23.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025
Дома Blog Страница 9458

Тензии во таборот на Бостон: Морис и Браун ќе се степаа на тајмаут (видео)

Бостон селтикс ноќеска го претрпе 16-тиот пораз сезонава откако загуби на гостувањето во Флорида против Мајами хит со 115:99. Нервозата кај играчите на Бостон се почувствува и се виде на клупата, па за време на еден тајмаут соиграчите мораа да ги разделат Маркус Морис и Џејлен Браун.

Морис очигледно му замери нешто на својот соиграч, па одлучи да му посочи каде згрешил, а овој очигледно не ги задржал коментарите за себе, по што настанаа тензии на клупата на најтрофејниот клуб во НБА.

Каков Меси, каков Суарез…Столе Димитриевски е најдобар играч во Примера за 18.коло

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски е прогласен за најкорисен играч во шпанската Примера дивисион за 18. коло. МВП признанието Димитриевски го заслужи благодарение на блескавите одбрани што ги имаше на голот на Рајо Вајекано на гостувањето кај Валјадолид, во победата од 1:0.

Димитриевски беше нерешлива енигма за домашните фудбалери, а кулминација беше одбранетиот пенал во последната минута од мечот. На крајот, Столе имаше шест одбрани на овој меч, а на официјалната фејсбук страна на Примера дивисион, само е потврдено дека Димитиревски е МВП за 18. коло.

Откако доби шанса да брани за мадридскиот тим, Македонецот има по 4,3 одбрани на меч и е еден од најдобрите во Примера. Со Димитриевски на голот, Рајо Вајекано победи на три од последните пет меча и сега има реални шанси да се надева на опстанок во Примера.

Димитриевски вечерва ќе има нов предизвик. Рајо на свој терен игра против Селта Виго и со евентуални нови три бода, тимот ќе излезе од зоната за испаѓање.

 

Го нема Мохамед Салах во тимот на годината на УЕФА

Мохамед Салах го нема во тимот на годината на УЕФА, кој го бираа навивачите. Иако ѕвездата од Египет е најзаслужна што Ливерпул дојде до финалето на Лигата на шампионите, фановите му дадоа предност на Килијан Мбапе кој со ПСЖ испадна во осминафиналето, но освои Светско првенство кое е под капата на ФИФА.

Во гласањето учествуваа 168.543 луѓе, добиени се вкупно 1.853.973 гласови. Најмногу гласови доби Лука Модриќ (115.440), а од овие 11-мина најмалку има голманот Тер Штеген (51.307).

Идеалниот тим на годината според навивачите кои гласаа на сајтот на УЕФА изгледа вака: Марк Андре Тер Штеген, Серхио Рамос, Вирџил Ван Дајк, Рафаел Варан, Марсело, Нголо Канте, Лука Модриќ, Еден Азар, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Кристијано Роналдо.

Македонските навивачи убедени дека Јапонија ќе биде совладана

Македонија сигурно ќе ја совлада Јапонија, веруваат најголем дел од учесниците на анкетата на Фејсбук страницата на Спорт Манија.

Досега гласаа повеќе од 600 навивачи и речиси сите прогнозираат победа на Македонија. Некои сметаат дека ќе биде убедливо, некои со помала разлика, но огромен е процентот на тие што прогнозираат победа на избраниците на Раул Гонзалес. Многу е мал е бројот на тие што сметаат дека ќе биде нерешено, а минимален е бројот на песимистите кои сметаат дека Јапонците ќе приредат изненадување.

Гласањето уште трае, но заклучокот е дека македонските љубители на ракометот се оптимистички настроени пред пресметката со ракометарите од земјата на изгрејсонцето.

Најбрзите десеттемина кои ќе го погодат точниот резултат, ќе добијат ваучер од 200 денари од Sport Life.

Матиќ и Нуркиќ со урнебесни коментари за клипот на Ибрахимовиќ (Видео)

Клипот на кој се гледа како шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ во соблекувална слуша песна од Халид Бешлиќ, во која се пее за љубов кон белграѓанка и „враќање кај мајката во Босна“, предизвика големо внимание и илјадници коментари на „Инстаграм“.

Ибра покажува дека го почитува Халид и не само што ја слуша, туку повремено и си ги потпевнува стиховите од оваа позната песна, па тоа дополнително ги воодушеви неговите фанови од екс југословенските простори.

Српскиот репрезентативец Немања Матиќ, кој е поранешен соиграч на Ибра од Манчестер јунајтед, со еден збор го прокоментира клипот и однесувањето на колегата.

„Селанец!“, му порача Матиќ на Златан.

Најдобриот босански кошаркар Јусуф Нуркиќ беше воодушевен.

„Кај си бе Босанецу. Беше време. Халид ќе биде горд“, напиша центарот на Портланд трејблејзерс.

Потсетување на снимката:

Супер понуда за типување на мечот Јапонија – Македонија

За комплетно уживање додека го гледате натпреварот Јапонија – Македонија од Светското првенство во ракомет, се погрижија и обложувалниците на Sport Life со специјална дневна понуда на игри.

Македонија е фаворит според квотите, а можете да се обложите и колку голови ќе постигнат Кирил Лазаров, Дејан Манасков, Филип Талески, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов и Филип Кузмановски.

Широката лепеза што ќе ја има секојдневно во Sport Life ќе биде вистински предизвик за обложувачите, а во понудата има и нови игри. Можете да се обложувате на веќе познатите игри, како што се: прв и последен дава гол, прво и последно исклучување, прв и последен седмерец, но и на индивидуален тотал на голови на ракометарите.

Новитети се игрите во кои ќе може да се типува на вкупен број седмерци и исклучувања на мечевите, индивидуално на екипите кои играат меѓу себе, како и кој состав прв ќе стигне до 3, 5 и 10 голови.

Секако, тука се и стандардните игри со конечен тип, со хендикепи, полувреме-крај, вкупно голови, во кое полувреме ќе паднат повеќе голови, дали двата тима ќе дадат по 25 гола, итн. Сè на сè, вистинска мундијалска понуда во Sport Life.

Лил ќе го одбрани второто место

Денешната понуда на SPORT LIFE е пребогата со спортски настани, можете да се обложите и на ракометното СП или на кошаркарската Евролига, но ние ви даваме пет предлози од фудбалската понуда. Тука, стандардно, се примамливите квоти на денот. Ви нудиме пет мини-анализи како помош при прогнозирањето.

 

Каен – Лил (19.00 часот)

Каен има тројца повредени играчи, но полека како да излегува од кризата, па по 10 меча без победа, сега има низа од четири меча без пораз. Последните пет меча на овие два тима во Каен завршиле со минимални победи на Лил, а во нивните последни четири пресметки било со 0-2 гола.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.30)

 

Санта Клара – Бенфика (20.00 часот)

Санта Клара минува низ тежок период, особено има проблеми кога игра на свој терен, каде што нема победа на пет меча. На секој од последните пет меча дома, примаа барем по два гола. Бенфика е опасен гостин, а има и одличен скор (само еднаш било нерешено, сите други мечеви ги доби тимот од Лисабон) во меѓусебните дуели со Санта Клара.

Предлог тип: Т2 1+I & T2 2+ (2.05)

 

Лион – Ремс (20.45 часот)

Лион му е зад петици на вториот Лил (со победа ќе го помине), а тимот кој играше во Лигата на шампионите има импресивен биланс на домашен терен. Лион дома има четири победи на последните пет пресметки со Ремс. Ремс има само една победа на последните осум гостувања. Тоа е тим кој често игра нерешено, но овојпат нема што да бара на стадионот „Жерлан“.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.70)

 

Рајо Валјекано – Селта (21.00 часот)

Победите над Леванте и Валјадолид го кренаа моралот на Рајо, а една од причините за успесите е и формата на голманот Димитриевски. Селта не е опасна како во претходните сезони, нема да игра Аспас и ова е шанса за Рајо да го напушти дното на табелата. Традицијата укажува дека факторот домашен терен е многу важен кога играат овие два тима.

Предлог тип: 1 (2.60)

 

Лидс – Дерби (20.45 часот)

Тимот на Алиоски има три порази по ред, од кои два во Шампионат лигата и еден во ФА купот, но и понатаму е лидер на табелата. Претходно имаа седум триумфи по ред. Лидс од 27-ми октомври нема одиграно нерешено. Дерби е на шестата позиција и во последните пет меча никако да ја зачува својата мрежа.

Предлог тип: 1& 3+ (2.75)

Милер ќе ги пропушти двата меча против Ливерпул поради „кунг-фу“ ударот

Томас Милер, офанзивецот на Баерн Минхен, ќе ги пропушти двата осминафинални дуели против Ливерпул во Лигата на шампионите поради црвениот картон кој го заработи во шестото коло од групната фаза против Ајакс. УЕФА дури денес, односно еден месец по инцидентот, ја изрече казната за Германецот, кој направи немилосрден фаул врз бекот на Ајакс, Николас Талјафико.

Баерн има право да поднесе жалба за казната, но тешко дека Европската фудбалска куќа ќе ја прифати жалбата знаејќи дека Милер сосема оправдано го заработи црвениот картон. Директно исклучување значи суспензија од два меча, а Милер не заслужи помилување по „кунг-фу“ ударот врз противникот, кој подоцна си доби и неколку конци на главата.

Првата средба ќе се игра на „Енфлид“, која е закажана на 19-ти февруари (21 часот), додека реваншот на „Алијанц арената“ е предвиден за 13-ти март во истиот термин.

Десетката му се насмевнува на Лион

Викенд-тикет со доминација на домашните екипи и голови на градското дерби меѓу Вест хем и Арсенал е прогнозата на Панче Ќумбев во редовното викенд-издание на поранешниот наш репрезентативец на страниците на Спорт Манија.

Првиот човек на Независниот синдикат на македонските фудбалери типува победи на Лион, Кардиф, Валенсија и Вилјареал и меч со најмалку три гола, со погодоци во двете мрежи на дербито во Лондон.

 

Лион – Ремс (петок, 20.45 часот)

Верувам во триумф на домаќинот, и тоа најмалку со два гола во мрежата на гостинот. Лион мора да брка победа за да остане во чекор за првите три места на табелата. И традицијата е на страната на фаворитот, па Лион има само еден пораз на домашен терен од Ремс, во 2013 година со 0-1.

Очекувам со десеттата победа во првенството Лион да остане на позициите кои водат во Лигата на шампионите.

Предлог тип: 1&Т1 (1.82)

 

Вест хем – Арсенал (сабота, 13.30 часот)   

Лондонско дерби на два тима со нестабилна форма. Колку и да беа големи амбициите на Арсенал пред почетокот на првенството, реалноста е дека ќе води тешка битка за освојување на четвртото место во Премиер лигата.

Од друга страна, „чеканите“играат топло-ладно и се многу тешки за типување. Затоа ќе се одлучам за голови на двете страни, и тоа најмалку со три на натпреварот.

Предлог тип: ГГ3+ (1.71)

 

Кардиф – Хадерсфилд (сабота, 16 часот)

Очекувам победа на домаќинот затоа што гостинот е очаен сезонава, особено кога гостува. Хадерсфилд ќе биде и ослабен бидејќи нема да играат двајца стандардни играчи, Арон Мој и Кристофер Шиндлер. Кардиф според мене е поквалитетен тим и очекувам да освои значајни три бода во борбата за опстанок.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

Валенсија – Валјадолид (сабота, 16.15 часот) 

Добрата домашна серија на Валенсија очекувам да продолжи и на овој натпревар. На последните седум меѓусебни натпревари  Валјадолид нема победа против Валенсија, што е знак дека тешко игра против овој тим. Проблем за домаќините е што не игра Кондогбија, а и тренерот Марселино е под притисок по поразот од Спортинг Хихон во купот, но очекувам тоа да биде мотив плус за играчите да одиграат добро и да ги освојат бодовите.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

Вилјареал – Хетафе (сабота, 20.45 часот)

Вилјареал едноставно мора да победи на овој натпревар. Во прилог им оди и традицијата на домашен терен против Хетафе. Мислам дека квалитетниот состав на Вилјареал не заслужува борба за опстанок, затоа победа на овој натпревар би значело и одлепување од дното.

Предлог тип: 1 (2.20)

 

 

Дури 10 меча на Мундијалот, добра шанса за освојување мобилен телефон од Sport Life

Дури 10 мечеви има денеска на програмата на Светското ракометно првенство. Домаќините на Мундијалот, Германија и Данска синоќа забележаа убедливи победи против Кореја и Чиле. Од денешните натпревари, најинтересно се очекува да биде на дуелите Србија – Русија и Исланд – Хрватска.

Русија ја има улогата фаворит, но интересно е тоа што Србија има подобар биланс во меѓусебните дуели. На последните девет меча на овие две селекции, Србија има пет победи, додека Русија се радувала четири пати.

Возбудливо би требало да биде и на Исланд – Хрватска, во меч кој е од групата во која е и Македонија. „Коцкестите“ ја имаат улогата фаворити, а тоа го покажува и билансот во меѓусебните средби. Хрватска има шест победи и едно реми, додека Исланд не се израдувал на последните седум меѓусебни средби.

Во Sport Life обложувалниците имате одлична можност со тикет уплатен на мечевите од Светското првенство да станете сопственик на еден од петте мобилни телефони „MI 8 LITE“. За тоа како може да освоите мобилен телефон, повеќе може да прочитате ТУКА.

Разгледајте ја ракометната понуда во Sport Life и одберете ги вистинските типови.