословни понуди

Наполи ја одби понудата од Пари Сен Жермен за Алан, одличниот играч од средината на теренот, а засега Аурелио де Лаурентис одбива примамливи понуди за неговите фудбалери.

Наполитанците истакнаа цена за Алан и таа е огромна, изнесува 100 милиони евра, па ПСЖ веројатно ќе се повлече. Во фокусот уште е одличниот дефанзивец Кулибали, за кого се нудат и стомилионски цифри, но се уште е член на клубот од Неапол.

Наполи има генерација одлични играчи, а покрај Кулибали и Алан интерес има и за Мертенс, Инсиње, Руи и уште неколку одлични фудбалери, кои засега со одбивање на понудите во клубот ги задржува претседателот на Наполи, Де Лаурентис.

Норис Кол има мирна рака, Будуќност ја прекина серијата од 6 порази

Норис Кол имаше многу нерви и мирна рака во финишот на дуелот на последнопласираните екипи во Евролигата и му донесе победа на Будуќност против Дарушафака со 75:74.

Американецот погоди за два поени на три секунди до крајот на мечот и Будуќност ја прекина црната серија од шест порази во Евролигата.

Ова е и прв триумф за црногорскиот првак во елитното натпреварување, откако Јасмин Репеша го смени порашениот македонски селектор Александар Џикиќ на кормилото на Будуќност.

Кол постигна 17 поени и најважните два за победа, а еден поен повеќе од него уфрли Едвин Џексон.  Кај фенерџијата Дарушафака се истакна Туни Даглас со 14 поени. Турскиот тим има само две победи, а Будуќност сега е со двојно повеќе триумфи на претпоследното место.

Фабрегас ќе биде кнез, потпиша 3,5-годишен договор со Монако

Тјери Анри може да здивне по денешната потврда за трансфер на Сеск Фабрегас во Монако. Шпанецот потпиша 3,5-годишен договор со клубот од Кнежевството и ќе биде сериозно засилување во обидот за опстанок на клубот во првата француска лига.

Монако е претпоследен на табелата во француското првенство со само 13 бода и само пред фенерџијата Гингамп.

https://twitter.com/AS_Monaco/status/1083781875200638977

Гордоста на Израел маршираше победнички низ Москва

Гордоста на Израел, Макаби Тел Авив приреди сензација со триумф во Москва против апсолутниот фаворит ЦСКА, а разликата е огромни 17 разлика.

Макаби славеше со 93:76, а одиграа неверојатно добро во последниот период од мечот. Го добија со 29:14 и заслужено славеа, а бодовите им се мошне важни во обидот да се пробијат во Топ-8 во Евролигата.

Јовел Зосман беше изненадувањето за ЦСКА, а кошаркарот на Макаби постигна 15 поени и немаше ниту едно промашување од шестте обиди од поле, а погоди и едно слободно фрлање. Одличен беше и Џони О`Брајант со 14 поени.

Кај ЦСКА дуото Нандо де Коло и Вил Клибурн постигнаа по 16 поени, но уште само Отело Хантер имаше двоцифрен учинок со 12 поени. Сите останати кошаркари на домаќинот останаа под границата од 10 поени.

ЦСКА остана на третото место на табелата, а Макаби стаса на една победа до влез во Топ-8, што им дава шанса на Израелците да се надеваат на пласман во завршницата.